Разговор:Македонска револуционерна организација

Последен коментар: пред 3 години од Forbidden History на темата БРИШЕЊЕ НА БЕЛЕШКИТЕ 1 и 2


Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Структура

уреди
 

Никогаш не егзистирале Прешевски (Поројски, можно?!), Лагадински, Кајларски и Светогорски револуционарни реони, па и по дадени окрузи се сбркани. Нај добро ја избришете таа слика. --Подпоручикъ (разговор) 20:34, 27 јуни 2010 (CEST)Одговори

јас ја вметнав, ама не ја создадов таа слика... навистина незнам кој се окрузите ама проверив овде Предавствата и атентатите во македонската историја и тука е така, всушност авторот на оваа книга не е експерт за тој период можеби е направен пропуст или не намерна грешка... сега за сега нека седи сликата... кога ќе имам време ќе г проверам окрузите... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 01:48, 9 јули 2010 (CEST)Одговори


Кое е било првото (официjално) име на организациjата?

уреди

Документи, спомени и контроверзии

уреди
 
Устав на Бугарскиот револуционерен централен комитет од 1870 г. Од 1872 г. тоj станува устав и на Внатрешната револуционерна организациjа (по обединуваньето на БЦРК и ВРО.)

Поради недостаток на изворна документација постојат извесни контрадикторности и недоречености во сведоштвата на самите основоположници кои се однесуваат на датирањето на уставите и членувањето во организацијата. Постои спор дали првото официjално име на организациjата е МРО или БМОРК. Спорот постои, дотолкова, доколку според некои, не е откриен првиот устав на организациjaта, а според други тоj е одкриен. Фактите и податоците се доста контроверзни и противиречиви и е трудно да се каже кое е верно и што е точно во фактологијата.

Прв устав

уреди

По спомените на Татарчев првото име на организациjaта било Македонска револуционерна организациja. Меѓутоа Татарчев, истакнува дека префиксот бугарска начално бил намерно изоставен од името на Организацијата, и дека:„ Одринско од почетокот не влегуваше во нашата програма." Тоj пишува исто: Во почетокот на на 1894 г. во време на празниците, пак споменатите шестмина се собравме пред Водици во живеалиштето на Антон Димитров...Откако се согласивме за целта на нашата организација - на истата средба се зафативме да изработиме статут на Организацијата. Прирака ми беше еден том од „Записите“ на Захариј Стојанов, и од нив го зедовме за урнек статутот на „Бугарскиот револуционерен комитет“. Го задолживме Поп Арсов, врз основа на тој статут, да изработи и нацрт за нашиот статут. На истата седница долго се разгледуваше прашањето каково име да носи Револуционерната организација и Комитетот. Ова прашање ни одзеде прилично време, и најпосле, колку што се сеќавам, усвоивме да се нареачат: „Македонска револуционерна организација“, а Комитетот - „Централен македонски револуционерен комитет“, а скратено „Ц.М.Р.К. Му се наложи на П. Попарсов да го изработи проектот и на едно од следните заседанија се прифати проектот, со мали измени, за устав на организацијата.“ По конгресот летото на 1904 г. во Ресен Централниот комитет почуствува потреба да биде изработен и еден внатрешен правилник, според кој ќе се раководат месните револуцинорни комитети. Задачата да го состави тој правилник му беше поставена на Хаџи Николов, и овој правилник беше усвоен по касно од Централниот комитет. Горче Петров од друга страна не помни името, но тврди, дека во началото таа не се викала Органицзациja. Според Попарсов во 1894 г. во Солун е основан комитет (а не Организациjа). Тоа пишува дека од комисиjа од по тесен круг лица е бил составен устав и правилник, но од нив не е останало ништо, зоштото били пратени за печат во Романиjа, но тамо изгорели заради возникнал пожар во печатницата. Даме Груев пишува: "Се згрупиравме, и сложно изработивме статут-правилник... Така тој статут беше оформен според образецот на статутот на Револуционерната организација во Бугарија пред нејзиното ослободување... Основавме тајна организација со „Централен комитет“, со разграноци, со членски вноски. Татарчев дополнува: "Како состав на организацијата се дозволи секој Бугарин, од кој и да е крај, да може да биде член на организацијата, откако се покрсти по установената формула... Меѓутоа, покасно кога организацијата се почуствува доста силна, за да ја афронтира секоја угроза и опасност, откаде и да било, се допуштиja во неа сите македонски христијани, доста тие да се воодошевуваат од истата идеја и да бидат искрено предани на ослободителното дело."

