Разговор:Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост

Последен коментар: пред 4 години од Forbidden History

Ова имево е многу необично и чудно. Соодветно име би било вака: Ден на бугарската и словенската култура и писменост. Вака како што е напишано нема никаква смисла.--MacedonianBoy 10:38, 24 мај 2009 (UTC)

а што има па таму слисла?--Р ашо 10:40, 24 мај 2009 (UTC)
Не зброувам за значењето на зборовите, туку на структурата на реченицата, премногу сврзници а сето тоа може се еден сврзник.--MacedonianBoy 10:41, 24 мај 2009 (UTC)
Вака како што е нашишано произлекува дека сѐ што е словенско потекнува од Бугарија. :-) --Wikimk (разговор) 10:47, 24 мај 2009 (UTC)
И поради тоа и поради невообичаената конструкција на реченицата. Мора да биде поедноставна.--MacedonianBoy 10:48, 24 мај 2009 (UTC)
Нешто не сте разбрали добро. "бугарската просвета и култура" односно не на Руската, Чехската, Српската и таку натаму словенски просвети и култури, само на бугарската, а исто така денот е и на "словенската писменост" (односно на обштата на сите словени) т.е. ова тебе да се гледа како реченица од 2 дела "бугарската просвета и култура" и "словенската писменост". --Стан (разговор) 10:57, 24 мај 2009 (UTC)
Не е добро да се преместува, затоа зашто се мени смислата на реченицата. Ден на бугарската и словенската култура и писменост изначува дека прославуваме словенската писменост и култура, а ние прославуваме бугарската (локално), и словенската писменост (глобално). Незнам дали го обjаснив добро. --Стан (разговор) 10:59, 24 мај 2009 (UTC)
Тоа го сфативме, истиот наслов е и за македонскиот празник. Проблем е структурата на реченицата, имено поедноставно и поразбирливо е да ја направиме со име како: Ден на бугарската и словенската просвета и култура. Ова е ок мислам.--MacedonianBoy 10:59, 24 мај 2009 (UTC)
Не е ок, ова не е ден на словенската просвета и култура (во целост), а само на бугарската. Реченицата 'Ден на бугарската и словенската просвета и култура предпоставува дека jа славиме „словенската просвета и култура“, кои не е верно. --Стан (разговор) 11:01, 24 мај 2009 (UTC)
Истото е Стан, само со памалку сврзници со бришење на непотребниот предлог на. Секако во секоја држава се чествува локално и глбално, така имаме: чествување на празникот како македонски и глобално, српски и глобално, чешки и глобално итн. Секаде е исто само ова име е чудно.--MacedonianBoy 11:03, 24 мај 2009 (UTC)

ПС:Значи дека се чествуваат двете, не само едното затоа има сврзник и. Разбираш?--MacedonianBoy 11:03, 24 мај 2009 (UTC)

