Разговор:Васка Зојчева

Ајде да напишеме статии за сите Бугарки од Прилеп. Ви се молам! Статијата е полна со POV - јас ако му удрам шлаканица на Подпоручик, тој ќе биде маченик, и ќе треба да го ставиме во бугарски алманах? Boyan (разговор) 08:46, 21 март 2009 (UTC)

Таков ли сум ви трн во очите дека сите ме терате, сакате да ме тепате и банирате? Јас сум само еден наследник на македонци, се види со избришана национална свест. :/ Против сум бришањето на статијава зашто Васка Зојчева е била популарна во почекот на 20 век и самиот факт, дека Александар Караџорџевиђ ја барал во Софија го докажува. Подпоручикъ (разговор) 14:10, 21 март 2009 (UTC)

Девојчево е популарно само поради теснонационалистички интереси. Жалам, но статијава е за бришење, бидејќи не ги исполнува критериумите за енциклопедиска статија и не е проверлива. Boyan (разговор) 14:49, 21 март 2009 (UTC)

Зашто па да не е проверлив? Еве книгата на Коста Црнушанов - [1], Алманах Македонија [2], овде Кирил Прличевата книга [3] Подпоручикъ (разговор) 15:36, 21 март 2009 (UTC)

Ако определена тема има добиено значително покритие од веродостојни секундарни извори кои се независни за темата, се претпоставува дека ги задоволува критериумите за добивање за добивање сопствена статија. Тука, за жал не гледам такво нешто. Види и Википедија:Значајност. Boyan (разговор) 16:07, 21 март 2009 (UTC)

Исто види: Mercia MacDermott, FOR FREEDOM AND PERFECTION. The Life of Yané Sandansky од 450 страница натаму; па да разберете дека ова не е прецедент и изолиран случај ОВДЕ. Подпоручикъ (разговор) 16:26, 21 март 2009 (UTC)
Иако дефинитивно се сложувам дека девојчето е популарно само заради теснонационалистички интереси, сепак е популарно, го има во повеќе извори, па дури има стихотворба за неа... Мислам дека статијата треба да остане! :-) Патем, ме интересира што се случило со Васка во остатокот на нејзиниот живот, после овие страданија? Јас единствен шамар што сум го добил, е од една наставничка во основно училиште, мислам Вера дека се викаше, не добив никакви посебни признанија во животот после тоа, дури и му се приклучив на тиранинот и сега работам во образование. --FlavrSavr (разговор) 17:05, 21 март 2009 (UTC)
Затоа мислим има шаблон "никулец". Верувам дека наставничката ти не преподавала историја, затоа зашто ти ја знаеш во целите и граници. ;)Подпоручикъ (разговор) 17:19, 21 март 2009 (UTC)

Мислам дека некои корисници бадијала трошат време на вакви статии. Ги повикувам да напишат некоја статија која нема врска со маченици, истории и со тоа што биле Адам и Ева. На Балканот за жал има вишок од такви работи.

Имам неколку технички забелешки за статијата. Мене таа, од техничка гледна точка, ми изгледа како статија со мува на капата (читај: како напишана за да испровоцира реакцја од читателот).
Еве ги и деталите:

  • Работата која мене најмалку ми се допаѓа е тоа што над сликата пишува име и презиме, а под неа пишува прилепчанка - значи било која! Тоа укажува дека авторот на статијата ја ставил сликата на некое некое девојче за да направи икона (на маченик) и со тоа да додаде повеќе тежина на оваа недоречена статија.
  • Доколку Васка била на така груб начин казнета од краљот, дали сликата е направена пред неговиот престол (види слика) откако тој ја превоспитал?

Имајќи ги предвид овие информации статијава ја сметам за технички неконзистентна... за историјата не би дискутирал. Сметам дека тоа е причината поради која оваа статија не може да се смета дека има енциклопедиски карактер.

Згора на тоа на европски народи (а за такви ги сметам и македонскиот и бугарскиот) маченици од овој тип не им требаат. Народите како македонскиот и посебно како бугарскиот (со многу пославна историја и уште повеќе народ кој припаѓа на европското семејство во кое разликите се сметаат за богатство) вакви недоречености не им се потребни.
Поздрав, Wikimk (разговор) 18:13, 21 март 2009 (UTC)

