Рамна (Гуменџиско)

село во Гуменџиско, Егејска Македонија

Рамна (грчки: Ομαλό, Омало; до 1926 г. Ράμνα[2]) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. До денес е населено исклучиво со Македонци.[3]

Рамна
Ομαλό
Поглед на селото
Поглед на селото
Рамна is located in Грција
Рамна
Рамна
Местоположба во областа
Рамна во рамките на Пајонија (општина)
Рамна
Местоположба на Рамна во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°54.34′N 22°23.53′E / 40.90567° СГШ; 22.39217° ИГД / 40.90567; 22.39217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаПајонија
Општ. единицаГуменџе
Надм. вис.&10000000000000500000000500 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно121
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа на 10 км југозападно од Гуменџе, на југоисточните падини на планината Пајак.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Рамна било чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Црквата „Рождество на пресв. Богородица“ е од средината на XIX век.[4]

На австроунгарската воена карта селото е означено како Рамна (Ramna),[5] а на картата на Кондојанис тоа се води исто како Рамна (Ράμνα), христијанско село. Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Рамна (Ράμνα) било село со 20 христијански семејства.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Рамна живееле 150 Македонци христијани.[7][8]

За време на Илинденското востание на 9 септември 1903 г. кај Рамна војводата Апостол Петков со својот одред од 63 четници се судрил во борба со 110 турски војници, каде загинале еден четник и един војник.[9]

По востанието во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[10] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Рамна (Ramna) имала 304 Македонци егзархисти.[7][11]

По податоци на Егзархијата во 1910 г. Рамна било чифлигарско село со 30 семејства сочинети од 175 жители Македонци и една црква.[7][12]

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Ράμνα) имало 118 егзархисти.[6][13]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) дека Рамна се состоела од 20 куќи на Македонци христијани.[14]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. Рамна била пропоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведена како населба со христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. селото (Ράμνα) се в оди со 167 лица (81 мажи и 86 жени).[6] Во 1920 г. 156 жители.[3]

Во 1924 г. под притисок на грчките власти две семејства се иселиле во Бугарија[3] и ликвидирани се нивните 3 имоти.[6] Во тој период во Рамна се доселени мал број грчки семејства. Во 1928 г. селото имало 145 жители[3] од кои 44 лица (15 семејства) биле грчки дојденци.[6][15] Малку подоцна дојденците го напуштиле селото, па така Рамна останало чисто македонско село.[3]

Во 1926 г. селото е преименувано во Омало.[6]

Селото настрадало во Граѓанската војна кога зимата 1947 г. властите го преселиле населението во полските села Ашиклар и Бозец. По војната дел од жителите се вратиле во Рамна, така што во 1951 г. селото веќе имало 144 лица.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 216 144 179 219 152 145 144 122
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Занемарен непознатиот параметар |уеб_адрес= (help); Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 65. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. . Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού http://debian.itbiz.gr/filokalia2/index.php?option=com_docman&task=doc_download&gid=53. Посетено на 24 јуни 2014. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Отсутно или празно |title= (help)[мртва врска]
  5. Generalkarte von Mitteleuropa 1:200.000 der Franzisco-Josephinischen Landesaufnahme (германски). Österreich-Ungarn. ab 1887-1914. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 14 јули 2019.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  9. „Дино Кьосев и Ламби Данаилов. „Илинденско-Преображенското въстание 1903—1968", Издателство на Националния съвет на Отечествения фронт, София, 1968 г., стр.143“. Архивирано од изворникот на 15 јули 2011. Посетено на 17 јуни 2009.
  10. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
  11. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 102–103.
  12. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
  13. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
  14. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 28.
  15. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012

Надворешни врски

уреди