Втор устав

уреди

Во врска со "првиот поподробен устав на Организацијата", во спомените на Ѓорче под заглавието "Ѓорче Петров заедно со Делчев го изработува првиот поподробен устав на Организацијата", стои следното: "Во време на распустот во 1896 г. направивме еден вид конгрес во Солун, 15-16 души... Тоа собрание, така да се речи, беше оснивачко. И од тогаш датира солунската организација, тогаш веќе Ц.К. се призна. До тогаш уште не се знаеја членовите на Ц.К., се до тогаш одеше на другарски начела...Прашањето за печатите (да има печати) беше покренато. За прво време остана, така што само Ц.К. да има печат и со него да се потпечатуваат расписките за целата организација. Таму се истакна потребата од нов устав и правилник. Дотогаш беше во сила еден краток правилник од неколку члена изработени од Дамета! (клетвата и др.) Тоа правилниче беше несистематско, литографирано (невозможно е ова да е Правилникот на БМОРК коj се состои од 50 члена). Се реши да се изработи еден полн правилник и устав. Кога дојдов во Софија, тука во Софија го изработив (со Делчев), го напечатив и го испратив." Татарчев од друга страна пишува: "Најсетне дојдовме до заклучок дека и таа област (Одринско) треба да составува дел од нашата ревулуционерна дејност, така што, на тој начин си мислевме дека се даваше едно задоволително решение на балканското прашање. Решението за тоа се зеде едвам при крајот на 1895 г. и почна да се применува во дејство во 1896 г. Од една страна Пеју Jаворов тврди во биографијата на Гоце Делчев, дека уставот од 1896 година бил еднонационален и ги приклучвал само егзархистите Бугари: "Тоа собир утврждава еден устав на револуционерната организацијa, копиja на стариот бугарски устав, тврде оригинален со положбата, дека само егзархисти Бугари се приемат за членови на комитетите." Од друга страна Татарчев пишува: "На основачкиот конгрес при крајот на 1896 г. се зеде решение да им дозволи на незадоволните месни елементи без разлика на народност и вера да влезат во конспирацијата, доста тие да не бидат познати поради престапнички дејанија".

Бугарски гледишта

уреди

Базираjки се врз тиа факти, некои бугарски научници, како Константин Пандев сметаат, дека првото уставно име на организациjата од 1894 година е Македонски револуционерни комитети.[1] Пандев тврди дека во 1896 година е донесен првиот официjaлен устав на организацијата, доколку првиот устав е бил схематички и само во неколку егземплjaри кои не се зачувани. Доколку комитетот во Одрин бил формираан во почетокот на 1896 година по наредба на Дамјан Груев од страна на Христо Поп Коцев се наложило кон новиот устав да се прикльучи и Одринско. Префиксот Бугарски, кој во началото бил намерно изоставен од името на МРО сега бил добавен. Според Пандев организацијата на Солунскиот конгрес во 1896 г. го добила името Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети и првиот своj подробен устав со правилник напишани од Горче Петров и евентуално Гоце Делчев. Пандев смета дека ова име е сменето на ТМОРО дури во 1902 г.

Други како историчарот Цочо Бильарски сметаат дека името БМОРК е било изначално од 1894 г. та чак до 1902 г, а име МРК, МРО или слично не постоело, доколку ваков устав не е пронајден.

 
Устав на Бугарските македоно - одрински револуционерни комитети, од 1894 или 1896 г.

