Миранда Бејли
Миранда Бејли (англиски: Miranda Bailey) е измислен лик од телевизиската серија на ABC, Вовед во анатомија. Ликот го толкува глумицата Чандра Вилсон, која освои SAGA награда во 2007 за улогата. Чандра Вилсон исто така беше номинирана за споредна глумица за драмска серија во 2007 на доделувањето Еми награди за улогата.
Д-р Миранда Бејли Dr. Miranda Bailey | |
---|---|
лик од 'Вовед во анатомија' | |
Чандра Вилсон како д-р Миранда Бејли | |
Прво појавување | „A Hard Day's Night“ |
Создавач | Шонда Рајмс |
Толкува | Чандра Вилсон |
Информации | |
Прекар | „Нацист“, „Менди“. |
Пол | Женски |
Звање | Доктор по медицина |
Занимање | петгодишен резидент по општа хирургија во Сиетл Грејс |
Сопружник | Такер Џонс (сопруг) |
Деца | Вилијам Џорџ Бејли Џонс („Так“)[1] (син; со Такер) |
Заднина
уредиМиранда Бејли која дипломирала во Вилслеј Колеџот, е хируршки резидент кој е воедно и ментор на петте стажисти. Таа се омажува за Такер Џонс во 1995.
Краток преглед
уредиПред да се запознаеме со Миранда, Изи, Кристина, Мередит и Џорџ нејзините пет стажисти се во соблекувалната и дознаваат дека сите се сместени кај некој жена која има прекар „Наци“. Џорџ вели: „барем ќе бидеме мачени заедно“. Сите четворица и се приближуваат на Миранда а во меѓувреме Изи вели да се надеваат дека е добра и дека сето тоа со прекарот е лага или можеби тој прекар не значи ништо лошо. Но сите се залажуваат. Кога тие веќе ќе дојдат до неа таа ги погледнува остро и веднаш дава впечаток дека е има строг карактер. Изи почнува да и се умилкува но Миранда и вели дека веќе не ја сака и тоа нема никогаш да се смени. Почнува на сите да им се дере и да ги тера да ја следат им ги кажува своите 5 строги правила кој мораат да ги почитуваат. Покрај оваа строгост таа им станува многу добар ментор.
Миранда е строга, дисциплинирана и одговорна личност, но и докторка. Таа е позната по нејзината строгост и непопустливост. Колегите ја викаат „Нациста“ или скратено „Наци“. Таа го има слушнато ова но никогаш не се бунела. Таа иако строга е прав ментор за петте стажисти за кој е задолжена: Мередит Греј, Кристина Јанг, Изи Стивенс, Џорџ О‘Мали и Алекс Карев. Има поставено граници и никој не смее да и се спротивстави. Миранда не се плаши ниту од д-р Ричард Вебер кој е и шеф на хирургијата. Таа знае кога треба да се биде строга и затоа во некои случаи како на пример случајот со Дени Дукет кога Изи направи фатален прекршок таа се однесуваше добро кон Ричард. Таа е одговорна и дисциплинирана, никогаш не доцни на работа и секогаш е спремна за операција. Немаше ни месец откако се породи таа се врати на работа без проблем. По бебето Миранда добива страв дека колегите ја гледаат како многу нежна и и попуштаат поради бебето, таа еднаш вели „не сакам да станам личноста која ја потапкуваат по рамото“. Но покрај се таа се врзува со пациентите и е праведна кон нив. Еднаш нејзиниот прв пациент откако станала стажист беше повторно примен во болницата кога тој умре поради неуспешна операција таа почна да плаче и не можеше да се контролира. Сака деца и е многу вредна и чесна личност. Што се однесува до нејзината професија таа е одличен доктор кој специјализира општа хирургија.
Историја на ликот
уредиПрва сезона
уредиНајважни работи во оваа сезона за Миранда:Методите да ги направи нејзините стажисти најдобри, прекарот Наци и откривањето на врската помеѓу Дерек и Мередит
Откако ќе ги запознае нејзините нови стажисти и ќе им влее малку страв, Ричард решава да го пренесе и Алекс во нејзината група за таа да го „среди“. Миранда прифаќа и го зема Алекс во нејзината група. Почнува да ги учи нејзините стажисти на важни работи им дозволува пополека да учествуваат на некои операции и многу други работи. Кога Изи решава да прави забава Миранда самата се поканува на забавата и по малку забавување решава да оди дома но како што тргнува кон колата гледа дека во соседната кола Мередит и Дерек водат љубов таа и потчукнува на прозорецот и вели: ќе ви пречи да ја поместите колата ми ја блокирате мојата. Дерек и Мередит се шокираат. Утредента Миранда се однесува лошо и кон Дерек и кон Мередит. Таа и одржува лекција и и вика дека не сака нејзината стажистка да спие со нејзиниот шеф бидејќи тоа го нарушува балансот. И дека сега е само секс но подоцна Дерек ќе почне да ја фаворизира Мередит и ќе ја бира само нејзе за асистирање на операции и ќе дојде до конфликт помеѓу другите стажисти. Миранда се однесува лошо и кон Дерек со што го застанува во лифтот и му кажува некои важни работи. Подоцна Миранда и ја уценува Мередит да ја запре врската со Дерек но кога повеќето дознаваат за нивната врска таа престанува. Во оваа сезона се нема случено позначајно нешто за Миранда.
Втора сезона
уредиТрета сезона
уредиМиранда е повикана да го индефикува телото на Дени кога потврдува дека тоа е тој се доближува до него и му вели „извини за се“. Миранда е потресена поради смрта на Дени. На крајот на епизодата Миранда лежи на земја тажна поради работите што се имаат случено.
Четврта сезона
уредиПетта сезона
уреди- ↑ Сезона 2, епизода 17 — "As We Know It"