Ратко Трајкоски

(Пренасочено од Ратко Трајаноски)

Ратко Стојанов Трајкоски ( 1927 во Малкоец, Кичевско1945 во Чазма, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Ратко Трајкоски
Роден 1927 година
Малкоец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал мај, 1945 година
на потегот Влаиница - Чазма, Хрватска
Националност Македонец
Спомен обележје за паднатите борци и цивилни жртви во и од Малкоец, меѓу кои е ѝ името на Ратко Трајкоски.

Животопис

уреди

Потекнувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Уште во текот на 1943 година бил опфатен од народно ослободителното движење како напреден младинец и активно се вклучил во воспитните групи, а во летото 1944 година заминал партизан во Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на: Охрид, Струга, Кичево и Гостивар, а потоа со Петнаесеттиот македонски корпус заминал на Сремскиот фронт каде загинал при пробојот на фронтот кај селото Влаиница - Чазма во мај 1945 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 140.