Македонски гледишта

уреди

Македонскиот историчар Крсте Битовски во 1997 г. пишува: „Дилеми како се викала ревoлуционерната организација при нејзиното формирање и дали познатиот, меѓутоа недатиран Устав кој Организацијата го нарекува „Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети“ е прв, не постоjaт. Со определена задршка, се смета дека е тој прв Устав на Организацијата. Патем, тој не треба да се бара во Бугарија - го има и во нашата библиотека." Акад. Катарџиев исто сметаа дека БМОРК е првото име и тоа е постоело во првиот устав. Според Катарџиев: Постоечките документи говорат дека таа била наречена „Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети“. Оваа име Организацијата го добила на својот прв Конгрес одржан во летото (15 август 1894) во Ресен... Меѓутоа, согледувајќи ја целата несоодветност на ова име со македонските услови и битие, на конгресот 1896 г. во Солун било решено името на Организацијата да се промени. Таа била наречена „Тајна македоно-одринска револуционерна организација“...Додадов четири македонски извора на историчари-научници во таа врска.[2][3][4][5] Д-р Зоран Тодоровски смета дека не треба да се обрне внимание само на терминот "Бугарски" во едно од имињата на единствената ВМРО, туку и на константното "О" во името на организацијата, кое се губи дури по Првата световна војна и физичкото разделување на неколкуте делови на Македонија од Одринско: "...Познато е дека првото име на револуционерната организација е БМОРК – Бугарски Македоно-Одрински Револуционерни Комитети (овој факт перфидно се крие од нашите деца во учебниците по историја за основно и средно образование), а потоа таа се преименувала во ТМОРО, ВМОРО и најпосле во ВМРО... Илинденското востание во 1903 година е всушност Илинденско-Преображенско востание кренато со најголем интензитет во Битолскиот и Одринскиот вилает на тогашната Отоманска империја...Во сите прогласи и устави на ВМРО нема ниту збор за македонска нација, ами секаде се потенцираат загрозени права на “македонското бугарско население”..." [6]

Други како Блаже Ристевски, уволнет за лагите си од МАНУ и слични нему историчари како Александар Донски, тврдат дека името БМОРК не постоело, ни устав, ни правилник, нито само Бугари се имали право да се зачленат начално во организацијата и тоа сето е бугарски фалшификат. Од 1894 до 1897 г. било користено само името МРО.

Кога БМОРК станува ТМОРО?

уреди
 
Правилник на Бугарските македоно-одрински револуционерни комитети, користен до 1903 г. во централните Родопи.

Одговорот на прашањето кога БМОРК станува ТМОРО, не може со сигурност да се утврди и од известувањето на српскиот генерален конзул во Битола Мих. Г. Ристиќ до српскиот министер за надворешни работи, С. Лозаниќ, напишано во Битола на 25.01.1903 г.: "До пре више од годину дана [тоа е до до почетокот на 1902 г.] рад комитета имао ја чисто бугарско обележје, они су носили бугарску заставу ослобођења, они су својих присталица налазили само у онима који су пригрлили бугарску народну идеју. Наших [т.е. србоманите] и гркомана су се туђили па чак и пробојавали те се од њих морали осигуравати разним претњама. У последње време [т.е. при крајот на 1902 г.] они су понели стег ослобођења хришћана уопште и на мах се стали обраћати за помоћ и сарадњу свима хришћанима ма које народносне боје оне били."

Германскиот историчар од турско потекло проф. Ф. Аданир ги разгледува сознанијата од истражувањата на Катарџиев и на бугарскиот историчар Пандев, за годината кога БМОРК станува ТМОРО, при што го дал следниот заклучок: "Во рамките на ова истражување не е можно дефинитивно да се објасни горе изложеното комплексно прашање. Сепак треба да се укаже на тоа дека австроунгарскиот конзул во Скопје, Пара, на својот извештај бр. 225 од 14.11.1902 г. му придодава документ во превод, кој го назначува како нов Статут на Револуционерната организација. Овој документ го носи насловот: "Статут на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација" и во секој поглед е идентичен со документот објавен 1902 г. според Пандев, како и со Статутот, кој според мислењето на Катарџиев бил составен уште во 1897 г. Врз основа на оваа фактичка состојба треба да се претпостави, дека вистинската дата на документот е онаа на Пандев, а не онаа на Катарџиев. Во изложеното истражување потпирајки се врз Пандев се тргнува од тоа дека Револуционерната организација до 1902 г. се вика: "Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети" (БМОРК). Во 1902 г. следувало прекрстувањето во "Тајната македоноодринска револуционерна организација". Од 1905 г. конечно станува ВМОРО, а нешто подоцна ВМРО."

Требе да се одбележи и фактот каде во спомените на револуционерот Христо Караманджуков е покажан Правилникот на БМОРК, зачуван од него и како што тоj тврди, користен во Смолjанско од 1900 до 1903 г. Истото тоj го тврди и за Уставот на БМОРК (од 1895 до 1900 г. повекето револуционерите од регионот биле членове на ВМОК и Бугарското тајно револуционерно братство).

Од друга страна Македонскиот историчар Крсте Битовски пишува: "И денес, доколку на кој и да е бугарски историчар му се испрати фотокопија на Уставот на ТМОРО од Британскиот архив (Уставот бил испратен во Лондон во 1898 г.), од која се гледа дека тој точно го определува името на Организацијата - ТМОРО од 1897 г. тоj тоа ќе го смета како провокација на „скопските историци“.