Маченичеството врви редом до героизама, та што србите требе да заборават битката кај Косово и Видов дан ли? Доколко зборваш за прилепчанката, ова е допишано при редакција, ама не од авторот. Јас сум историк, не сум ботаник, физик, филолог и затоа пишам за историја. Подпоручикъ (разговор) 06:46, 22 март 2009 (UTC)
Не сум сигурен дека сѐ разбрав од твојата последна порака, ама за тој дел што го разбрав ќе ти одговорам.
Што се однесува до битката кај Косово мислам дека не е најмудро да се слават порази. Во прилог на ова оди и едно од можните објасненија за тоа зошто пропаднала Византија. Некои историчари велат дека една од причините е и тоа што политичарите (во последните години од нејзиното опстојување) не успеале да се издигнат над товарот на сопствената славната историја.
Сметам дека и балканските народи не успеваат да се издигнат над товарот на својата многу поскромна историја од историјата на многу други цивилизации кои постоеле и кои постојат во светов.
Во однос на професијата. Обајцата знаеме дека Википедија не е сигурен извор на информации. Со оглед на напорите кои ги вложуваш на Википедија јас имам извесни двојби во однос на професионалноста. Постојат места каде професионалците ги искажуваат своите мислења, ама тоа сигурен сум дека Википедија не е. Инаку, секоја чест на упорноста.
Поздрав, Wikimk (разговор) 18:07, 22 март 2009 (UTC)

Алманах Македонија

уреди

Колега Boyan, "Aлманах Македонија" е изработен под иницијатива на македонската емиграција во Бугарија, која се јавува и како негов финансиер. Редакциониот комитет за изработка на алманахот е во состав на тројца македонци: Илија Иванов - учител од Прилеп, Александар Развигоров - учител од Штип, и Димитар Ризов - учител од Битола, кој бил и политичар и дипломат. Редакциониот комитет сите собрани материјали во врска со издавањето ги поднел до Македонскиот национален комитет, како врховен водач на македонската емиграција, за преглед и одобрение за печат. Со писмо бр. 4987 од 6 јули 1919 година, Македонскиот национален комитет ги одобрил материјалите и издавателството на алманахот. Каде тука ја гледате бугарската држава или нејзините институции? Relativefrequency (разговор) 11:48, 21 март 2009 (UTC)

Во ред, поправив. Boyan (разговор) 11:51, 21 март 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис

уреди
  • цитирана книга наместо cite book, назив на шаблон на македонски јазик.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 12:59, 1 мај 2009 (UTC), управуван од Brest.

Оваа статија има енциклопедиски карактер

уреди

Васка Зојчева била позната во времето кога таа живеела, дури поетот Иван Вазов и посветува стихотворба. А нејзината значајност произлегува од тоа што по оваа случка со српскиот престолонаследник таа станува симбол на македонското ослободително движење. Дополнително, статијата е поткрепена со повеќе извори, меѓу кои алманах „Македонија“, изработен под иницијатива на македонската емиграција во Бугарија, книга на Кирил Прличев - син на големиот поет Григор Прличев, и книга од прилепчанецот Коста Црнушанов. Relativefrequency (разговор) 01:21, 19 август 2009 (UTC)

Штета. Ми изгледаш како добро информиран човек. Верувам дека ќе се сложиш дека ако на оваа енциклопедија би имало статија за песната Тешкото, а не би немало за Блаже Конески би било многу глупаво. Па така и за ова. Овде нема статија за Иван Вазов (јас инаку не знам кој е човекот), а има за Васка Зајчева.
Идејата за постоењето на Википедија е многу добра (колаборативно креирање на систем на знаење) ама ние балканците ја имаме максимално избалканизирано - референците не се сѐ на светот. Не се совршени и не се безгрешни, а има и такви кои не се достапни за сите.
Еве идеја за една многу подобра статија. Сметам дека би било добро овде да се напише статија и за светски наградуваниот документарец од Бугарија кој носи наслов Чия е тази песен? - тоа е многу попоучна работа одошто ова. Тој филм укажува многу поучни работи - според мене на тоа колку балканците се бедни во своите големи идеи и во убедувањата дека се почнува од нив. Верувам дека си го гледал и дека ќе најдеш начин да направиш квалитетна статија за него на Википедија на македонски јазик.
На крај не можам да не констатирам дека сум разочаран што не најде време да го поделиш со нас твоето мислење во врска со мојата последна порака на страницата за разговор за Македонците_во_Бугарија. Тоа мора да признам ми остава сомнеж за конструктивноста на твоите придонеси овде. Поздрав, --Wikimk (разговор) 06:55, 19 август 2009 (UTC)
Статијава е апслутна глупост. Нема ниту еден критериум за значајност исполнета. Да се брише одма. Видете Википедија:Статии за бришење. --Никола Стоіаноски 13:03, 19 август 2009 (UTC)

За една статија да биде избришата, таа треба да ги исполни критериумите за бришење. Кој од овие критериуми се исполнети за статијата за Васка Зојчева да биде избришана? Кој од критериумите за значајност не е исполнет? И дали Википедија во своите начела дефинира „тест“ за значајност или познатост? Relativefrequency (разговор) 13:50, 19 август 2009 (UTC)

