Добре дојде!

Здраво, Bridenh, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!

Добре дојте на Википедија уреди

Здраво и добре дојте на Википедија на македонски јазик (малку со задоцнување). Имам приметено дека во последниов период пишуваше повеќе статии поврзани со феминизмот. Се спремав да Ви пишам одамна, но поради недостиг на време, еве сега. Најпрвин Вашите статии се добри и со мали измени и поправки би биле без проблем и веднаш прифаќани. Страницата Riot Grrrl на која налетав денес ја средив во потполност (промените видливи се на страницата на историја или тука). Би Ве замолил да продолжите да ги применувате барем основните чекори за пишување на статии, бидејќи моментално тие се само обичен текст. Прочитајте ги првите чекори на Википедија, основниот курс и ќе Ви биде јасно како се прават многу работи. Воедно, секоја статија морате да ја поврзете со останати меѓујазички изданија. За горенаведената статија тоа го направив, а за другите тоа се прави едноставно со одење на „додај врски“ на левиот дел на екранот, по што Ви се отвора прозорец и го впишувате името на јазикот и статијата со која го поврзувате, а потоа автоматски системот ги пронаоѓа и останатите статии за дадената тема. Поздрав и пријатно уредување --Ehrlich91 (разговор) 23:11, 20 јули 2014 (CEST)Одговори

Наградени сте! уреди

  Награда за трудољубивост
Еве едно признание за Вас и Вашите одлични придонеси на Википедија на македонски јазик. Продолжете само така и понатаму. :) Kiril Simeonovski (разговор) 09:41, 17 септември 2014 (CEST)Одговори

Совети уреди

Здраво, најпрвин благодарност за постојаното збогатување на македонската Википедија со нови статии. За подобар изглед на истите, би сакал да ти посочам определени совети: внимавај на датумите, кога копираш и преведуваш содржини од другите изданија на Википедија (особено англиската), често пати датумите се прикажуваат според американскиот стандард, месец, ден, година (за надминување на овој проблем во инфокутијата каде што е назначен датумот додавај „|df=yes“ со што после тоа датумот ќе биде по наше); кога сакаш да го додадеш оригиналното име на почетокот на статијата не го користи само стриктното копирање од англиската, зашто тие ставаат како името се чита, а не како се пишува, па така користи го шаблонот „Предлошка:Lang-xx“, каде на местото хх ќе ја ставиш кратенката на јазикот (en, fr, es, de, вообичаено се меѓународните кратенки), а по цртата ќе го впишеш името; пази и намали ги категориите, односно не ставај толку општи категории, нам ни е побитно да има статија Француски писатели (не ги делиме на мажи и жени) отколку само Писателки, сепак ние сме мала Википедија и немаме потреба од толку категории со поделба на истата на машки и женски писатели, затоа се користи неутралната множина. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 16:50, 22 ноември 2014 (CET)Одговори

Уредувачки маратон уреди

Здраво, со задоволство Ве повикуваме на првиот уредувачки маратон организиран на тема „Земјите на Олимписките игри“ од страна на здружението „Споделено знаење“ составено од Википедијанци и насочено кон развивање на Википедија на македонски јазик. Маратонот ќе се одржи на 6 декември 2014 година (сабота) во интернет-кафулето „Хазард“ (види карта) со почеток од 13:00 часот, кој е предвидено да трае околу три часа. Повелете на дружба со останатите Википедијанци и заедничко уредување статии и збогатување на нашата Википедија. Поздрав--Ehrlich91 (разговор) 17:42, 30 ноември 2014 (CET)Одговори

Султанат на жените уреди

Здраво Bridenh. Гледам дека ги враќаш моите уредувања во статијата за Султанатот на жените, со образложение дека немало извор. Ова е против правилата на википедија, доколку ги прочиташ ќе забележиш дека наместо да го избришаш делот кој е без извор или навод, можеш да го додадеш соодветниот шаблон (факт) на пример. Се надевам дека ќе продолжиш со уредувањето согласно критериумите.

Како уште една забежешка, кога се пишува за личности од минатото обично се зборува во минато свршено време. Зборувам за статиите како Елија Софија, Теодора... каде наместо покажа, истакна, убеди треба да се употребува покажала, истакнала, убедила... Поздрав--Тиверополник (разговор) 15:50, 15 декември 2014 (CET)Одговори

Недела на жени во науката и образование уреди

Здраво, ти пишувам бидејќи имам забележано дека пишуваш и уредуваш теми поврзани со жените, женското движење, па така сметам дека тематската недела посветена на жените во образованието и науката во рамките на нашиот меѓународен натпревар „СИЕ Пролет 2016“ би те интересирала и би сакал да се вклучиш. Прочитај ја врската што ти ја пратив за локалните правила на натпреварот, а тука ти ги испраќам и меѓународниот натпревари. Доколку имаш некои нејаснотии, а сакаш да учествуваш, те молам пиши ми. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 18:41, 2 мај 2016 (CEST)Одговори

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“ уреди

Во тек е спроведувањето на меѓународниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“, кој учествуваат мноштво земји од Средна и Источна Европа, за чии земји недостигаат бројни статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со пишување на дел од предложените статии од самите организатори, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање. Поздрав, Ehrlich91

Помогнете да се зголеми квалитетот на нашата Википедија уреди

Здраво, од 25 септември (утре) започнува нов уредувачки натпревар насочен кон зголемување на општиот квалитет на нашата Википедија преку подобрување и средување на сите можни статии кои се обележани со посебни шаблони за средување. Помогнете да го зголемиме квалитетот на нашата Википедија. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија подобрена во текот на натпреварот, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 15:52, 24 септември 2017 (CEST)Одговори

Уредувачки натпревар за вулкани уреди

Здраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:10, 4 декември 2017 (CET)Одговори

1000 статии што секоја Википедија мора да ги има уреди

Здраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)Одговори

Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018 уреди

Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:13, 19 март 2018 (CET)Одговори

Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија уреди

Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)Одговори

Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019 уреди

Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.

Да ги средиме статиите за државите во светот уреди

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)Одговори

Нов уредувачки натпревар уреди

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)Одговори

Ракомет уреди

Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)Одговори

Translation Isabelle de Charrière уреди

Hello Bridenh, Could you write Translate the article of Isabelle de Charrière (Q123386) for the mk.wiki? That would be appreciated. Boss-well63 (разговор) 19:59, 9 мај 2020 (CEST)Одговори

Земи учество во СИЕ Пролет 2021 уреди

Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)Одговори