Светски прифатено гледиште за името БМОРК

уреди

Во Европа, Канада, Русиja и САД името БМОРК е признаено од историчарите балкански стручници за актуелно во периодот 1896/7-1902 г.[7][8][9][10][11][12][13][14][15] Молам променитe ми да се одобрат. Благодарам! Jingiby (разговор) 12:51, 30 јануари 2011 (CET)Одговори

Други факти за иминьата и постоенето на ВМОРО криени до денеска во Р. Македониja

уреди
 
Устав на БНМОРО.
 
Правилник на БНМОРО.

ВМОРО по 1908 г.

уреди

Во историографиjaта на Р. Македониja се тврди, дека по 1908 година ВМОРО не постои. Тоа не е верно. Крие се опитот на Сандански за создаванье на МОРО и за Окружното во кое тоj пишува дека МОРО ке биде организациja на бугарската нациja. По разпагьането на Народната федеративна партија (Бугарска секција) во 1909 година Христо Чернопеев ја основал во 1910 г. Бугарската народна македоно-одрински револуционерна организација заедно со Апостол Петков, Тане Николов и други членови на левицата како Михаил Чаков и Коста Думбалаков. Тогава се разпагьа и основаниот од десницата Сојуз на Бугарските конституциони клубови. Во 1911 година откако БНМОРО, пораншната десница на ВМОРО и пораншниот ВМОК се обединиле, тиjа jа возобнoвли ВМОРО под истото име, устав и правилник. Чернопеев, Тодор Александров и Петар Чаулев се избрани членови на ЦК, а како резервен член влегол Александар Протогеров од поранешниот ВМОК. ВМОРО постоела и била активна. ВМОРО организираа Магарешките атентати, Македонско-одринско ополчение, Тиквешкото востание, Охридско востание, Валандовската акциja и др. Таа помагала на Бугарската армиja до почетокот на 1916 година кога изцело се влива во Единаесетта пешадиска македонска дивизија. Никаква организациja под името ВМРО автономистичка или некаква друга не постои до 1920 година. Тодор Александров, на коj во Р. Македониja му беше урнат споменикот е бил последниот лидер на ВМОРО и првиот на ВМРО. Премолчува се и постоеньето на ВТРО. Тоа е тоа. Jingiby (разговор) 18:55, 2 февруари 2011 (CET)Одговори

Уставот на ТМОРО бил на сила во 1901 година

уреди

Член 1 од уставот на ТМОРО

уреди
Тајната Македоно - Одринска Револуционерна Организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области.

Ако Уставот на ТМОРО бил од 1902 година како тогаш Јосиф I искажува страв за формулацијата да ги сплоти во едно цело сите без разлика на народноста уште во 1901 година

Во писмото од 14. 04. 1901 година егзархот Јосиф I искажува стравување поради формулацијата обединување на сите без разлика на верата и народноста:

  • Јас мислам дека се гони тајна цел, имено : обединување на македонското население на македонска почва и остварување на поодамна замислената идеја за македонско словенска етничка група на Балканот. Во таков случај натамошната дејноста на Бугарската егзархија е непожелна, бидејќи во автономната македонска држава ќе се наметне потребата за од единствена црква

Димевски е фалшификатор. На него не може да се верува. Чети: Фалшификациите на Славко Димевски. А и сепак тука е енциклопедиjа, а не форум. Нема да се замерваме со сомнителни писма на тоjа или онjа. Чети ги стручните светски универзитетски автори. Сите се го прифатили ставот на Пандев. Само каj вазе уште се лутате - што било, как било и т.н. Со поздрав!Jingiby (разговор) 07:30, 2 февруари 2011 (CET)Одговори

Појаснувања

уреди

Устав на БМОРК

уреди

Нема согласност кога е донесен уставот на БМОРК... Ставот на Катарџиев е дека тој е од 1894 година... На Пандев дека е од 1897 година и дека е во сила до 1902 година.

Димитар Димески, Ванчо Ѓорѓиев, Михајло Миноски и др. истакнуваат дека уставот на БМОРК е донесен во 1894 година и не го доведуваат во прашање самото негово постоење, всушност никој не го доведува во прашање уставот на БМОРК.

