Единаесетта пешадиска македонска дивизија

Единаесетта пешадиска македонска дивизија била дивизиjа во составот на бугарската војска за време на Првата светска војна, во која се наоѓале над 30.000 Македонци.[1]

Основање и состав

уреди

Идејата за таква дивизиjа била на раководството на ВМРО и кругот околу Александар Протогеров. Наредбата за нејзиното создавање била донесена на 22 август 1915 година, а името Единаесетта македонска било дадено на 12 септември истата година.

Фактичката организацијата била спроведена во текот на општата бугарска мобилизациjа меѓу 1 и 4 септември. Составот вклучувал седум полкови, шест пешадиски, нарекувани 1-6 македонски полкови, и еден артилериски полк.

На првиот ден на војната во дивизиjата имало 34.745 офицери и војници. Офицерите во дивизиjата исто биле претежно од Македонија.

 
Фотографија од Петти македонски полк.

Воени деjствија

уреди

Во есента на 1915 година Единаесетта пешадиска македонска дивизиjа нападнала Србија во правец кон Вардарска Македонија во составот на Втора бугарска армиjа и имала значајно учество во успешните битки кај Струмица, Кавадарци, Неготино и Криволак против српски и француски експедициски трупи.

Во 1916 дивизиjата била префрлена на источниот сектор на Македонскиот фронт, каде успешно извршила напад во текот на бугарската офанзива меѓу реката Места и реката Струма против британските експедициски трупи.

Во 1917 воените деjства продолжиле, а во 1918, кога одделни бригади биле префрлени во составот на неколку различни позиции, дел од неа учествувал во успешната заштитна Битка кај Дојран на 18 и 19 септември 1918, во која биле победени многу посилни британски и грчки трупи.

Потоа во текот на офанзивата на Антантата во Вардарска Македонија Единаесетта пешадиска македонска дивизија отстапила во добар ред до денешниот Благоевград каде била демобилизирана, а во април 1919 година била конечно распуштена.

Извори

уреди
  1. "Светот го одбележа крајот на кланицата во Првата светска војна[мртва врска]", "Утрински весник", брoj 2835, среда, 12 ноември 2008.