Порано бев Ев-ла. Сега сум ЕвЛа! EvLa 19:53, 31 Јануари 2006 (UTC)

Прашање

уреди

EvLa, би сакал да те прашам нешто во врска со Битолскиот натпис, бидејќи изгледа ти си повеќе во тек со тие работи. Што означува натписов и дали има некоја историска вредност, проучен ли е добро? Благодарам однапред, --Boyan 10:38, 16 Февруари 2006 (UTC)

Прво: „Битолскиот натпис“ е познат пред македонската јавност (за оние што ги интересира - се разбира) и не се крие (како што велат бугарските пропагандисти)!

Уште со самото негово откривање се наметна прашањето дали е оригинален! Додека кај хартијата и текстилот постои можност за датирање на нивната старост, каменот тешко се датира. Така, БН би можел да биде оригинален од 11 век, исто како што би можел да биде фалсификат од 19-20 век.

Да не заборавиме: од 1870 до 1912 година Македонија беше преплавена со бугарски службенци (попови, учители, трговски агенти, конзули...) кои поткупуваа или убиваа луѓе и фалсификуваа документи само и само да докажат дека Македонија е бугарска, за на крај да ја земат за себе. (Исто како и Србите и Грците). Постои голема веројатност и овој натпис да е подметнат од бугарските агенти.

Сомневање за фалсификат: натписот го спомнува царот во трето лице еднина - ТОЈ! А вообиачеано било да се вели: ЈАС ПОДИГНУВАМ...

Но, да поверуваме дека е оригинален! Па што!?

До средината на 19 тиот век, името „Бугарин“ има политичко (припадност кон држава) или социјално (синоним за необразовани селани) значење.

Да бидам појасен: Јосип Броз Тито по етничко потекло беше Хрвато - Словенец (татко Хрват, мајка Словенка), но цел свет го запозна како „Водачот на Југословените“! А Југословените беа: Македонци, Срби итн.

Така и цар Самоил и неговите наследници беа наречени „бугарски владетели“ само поради круната (титулата) „бугарски цар„. А нивните поданици беа секакви народности (Македонци, Власи, Бугари - оние со коси очи, Грци, Евреи, Ерменци...)

Дали натписот има значење? Да, но не и толку многу како што го прикажуваат Бугарите! Со него, како и со илјадници други „докази’, тие си ги лекуваат комплексите на мал и сиромав народ. Бегајќи од суровата реалност на сегашноста, утехата ја бараат во минатото, како „славен и моќен народ“.

EvLa 11:59, 16 Февруари 2006 (UTC)

Интересен разговор. Бојан, работата е тоа што со Битолскиот натпис се мешаат баби и жаби. Дури и да е веродостоен, сосема е вон значење за постоењето на македонската модерна нација. Зошто велам дека е мешање на баби и жаби? Зошто во Средниот Век, не постоеле нации, а според некои нови гледишта, како на пр. Антонио Негри и Мајкл Хардт, не постоеле ниту народи како што ги разбираме денес, туку едноставно, мноштво на луѓе на една територија кои зборуваат сличен јазик, ама немаат чувство за припадност кон определен посебен ентитет. Како и да е, сигурно е дека терминот Бугарин, има сосема различно значење во 6, 10, 19 и 20 век. Евлија Челебија, во своите патеписи од 17 век, наоѓа Бугари во Сараево, ајде сега да кажеме дека и Србите и Босанците се Бугари! Имено, се работи за една застарена теорија од 19 век, која постоењето на нацијата го поврзува со некаков бесконечен поредок настани во минатото, дури на нацијата и се дава библиско значење. Секако, се работи за мит. --FlavrSavr 14:24, 16 Февруари 2006 (UTC)
Бугарската нација, како и секоја друга нација, се јавува со појавата на граѓанската класа, просветителството и многу други општествено-политички фактори, а пред се постоењето на чувство/свест за заедничка припадност. Всушност, дури на крајот од 18 век, Пајсиј Хилендарски го пишува првото значајно дело за бугарската нација, изјавувајќи, "Не се срами да се наречеш Бугарин!". Секако, полека бугарското национално чувство се развивало меѓу граѓанската класа, која единствено, како образована, и можела да развива таква свест. Значењето на таа свест, во историска смисла, највеќе е во тоа што, тоа било една од првите знаци на отпор против султановиот феудален систем. Останатото население, веројатно, уште живеејќи во полуфеудално уредување, ниту имало национална свест, ниту пак чувство за заедничка припадност, дури до почетокот на 20 век. Еден бугарски теоретичар - Александар Балан се викаше, мислам, вели дека "не е невообичаено дури сега (се мисли на почетокот на 20 век), нашиот селанец да каже Христијанин како националност во суд". Стефан Влахов Мицов, исто така, бугарски теоретичар, но од поново време, има објаснување зошто на пример, македонски преродбеници се нарекувале "Бугари", т.е. не како чувство за припадност кон некаква Бугарска нација, туку како политичка рамка за заедничка борба против Турците. Има уште работи тука да се зборува, ама сега немам време. --FlavrSavr 14:24, 16 Февруари 2006 (UTC)
Во крајна линија, просто кажано, се работи за сосема погрешен пристап кон историските процеси, кој се прави со свесни или несвесни шовинистички претензии. Исходот на таквата архитектура на мислење може да изгледа смешно ако се примени во некои историски ситуации - Французите порано се нарекувале Франки, а Франките се германско племе, оттаму, Французите се Германци. Секако, и Македонците имаат такви бисери, но тие најчесто се прават како одбрана од националистичките митологии на соседите. Сепак, нема оправдување за нив. Последна таква глупост што слушнав е дека Античките Македонци (којшто во никој случај не можат да се поистоветуваат со модерните Македонци), биле Словени, па згора на се, ја измислиле и кирилицата! --FlavrSavr 14:33, 16 Февруари 2006 (UTC)