Македонските историчари го прифаќаат постоењето на Уставот на БМОРК. Меѓутоа тие не се согласуваат дека првото име на орагнизацијата, всушност голем дел од мак. историчари не се согласуваат дека организацијата некогаш се викала Бугарски македоно-одрински комитети.

Нивното објаснување зошто е такво името на уставот е многу едноставно. Основачите потекнувале од егзархиската средина во Македонија, односно биле македонци-егзархисти т.н Бугари, како што македонците-патријаршисти се викале Грци.

Сите основачи биле бугарски воспитаници и под влијание на бугарската националистичка пропаганда, од таа пропаганда тие не се ослободилле наеднаш туку постепено.

Од друга страна основачите во почетокот имале за цел да делуваат во егзархиската средина, меѓу Бугарите односно македонци-егзархисти, а откако ќе се зацврстат да тргнат по свој пат, а тоа е евидентно со уставот на ТМОРО.

Самиот устав на БМОРК има македонски карактер... тоа го потврдуваат заборовите Македонија, Слобода или смрт...

Дека уставот на БМОРК е од 1894 година потврдува и самиот Татарчев. Тој истакнува дека Одринско не влегувало во програмата на Организацијата и дека Одринско подоцна влегло и поради тоа дошло до промена на уставот за тоа кој може да се зачленува, односно секој Македонец и Одринец, за разлика од уставот на БМОРК каде што се истакнува дека Чл. 3. Член на Б[ългарските] МОРК може да бъде всеки българин, без разлика на пол...

Одринско во првиот устав, односно во уставот на БМОРК се спомнува уште пред да се формира орагнизациск комитет таму, Одринско било внесено за да се придобијат Бугарите од Одринско на страна на македонскио народ во борбата против Империјата, односно основачите барале сојузник и затоа Одринско се наоѓа во првиот устав.

Име на Организацијата

уреди

Првото име на Организацијата е МРО, потоа ТМОРО и ВМОРО. Ниту еден основач на организацијата во своите спомени не потврдува дека таа некогаш се викала БМОРК, дури во самиот устав на БМОРК во член 8 пишува:

ЦБМОРК има печат с емблема знаме, саби, пушки и бомби, с надпис Македоно-Одрински Централен Революционен комитет и с големина в радиус 2 см и 6 мм и обиколка 16 см и 8 мм. С него той подкрепя важната кореспонденция.

овој член го потврдува стојалиштето на Татарчев дека префиксот бугарска бил намерно изоставен од името на Организацијата и ЦК, за да не се предизвика тесноградниот национализам на инородните народи...

Основачи на Организацијата

уреди

Освен уставот на БМОРК... (нели и правилникот) не постои ниту еден друг документ кој би потврдил дека орагнизацијата се некогаш викала Бугарски македоно-одрински комитети... Тоа не го спомнув ниту еден основач на самата Организација, всушност Татарчев нели вели дека решиле да се вика Македонска револуционерна организација, а подоцна кога Одринско било придодадено дошло до промена на уставот... Не може Татарчев, кој е прв претседател да не знае кое е името на орагнизацијата, тој има голем број на статии и во ниту една никогаш не го спомнува името Бугарски макеодно-одрински комитет, тоа важи и за другите основачи, Петар Поп Арсов вели дека тие основале Комитет за придобивање на правата дадени од Берлинскиот комитет.

Фалсификати

уреди

Многу е лесно да обвиниш некого дека прави фалсификат кога одреден документ не одговара... Како што е случајот со Правилнико на Македонското востание, никаде не сретнав некој да се обиде да објасни зошто е таков тој правилник и зошто востанието се нарекува Македонско.... --Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 12:14, 2 февруари 2011 (CET)Одговори

Членување во Орг.

уреди

Врз основа на Првиот устав на Македонската револуционерна организација можел да членува секој Бугарин, според буг. историчари, под Бугари се подразбираат лица со бугарска национална свест, меѓутоа според макед. истор. станува збор за Македонци - егзархисти... за да нема расправија најдобро би било деа стои: Бугари (Македонци - егзархисти) и да има објаснување со фуснота... --Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 12:27, 11 мај 2011 (CEST)Одговори

Гоце Делчев е член од 1894 г. Тој е Унијат. Бугарин си е Бугарин. Не е ниту црнец, ниту Татар, ниту Македонец-Екзархист, туку Бугарин. Jingiby (разговор) 13:31, 11 мај 2011 (CEST)Одговори

Бришење на дел од статијата

уреди
... Откако се согласивме за целта на нашата организација - на истата средба се зафативме да изработиме статут на Организацијата. Прирака ми беше еден том од „Записите“ на Захариј Стојанов, и од нив го зедовме за урнек статутот на „Бугарскиот револуционерен комитет“. Го задолживме Поп Арсов, врз основа на тој статут, да изработи нацрт за нашиот статут .

