Сакам да го прашам корисник:Karovski, зошто смета дека семејството Рогуш треба да има своја статија на Википедија? Освен што тој потекнува од нив? Мене искрено кажано - не ми е логично тоа, ниту можам да знам дали се овие податоци точни. Пребарав по интернет - нема никаде ништо ни како напис во весник за ова семејство. -- Виолетова (разговор) 17:09, 8 јуни 2009 (UTC)

Не се согласувам со Вас, Виолетова. Семејството Рогуш е многу познато во источна Македонија и зазема соодветно место во историјата на Македонија. Не сакам да повторувам, но мојот став е доколку не знаете за нешто не може да тврдите дека нема некое значење. Но, се прашувам зошто ова секогаш се случува со статии кои се поврзани за нешто што е македонско. Мислите ли дека знаете сè за Македонија и македнските работи? А, самиот факт што на пребарувач нема по насловните страници на дневните весници, ми укажува на фактот дека не сте ни пребарувале како што треба, бидејќи обично врските до дневните весници се на првите страници на пребарување, а често некои историски извори и статии се наоѓаат по десеттата или дваесеттата страница од пребарувањето. Доколку воопшто нема на пребарувач, не значи дека не е значајна темата. За тоа постојат и книги со историска содржина. Мислам дека и односот, спрема корисникот Karovski не е на место.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:39, 11 јуни 2009 (UTC)
Се е ок Кирил, се договоривме на страната на корисникот. Поздрав--Никола Стојаноски 21:41, 11 јуни 2009 (UTC)
Не, се однесуваше толку за значењето на темата, колку за однесувањето на Виолетова.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:54, 11 јуни 2009 (UTC)

Моето однесување, Кирил? Јас сум прва да не се брише нешто само затоа што не сум чула за тоа, ама затоа побарав на интернет... за други семејства познати низ историјата постојат некакви статии, за Рогуш не најдов, и имам право да прашам дали е ова измислено, или постојат факти... корисник:Karovski објасни на неговтаа страница, и во ред е. И те молам објасни ми како да пребарувам друг пат по интернет (...ми укажува на фактот дека не сте ни пребарувале како што треба) :)))) - Поздрав до сите :) --79.126.148.236 (разговор) 23:28, 11 јуни 2009 (UTC)


Имево

уреди

Нели би било подобро името да биде Рогушовци или Рогушови?--Никола Стојаноски 22:01, 11 јуни 2009 (UTC)

  • Сè зависи од тоа како биле најпознати. Ако биле најпознати како „Рогуш“, тогаш ќе мора така. Исклучок од ова се само кралски семејства и имиња, кои се македонизираат заради нивната универзална важност (на пр. Хапсбурговци, Бурбонци и сл.) Но ова не би требало да се прави со семејства кои не биле официјални владетели, и затоа треба да се користи она што највеќе се среќава по пишаните извори, и по можност, како што навистина највеќе ги нарекувале. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 01:31, 12 јуни 2009 (UTC)
ОК тогаш ќе почекаме корисникот да ги пише референците. поз--Никола Стојаноски 09:19, 12 јуни 2009 (UTC)

Во архивот ми дозволија да погледнам некои преведени турски документи, во кои Отоманските власти ги нарекувале „Рогуш“, бидејќи доколку ја користеле множинската форма од турскиот јазик, името се менува. Сепак меѓу народот биле нарекувани „Рогуши“, како единствено име за сите семејства наследници на Каро, Митко и Ангел. Денес ги има преку 150 наследници, но многу мал дел знаат за нивното минато, најмногу заради малкуте податоци и тешкиот пристап до нив. Не ми дозволија да фотографирам, бидејќи за тоа требало посебна дозвола. Меѓудругото успеав да дознаам дека имале жесток судир со бугарските власти во 40’тите, поради што некои од помладите наследници биле прогласени за воени заробеници. Од тогаш било воведено правило во семејството: -Кој ќе се декларира за бугарин, го губи презимето Рогуш и правото на наследство.

Би требало после годишните одмори да добијам одговор на барањето за дозвола за фотографирање и скенирање на документите, како и пристап до мемоарите на Диванис, во кои се наоѓаат одговорите на некои клучни неразјаснети прашања, како што се: -Како и каде исчезнаа одеднаш поголемиот дел од податоците за семејството, и зошто? -Каде исчезна богатството и заштедите? или -Дали дел од објектите на манастирот Св.Пантелејмон биле седиште на чифликот на Рогушите?

Поздрав. Karovski (разговор) 23:07, 10 август 2009 (UTC)

Генетски карактеристики

уреди

Ја отстранив последната реченица (Генетски Рогушите поседуваат одредени физички карактеристики, препознатливи за нив.), затоа што е нерелевантна. Сите семејства, на генетска основа, имаат одредени препознатливи физички карактеристики. --Brainmachinewtf? 10:34, 12 јуни 2009 (UTC)

Назад на страницата „Рогуш“.