Не е истото. Jас мислам дека знам подобро од тебе бугарски и подобро знам што пишува. Не се секам как да го обjасна попросто... Jа приеми реченицата во 2 дела "бугарска просвета и култура" и "словенска писменост", односно нешто локално (за Бугариja и Бугарите) и нешто глобално (за сите словени). --Стан (разговор) 11:05, 24 мај 2009 (UTC)
Значи Стан ти не разбираш. Бугарското име нека си е како сака но македонското не е точно од синтактичка смисла. Бугарското име е исто со името што јас го кажувам. Потполно исто само со помалку предлози и сврзници. Што е тука проблем.--MacedonianBoy 11:07, 24 мај 2009 (UTC)
На бугарски е истото како и на македонски, звучи странно во синтактична смисла. Еве како е преведено во англиската "Bulgarian Education and Culture, and Slavonic Literature Day" и во руската „День болгарского просвещения, культуры и славянской письменности“. Твоjата генерализациjа предпоставува дека jа славим целата "словенска култура", а тоа ние не го славим, само бугарската. Самата реченица „Ден на бугарската и словенската просвета и култура“ нема смисла, бидеjки е истото со „Ден на словенската просвета и култура“. А каj нас не се слави тоа, односно се губи смислата на празникот. --Стан (разговор) 11:14, 24 мај 2009 (UTC)
Ако има некаков начин да се преведе на македонски, без да се менува смислата "бугарската просвета и култура" и "словенската писменост" е добро, ама ова што го предлагуваш е грешен превод. --Стан (разговор) 11:18, 24 мај 2009 (UTC)
Ај нека седи. Но сепак е чудно на македонски јазик.--MacedonianBoy 11:19, 24 мај 2009 (UTC)
Мислам дека Стан е во право. Тоа е името во кое се слават два празника е се сврзани со сврзникот и. Тоа е исто како кога играат фудбал Босна и Херцеговина и Црна Гора. Има повеќе сврзници, но тоа се два поима само.--Р ашо 11:22, 24 мај 2009 (UTC)
Босна и Херцеговина против Србија и Црна Гора. Натпревар ли е или трунир :)--brest (разговор) 11:25, 24 мај 2009 (UTC)
Мини лига, и Република Српска би учествувала :)--MacedonianBoy 11:26, 24 мај 2009 (UTC)
Ги прочитав сите коментари и мислам дека Стан е во право. Се согласувам со коментарот на Рашо дека сврзникот „и“ доколку се избрише ќе се изгуби значењето. Станува збор за два различни празници ккои ги слават, а промените поради естетски ефекти може да имаат негативен ефект. Ова би требало да е статија за тоа кој празник и како се слави на 24 мај во Бугарија, а не треба да претставува статија за празнувањето на празникот во сите словенски земји. За да се објазни тоа во статија, потребно е да уредиме нова, која ќе се однесува глобално на значењето на празникот во сите словенски земји.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:34, 24 мај 2009 (UTC)
Гледам дека Рашо започнал да ја уредува статијата за празникот во Македонија (видете:Ден на македонските и сесловенските просветители и учители).--Kiril Simeonovski (разговор) 11:36, 24 мај 2009 (UTC)

Може некој да ми објасни зошто имаме статија на Македонска википедија за празник во Бугарија? Ако одиме по таа логика, статијава треба да се дополни со празниците на Кирил и Методиј во сите словенски земји, вака се дава погрешна претстава за словенските браќа Кирил и Методиј, кој не се родени во тогашното кралство Бугарија, туку вон него, во Солун. А на повик одат и ги покрстуваат и им даваат православна религија со што го отфрлаат Бугарското паганско минато. Глаголицата е направена за потреби за превод на библијата, а не за Бугарски потреби? Да не зборам дека нема никаков релевантен извор наведено за ништо. Така да молам оваа страна да се избрише од Македонската Википедија. За името на странава, не може да го оформуваме само затоа што Стан, така се чувствувал кога го слави овој празник? Како тоа Стан знае цела Бугарија што чувствува кога го слави празников? Дали слават сесловенски или локални - ОВа е Македонска википедија и треба да биде напишана на Македонска граматика,а не по чувствата на странец.--Forbidden History (разговор) 11:50, 4 ноември 2020 (CET)Одговори

@Kiril Simeonovski дали на овој начин се поставува предлошка за бришење? Нов сум и не ги знам точно овие работи. --Forbidden History (разговор) 14:05, 4 ноември 2020 (CET)Одговори

@Forbidden History: Не баш, но ја поправив и сега е како што треба да биде. Добра си беше предлошката првиот пат, но беше поставена на погрешно место.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:51, 4 ноември 2020 (CET)Одговори
Благодарам на корекцијата, иако имам многу знаење и архиви од темата историја, овие административни работи некогаш ме кочат. Но, морам некако да науччам. Извини што те замарам со прашањава. Благодарам --Forbidden History (разговор) 15:02, 4 ноември 2020 (CET)Одговори
Назад на страницата „Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост“.