овој дел од спомените на Христо Татарчев беше избришан од Jingiby... Неговото сведоштво потврдува дека Првиот Устав на Македонската револуционерна организација односно Уставот на Бугарските македоно-одрински комитети е од 1896 година, а не од 1902 год., како што тврдат бугарските историчари... Тврдењето дека Организацијата некогаш се викала Бугарски макеодно-одрински комитети паѓа во вода. Татарчев првиот претседател на Организацијата во своите спомени јасно вели дека решиле таа да се вика Македонска револуционерна организација, а дека првиот устав бил изработен врз урнекот статутот на Бугарскиот револуционерен комитет. Така што нема логика првиот устав да биде Уставот на ТМОРО, или пак дека и најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент или „директно присоединување на Македонија кон Бугарија“..., отука јасно е дека првото име на уставот гласи Уставот на Бугарските македоно-одрински комитети... Татарчев во своите спомени е многу јасен и дециден, дел од неговите спомени:

...Прифатен еднаш автономниот принцип, ни налагаше да бидеме последователни и во понатамошните решенија и да го избегнуваме сето тоа, кое, во инородното население би возбудило сомнение на тесноград национализам. Поради таа причина го напуштивме зборот българска од револуционерната организација; истотка и таа од централниот комитет. Одринско од почетокот не влегуваше во нашата програма. Целото наше внимание тогаш беше насочено околу Македонија; но покасно почна да се зацврстува идејата во нас, така што нашата организација да го опфати и Одринско, каде судбината на христијанското население, особено на буграското, не се разликуваше со ништо од тоа на македонскиот народ и каде политичко-социјалните и економски услови беа речиси идентични со оние во Македонија. Притоа чл. 23 од Берлинскиот конгрес не охрабри доста во тој однос и зафативме попосле да го обмислуваме поопстојно и тоа прашање - дали ќе биде полезно, ако и Одринско биде вовлечено во нашата програма. Најсетне дојдовме до заклучок дека и таа област треба да составува дел од нашата ревулуционерна дејност, така што, на тој начин си мислевме дека се даваше едно задоволително решение на балканското прашање
... Долго расправавме за целта на таа организација, и најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент. Не можевме да го прифатиме ставот за „директно присоединување на Македонија кон Бугарија“, затоа што увидувавме дека тоа ќе сретне големи тешкотии, поради спротивставувањето на големите сили и аспирациите на соседните мали држави и на Турција. Ни поминуваше низ мислата дека една автономна Македонија потем би можела полесно да се обедини со Бугарија, а во краен случај, ако не се постигне тоа, дека ќе може да послужи како обединувачка алка на една федерација на балканските народи...Откако се согласивме за целта на нашата организација - на истата средба се зафативме да изработиме статут на Организацијата. Прирака ми беше еден том од „Записите“ на Захариј Стојанов, и од нив го зедовме за урнек статутот на „Бугарскиот револуционерен комитет“. Го задолживме Поп Арсов, врз основа на тој статут, да изработи нацрт за нашиот статут
... На истата седница долго се разгледуваше прашањето какво име да носи Револуционерната организација и Комитетот. Ова прашање ни одзеде прилично време, и најпосле, колку што се сеќавам, усвоивме да се наречат: „Македонска револуционерна организација“, а Комитетот – „Централен македонски револуционерен комитет“, а скратено „Ц.М.Р.К.“. На други средби статутот беше дефинитивно примен, сe така од истиот тој состав на шестмината. Тогаш веќе, во согласност со усвоениот статут, беше конституиран првиот Централен комитет, при што мене ме избраа за претседател, а Дамјана Груев за секретар и благајник
резиме:
Првото име на Организацијата е Македонска револуционерна организација,
Организацијата никогаш не се викала БМОРК, односно Бугарски макеодно-одрински револуционерни комитети
Целото име на првиот устав е Устав на Бугарските македоно-одрински комитети и тој е создаден во 1894