Фала уште еднаш EvLa и FlavrSavr за исцрпните одговори :-D --Boyan 14:41, 16 Февруари 2006 (UTC)

Да се блокира

уреди

корисникот Tomahawk, кој е дојден овде со единствена цел да ги навредува Македонците, меѓу другото со тоа што македонскиот јазик го нарекува „бугарски“!

EvLa 17:18, 20 Март 2006 (UTC)

Очигледно е дека корисникот Tomahawk сака да го саботира работењеето на македонската Википедија! Барам негово блокирање затоа што ги навредува чувствата на Македонците и пишува на булгарски јазик!

EvLa 18:07, 20 Март 2006 (UTC)

Основни принципи на македонската Википедија

уреди
  • Името на Република Македонија е „Република Македонија“ и тоа не може да биде заменето со друго име
  • Името на Македонците е „Македонци“ и тоа не може да биде заменето со друго име
  • Името на македонскиот јазик е „македонски јазик“ и тоа не може да биде заменето со друго име

Секој што не може да живее со ваквата реалност има право да се лекува кај психијатар или во најдобар случај да се самоубие. Но, нека го прави тоа на друго место, а не овде!

EvLa 17:25, 20 Март 2006 (UTC)

Фала

уреди

EvLa, многу ти благодарам за корекциите по статијата Бугарски јазик.Елемаг 11:00, 28 Март 2006 (UTC)

ОК, фала

уреди

Сепак да ми разјасниш до крај ако може. Што ако кажам на пример езеро Треска или река Вардар? Тука мислам дека езеро или река или што и да е треба да се со мала буква зашто не се дел од името туку посебни именка... Или можеби повторно грешам? Поздрав --Aleksandar SK 02:43, 30 Март 2006 (UTC)

Потполно си во право. Кога зборот „езеро“ не е дел од името, тогаш се пишува со мала почетна буква.

Во твоиве примери, како што ги наведуваш, „езеро„ и „река“ не се дел од името, туку појаснување дека станува збор за река (Вардар) и езеро (Треска).

Ако ги официјализираме, би можеле да бидат:

  • Александар е директор на водното стопанство „Река Вардар“, или
  • Александар е директор на спортскиот комплекс „Езеро Треска“

значи, зависи дали зборот е дел од името или само стои како појаснување.


Еве малку поинакви примери

  • Канада се наоѓа во Северна Америка. - „Северна“ мора да започнува со големо „С„ зашто е дел од (географското) име Северна Америка.
  • Куманово е во северна Македонија. - „северна“ мора да започнува со мало „с„ зашто сега појаснува само дека станува збор за „северниот дел на Македонија“.

ИЛИ

  • Александар живее во источно Скопје (т.е. во источниот дел на градот Скопје), но...
  • Филип е началник на секторот Скопје - Исток (ако во рамките на градот или некоја градска организација има поделба по сектори) - сега зборот „Исток“ станал дел од името на институцијата „Скопје - Исток“.

