Рајанци (Струмичко)
Рајанци или Раенци — историско село на територијата на Општина Василево, Струмичко, денес во јужниот дел на атарот на Нивичино.
Рајанци | |
Координати 41°34′7.7″N 22°39′10.31″E / 41.568806° СГШ; 22.6528639° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Василево |
Област | Готен |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Географија
уредиСелото се наоѓало во јужното подножје на Готен, на десниот брег на Нивичанска Река, денес езерото Турија.[2]
Историја
уредиНа крајот од XIX век Рајанци било македонско село во Струмичката каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Бајанци (Bayantzi) се води како село со 30 домаќинства, сочинети од 105 Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Раенци има 160 жители, сите Македонци христијани.[3][5]
На почетокот на XX век целото население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Рајанци (Rayantzi) имало 96 Македонци под егзархијата.[3][6]
На почетокот на Првата балканска војна во 1912 г. две лица од Рајанци биле доброволци в Македонско-одринскиот полк.[7]
Во 1913 г. речиси сето население на селото се иселило во Царството Бугарија, со исклучок на три семејства.[8]
Личности
уреди- Родени во Рајанци
- Ѓорѓи Донев (ок. 1881 – ?) — борец во Македонско-одринскиот полк, чета на Дончо Златков, ранет кај Кресна[9][8]
- Ѓорѓи Иванов — борец во Македонско-одринскиот полк, чета на Михаил Думбалаков, носител на орден „За храброст“ IV степен[10]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 188–189. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 161. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 106–107.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 873. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ 8,0 8,1 Галев, Димитар (1991). Белиот терор во Југоисточна Македонија. I. Штип: Друштво за наука и уметност. стр. 186.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 246. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 279. ISBN 954-9800-52-0.