Статијата си е добра, можеби се потребни некои подобрувања, ама да не се бришат спомените на македонските револуционери.--Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 07:13, 2 јуни 2011 (CEST)Одговори

Далчо, сопри се малку. Избришав го овој дел од цитатот бидејќи беше за статутот, а не за целта на организацијата. А главата беше и е за целите, а не за статутот на организацијата. А за името го види: дедо ти Катарджиев на 11.03.2011 г. што вели! Jingiby (разговор) 07:50, 2 јуни 2011 (CEST)Одговори

ПП. Според повекето бугарски учени второто име на Организацијата е БМОРК. Jingiby (разговор) 08:52, 2 јуни 2011 (CEST)Одговори

Далчо, уште еднаш специално за тебе, каков е бугарскиот став, прифатен од речи си сите европски, американски, руски и балканскит изтражувачи на Македонското прашанье (без српските и македонските, то се знае) Пишувам го втор пат, оти сега видов дека си се уплетол погоре како пате во калчишта. Прво име МРО (1894-1897); Второ име БМОРК (1897-1902); Трето име ТМОРО (1902-1905); Четврто име ВМОРО (1905-1915); Пето име ВМРО (1919-1934); Забелешка: од 1915 до 1919 целото ВМОРО, и левите и десните се биле бугарски војници, унтерофицери, офицери и генерали. Jingiby (разговор) 09:30, 3 јуни 2011 (CEST)Одговори

Пред една година ја застапувавте тезата дека првото име на Организацијата е Бугарски македоно-одрински комитети, види разговори, кога прочитавте дека според Татарчев, Силјанов и многу други е МРО, ја застапувате тезата дека второ име е БМОРК, ама тоа е во контрадикторност со сведоштвата, имено Татарчев истакнува, без разлика која е целта самостојна Македонија или нејзино присоединување кон Бугарија, односно јасно вели дека:

Прифатен еднаш автономниот принцип, ни налагаше да бидеме последователни и во понатамошните решенија и да се избегнува сето она кое би го возбудило тесноградниот национализам кај инородните народи. Поради таа причина го напуштивме зборот бугарска од револуционерната организација, истотка и од централниот комитет

a тоа важи и за името на Организацијата, како ќе зачлениш Влав или Србин ако ти се вика Бугарски македоно-одрински комитети. Нема логика првин да се викала МРО а подоцна БМОРК тоа контрадикторно, посебно дека во периодот помеѓу 1897-1902 година, кога Организацијата станува масовно движење, кога во организацијата влегуваат грци, срби, власи и др. Името БМОРК е во спротивност на идеологијата на Организацијата.

Со посредство на Даме, во Организацијата бил вклучен Евреинот, Рафаел Камхи. На една од таквите агитации на Даме, некој Влав запрашал: Арно, господине Груев, да се запишеме во Комитетот, ама дали ќе сакате да се запишеме и како Бугари (егзархисти б.н)? На прашањето, Даме одговорил:

... ние не се интересираме кој каков е, ние сакаме да се работи за ослободувањето на Македонија. Кога таа ќе се ослободи делете се како сакате. Дотогаш сите имаме една вера, една идеја, една народност - а тоа е да бидеме борци за Македонија, види Лазо Т. Киселинчевъ, Тайнописътъ н Внатрешната македонска рев. Организация преди Илинденъ, Ил. Илинденъ, XI/9 (109), София, 1936

Што се однесува до левите и десните се биле бугарски војници, унтерофицери, офицери и генерали. Тоа е политика на Фердинанд, бидејќи немал доверба во Бугарите, кој можеле да го соборат, на сите позначајни места во бугарското опшетство назначувал македонци како страно тело кој зависеле од неговата добра волја.--Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 20:21, 3 јуни 2011 (CEST)Одговори

Во однос на Пето име ВМРО (1919-1934), ВМРО (Автономистичка) претставува наследник на старата Организација и не може да се општи дека Македонската револуционерна организација и ВМРО (Автономистичка) се една иста организација. Условите и егзистирањето на двете организации се различни, а во однос на целта има и еден чекор напред, односно ВМРО (Автономистичка) девизата автономна Македонија ја заменила со независна Македонија со што уште појасно било истакнато дека тие се бореле за самостојна македонска држава. Иако ВМРО (Автономистичка) била основана врз принципите на старата Македонската револуционерна организација сепак со текот на времето, особено по смрта на Тодор Александров, таа еволуирала во вистинска терористичка организација. Кога се менуваат методите и условите на делеување на една Организација, без разлика како таа се именува и на каква традиција се повикува, се прави динстикција, сличен пример е Ирската републиканска армија, види Irish Republican Army и Irish Republican Army (1922–1969) --Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 20:23, 3 јуни 2011 (CEST)Одговори