EvLa 07:08, 30 Март 2006 (UTC)


Добро EvLa, ќе се потрудам да се придржувам до ова. Благодарам на исцрпното објаснување. Значи ако имам некое прашање во врска со јазикот, во иднина да ти се обратам тебе :) --Aleksandar SK 09:20, 30 Март 2006 (UTC)

Изгледа ќе имаш доста работа со мене :)))

  1. пејсажи или пејзажи
  2. подкатегорија или поткатегорија-(едначење по звучност)

--Aleksandar SK 13:44, 1 Април 2006 (UTC)

Треба да биде: пејзаж и подкатегорија

EvLa 17:18, 1 Април 2006 (UTC)

Масачусетс или Масачусетс --Aleksandar SK 12:13, 3 Април 2006 (UTC)

Би требало да биде: Масачусетс

EvLa 18:11, 3 Април 2006 (UTC)

Извинување

уреди

EvLa, се извинувам за мојот коментар во врска со сликата транспорт во Бугарија, навистина се наоѓа на турската Википедија. Сепак мислам дека не треба тоа да оди таму - се добива впечаток дека на бугарските патишта се возат само такви (коли?) :-). Да, Бугарија е неразвиена, исто како нас, ама мислам дека сепак генерално не е дотолку неразвиена... во ред, некои тука Бугари и не се баш некој егземплар за културен развој, ама сега тоа е што е :). Поздрав. --FlavrSavr 16:11, 30 Март 2006 (UTC)

За патиштата

уреди

Бладодарам за напомената, нешто сум утнал во уредувањето :-) Маркова нога не го избришав, но ставив во заграда дека е нефункционален. Мислам дека така би било правилно. Поздрав! --Б. Јанкулоски 11:02, 20 Април 2006 (UTC)

За италијанските имиња

уреди

Фала на промените во Пјаца Навона, сум утнал неколку работи. Кога ќе можеш помини го и Рим, не сум сигурен за 3/4 од преводите. --Милош 13:12, 12 август 2006 (UTC)

Војо Стојановски

уреди

Здравей! Не съм сигурен, че анонимният автор и ти сте един и същ човек, но да ти кажа. Ако не се развие до изискванията за смислена статия, bg:Войо Стояновски е вероятно да бъде изтрита. -- Златко ± (дискусија) 14:53, 11 октомври 2006 (UTC)

Руен

уреди

Руен се наоѓа во Бугарија, зашто го бришеш? Поздрав--Svik 02:46, 7 мај 2007 (UTC)

Предог за измена на Главната страница

уреди

Те повикувам да го дадеш твоето мислење во поглед на предлогот за измена на Главната страница--brest 09:44, 16 јуни 2007 (UTC)

Не беше посочен извор за Слика:Kembez.jpg

уреди
 

Ви благодариме за подигнувањето на Слика:Kembez.jpg. Страницата за опис на датотеката моментално не дава информации за тоа кој ја создал содржината, што спречува да се одреди статусот на авторските права врз неа. Ако не сте ја создале оваа датотека вие, ќе мора да го наведете сопственикот на авторските права. Ако сте ја нашле сликата на некое веб-место, тогаш би било доволно да доставите врска до веб-местото од каде што е земена сликата, заедно со условите за употреба на нивната содржина што се наведени на тоа веб-место. Меѓутоа, ако сопственикот на авторските права не е самиот издавач на веб-местото, треба да го дознаете сопственикот на авторските права.

Покрај додавање на изворот, ве молиме додадете и соодветна ознака за лиценцата што ни дозволува да ја користиме сликата, ако не е веќе додадена. Ако сликата, звукот или видео-клипот сте го направиле вие, тогаш можете да ја поставите ознаката {{Јд-јас}} или {{ГЛСД-корисник}}. Ако мислите дека датотеката спаѓа во неслободна содржина, искористете ознака како {{неслободна праведна употреба во|име-на-статија}} или една од ознаките наведени кај Википедија:Лиценци за слики#Праведна употреба. Видете Википедија:Лиценци за слики за целосен список на ознаки за авторски права и лиценци што може да ги користите.

Ако сте подигнале и други датотеки, ве молиме проверете дали сте го навеле нивниот извор и сте ги означиле правилно. Можете да погледнете список на датотеки што сте ги подигнале со кликнување овде. Сликите без извор и ознака може да бидат избришани една недела по откако биле означени како проблематични. Ако сликата е означена како неслободна, тогаш сликата ќе биде избришана 48 часа по 13:23, 8 септември 2008 (UTC). Ако имате било какви прашања, слободно прашајте некој администратор или обратете се до Википедија:Прашања за авторски права. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 13:23, 8 септември 2008 (UTC)

10 години Википедија

уреди
        Здраво, EvLa!
Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла Кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница. Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:30, 13 јануари 2011 (CET)Одговори

Покана за Вики средба

уреди
      Здраво, EvLa!
Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 03:42, 4 јуни 2011 (CEST)Одговори