Сликите со натписи "СЛОБОДА ИЛИ СМРТ"

уреди

Се извинувам, но какви се овие натписи "СЛОБОДА ИЛИ СМРТ", каде сте ги виделе на печати, документи, знамиња и т.н. Сите натписи од тоа време се "СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЬ". Моментално овие наликуваат на некои фалсификати. Бидете поозбилни и ги коригирајте. Фала. 89.215.42.96 (разговор) 22:52, 10 јули 2012 (CEST)Одговори

Белешки

уреди
  1. Исторически преглед, том 25, издание на Българското историческо дружество, Институт за история на БАН, 1969 г. стр. 79.
  2. Пандевски, Манол. "Националното прашанье во македонското ослободително движенье (1893-1903)". Скопjе, Култура, 1974 г. стр. 71-76.
  3. Ванчо Ѓорѓиев, "Петар Поп Арсов - прилог кон проучувањето на македонското националноослободително движење", Скопје, 1997 г. стр. 44.
  4. Битоски, Крсте, сп. "Македонско Време", Скопје - март 1997 г.
  5. Акад. Иван Катарџиев, Кон спомените на И.Х.Николов... Скопје 1995. стр. 8-9.
  6. Извадок на промоцијата на Зборникот документи за Тодор Александров „Сè за Македонија” одржана во скопскиот хотел “Холидеј Ин”
  7. Duncan Perry The Politics of Terror: The Macedonian Liberation Movements, 1893-1903 , Durham, Duke University Press, 1988. pp. 40–41, 210 n. 10.
  8. Macedonia and the Macedonians: a history, Andrew Rossos, Hoover Press, 2008, ISBN 0-8179-4882-1, стр. 300.
  9. The national question in Yugoslavia: origins, history, politics, Cornell Paperbacks, Ivo Banač, Cornell University Press, 1988, ISBN 0-8014-9493-1, стр. 315.
  10. Encyclopedia of the age of imperialism, 1800-1914, Carl Cavanagh Hodge, Greenwood Publishing Group, 2007, ISBN 0-313-33404-8, p. 442.
  11. R. J. Crampton, East European Monographs, 1983, ISBN 0-88033-029-5, стр. 236.
  12. Who are the Macedonians? Hugh Poulton, C. Hurst & Co. Publishers, 2000, ISBN 1-85065-534-0, стр. 53.
  13. Duncan Perry The Politics of Terror: The Macedonian Liberation Movements, 1893-1903, Durham, Duke University Press, 1988. pp. 40-41, 210 n. 10.
  14. Fikret Adanir, Die Makedonische Frage: ihre entestehung und etwicklung bis 1908. , Wiessbaden 1979, p. 112.
  15. Болгарское национальное движение в Македонии и Фракии в 1894-1908 гг.: идеология, программа, практика политической борьбы, 2007, Автор: Лабаури, Дмитрий Олегович, Уральский государственный университет.

бојсха

уреди

ачлел лалеа

Елеонора Михајлова

уреди

Елеонора(Ставрејца) Михајлова, родена прејџе, на 29 април 1999 е македонска многу грда поетка шо пишува многу грди песни. Многу грдо рецитира.

БРИШЕЊЕ НА БЕЛЕШКИТЕ 1 и 2

уреди

Бидејќи белешките 1 и 2 не соодветсвуваат со вистината, односно ја отсликуваат Бугарската пропаганда и верзија на макеоднската историја, сметам дека треба да бидат одстранети, односно б1 може да остане но со драстично изменет текст а тоа е дека МРО, подоцна се прексртува во ТМОРО, па на крај ВМОРО по што престанува да постои. Фалсификатот наречен БМОРК нема допирни точки со ниту еден македонски револуционер, а атоа јасно се гледа од нивните спомени и мемоари - никој никаде не спомнал ни дека постои организација нарелена БМОРК, а далеку од тоа да биде нејзин член. БМОРК и да постоела си била сосема различна бугарска организација, која се борела за други идеи и за други цели. Благодарам, Forbidden History (разговор) 21:46, 20 октомври 2021 (CEST)Одговори

Назад на страницата „Македонска револуционерна организација“.