Точно така нема никакви допирни точки со критериумите за значајност и енциклопедиска содржина. Поради тоа е и кандидирана. Чиста глупост на Википедија. Ајде да направиме статии за децата што се тепаа во Скопје. Нема смисла. Размислувај рационално не со средновековнобугарски пропагандистички и однароден ум.--Никола Стоіаноски 13:54, 19 август 2009 (UTC)

Википедија не е форум, па од тие причини коментарите ad hominem ги пропуштам. Сепак да те потсетам дека тука има одредени правила на однесување кои ти ги прекршуваш систематски. Сега да дискутираме конкретно на темата, со истите прашања:

  • Кои критериуми за брзо бришење се исполнети?
  • Кои критериуми за значајност не се исполнети?
  • Дали Википедија дефинира „тест“ за значајност и познатост?

Relativefrequency (разговор) 14:04, 19 август 2009 (UTC)

Колега ниту една. Кажи ми ти кои критериуми оваа статија ги исполнила? Ниту една. Девојче било удрено и големи чуда. Оди на Гугл и види што има за неа. Штом не ги испиолнува критериумите за значајност и енциклопедиска содржина веднап треба да се брише, нема потреба да ти наведувам критериуми. Читај правила. --Никола Стоіаноски 14:09, 19 август 2009 (UTC)

Гугл резултати: За оваа минорна личност има 92 резултати на 7 страници од кои две се од Википедија. Остануваат само пет форуми. Ова се брише под итно.--Никола Стоіаноски 14:11, 19 август 2009 (UTC)

Сите пет критериуми за значајност по однос на насловот на статијата се исполнети. Исто така, нема ниту еден критериум за брзо бришење кој оваа статија го исполнува. Ниту пак Википедија го дефинира Google како „тест за значајност и познатост. Да те потсетам дека:

  • На Википедија, значајноста е базирана на енцикопедиската соодветност на насловот на статијата. Насловот на статијата треба да биде значен. Значајноста не е иста со славата, важноста или популарноста, иако овие поими често се тесно сврзани со важноста.

Твоите тврдењата се неосновани и од аспект на значајност и од аспект на брзо бришење. Статијата треба да остане. Relativefrequency (разговор) 14:19, 19 август 2009 (UTC)

Кои критериуми се изполнети? Кои критериуми за значајност? Наведи еден. Што покрива темата? Дали имаме сериозни извор? Дали темата е широкопозната меѓу луѓето? Дали надворешните пребарувачи покажуваат многу резултати што ќе ги подржат твоите тези? Дали имаме силни примарни извори? Дали неутралната гледна точка е исполнета? Дали изворуте се проверливи? Дали имаме фринџ теори? Дали критериумите за квалитет се исполнети? Дали нема оригинално истражување во статија? Дали ова е статија со пропагандистички цели? Се е против твоите размислувања. Статијава е за бришење и не коментирам повеќе за ова. --Никола Стоіаноски 14:24, 19 август 2009 (UTC)
ПС:А од петте, само првиот е исполнет. А од општите правила за брзо бришење, оваа статија се брише според правилото А7--Никола Стоіаноски 14:25, 19 август 2009 (UTC)

Енциклопедиската соодветност е очигледно исполнета по однос на насловот на статијата, кој е предмет на наведеното правило од Википедија. Јасно е наведено дека значајноста не важи за содржината на статијата и што таа покрива, но тоа не значи дека статијата не може да се прошири, подобри, да се додадат нови извори. Критериумот за брзо бришење што го наведуваш не соодветствува бидејќи се однесува на живи луѓе, животни или организации. Исто така, критериумот не може да се примени бидејќи:

  • The criterion does not apply to any article that makes any credible claim of significance or importance even if the claim is not supported by a reliable source.

а статијата очигледно има веродостојни тврдења за значајност кои дури се поддржани од доверливи и проверливи извори. Relativefrequency (разговор) 14:43, 19 август 2009 (UTC)

Здраво RelFrequ. Гледам одговорите на моите прашања и конструктивнии сугестии ги избегнуваш. Со надеж дека овој пат ќе се обидеш да одговориш јас ќе го повторам тоа што горе го пишав:

Штета. Ми изгледаш како добро информиран човек. Верувам дека ќе се сложиш дека ако на оваа енциклопедија би имало статија за песната Тешкото, а не би немало за Блаже Конески би било многу глупаво. Па така и за ова. Овде нема статија за Иван Вазов (јас инаку не знам кој е човекот), а има за Васка Зајчева.
Идејата за постоењето на Википедија е многу добра (колаборативно креирање на систем на знаење) ама ние балканците ја имаме максимално избалканизирано - референците не се сѐ на светот. Не се совршени и не се безгрешни, а има и такви кои не се достапни за сите.
Еве идеја за една многу подобра статија. Сметам дека би било добро овде да се напише статија и за светски наградуваниот документарец од Бугарија кој носи наслов Чия е тази песен? - тоа е многу попоучна работа одошто ова. Тој филм укажува многу поучни работи - според мене на тоа колку балканците се бедни во своите големи идеи и во убедувањата дека се почнува од нив. Верувам дека си го гледал и дека ќе најдеш начин да направиш квалитетна статија за него на Википедија на македонски јазик.
На крај не можам да не констатирам дека сум разочаран што не најде време да го поделиш со нас твоето мислење во врска со мојата последна порака на страницата за разговор за Македонците_во_Бугарија. Тоа мора да признам ми остава сомнеж за конструктивноста на твоите придонеси овде. Поздрав, --Wikimk (разговор) 06:55, 19 август 2009 (UTC)

Штета што за филмот и за Иван Вазов (за него бг.вики вели: патрон на бг. литература) немаме статии, ама за Васка за која google дава само 12 резултати имаме. Знам дека БГ има и луѓе кои не се историчари пробајте и за нив да пишувате. За да се запознаеме подобро.
--Wikimk (разговор) 14:55, 19 август 2009 (UTC)

Википедија не е форум, ниту пак нашите лични мислења се релевантни. Relativefrequency (разговор) 15:01, 19 август 2009 (UTC)

Така е! Ама ова значи и дека одбиваш да направиш статија за две МНОГУ ЗНАЧАЈНИ РАБОТИ ЗА БУГАРИЈА. Тој дел од твоето мислење Википедија не е форум не ми се допаѓа. До Бога! Човекот е ПАТРОН, а филмот е наградуван на светски фестивали. Ако Васака е позначајна од тие работа тогаш јас ќе гласам да остане статијата :-) Со твоето мислење Википедија не е форум (кое мене ми изгледа како неспретен изговор) навреди уште многу вредни бугарски имиња кои не се иторичари и историски личности а заслужуваат да ги запознаеме.
--Wikimk (разговор) 15:10, 19 август 2009 (UTC)
Сум слушнал дека таму има врвни светски кардиолози. --Wikimk (разговор) 15:12, 19 август 2009 (UTC)
Дадов што прекршува статијата и плус нешто: ова е Википедија за говорниците на македонски јазик и оваа личност не е позната. Бидејќи и Гугл не дава соодветни резултати, нема долго да стои статијава на Википедија.--Никола Стоіаноски 15:13, 19 август 2009 (UTC)
не ја бриши, почекај нека направи статија за Иван Вазов дел од материјалот од оваа статија би можел да влезе таму. Мислам дека тоа е конструктивни, а потоа самата статија за Васка ќе може да ја избришеме и тоа нема да претставува никаков проблем. Поздрав, --Wikimk (разговор) 15:17, 19 август 2009 (UTC)
Види, воопшто не ми е гајле за оваа личност, мислиш сварно ова мрсулче знаело да каже дека е Бугарка? Глупости бугарски. Но нема да дозволам глупости да има на МК Вики. Ова не е „БГ ВИКИ“ па да правиме мизерни, незначајни и одвартни статии.--Никола Стоіаноски 15:21, 19 август 2009 (UTC)
Не мислам ништо. Ова за што зборував е само конструктивен предлог да добиеме некоја квалитатна содржина повеќе. Да не испадне дека нешто за инает се прави. Згодно е да имаме и статии за бугарски кардиолози, научници од светски глас, писатели и сл. Така подобро ќе се запознаеме. --Wikimk (разговор) 15:27, 19 август 2009 (UTC)
Такви статии немаат на „бугарската Википедија“, не пак тука. Гледаш со какви непознати работи се занимаваат.--Никола Стоіаноски 15:29, 19 август 2009 (UTC)
Јас на БГ Вики не одам и не знам како е, ама ако е така тогаш жалам. Оти верувам дека има многу убави и вредни работи кои може да се научат за Бугарија. --Wikimk (разговор) 15:38, 19 август 2009 (UTC)

Да ве потсетам дека Википедија не е форум и дека нашите мислења за Васка Зојчева се ирелевантни. Нема да ги коментирам недоличностите на еден од администраторите, кои се спротивни на правилото за однесување. А секоја википедија се пишува на некаков јазик, но не е енциклопедија на една или друга етничка група. Во конкретниов случај критериумите за бришење не се исполнети. Критериумите за значајност се исполнети. Статијата треба да остане. Relativefrequency (разговор) 15:32, 19 август 2009 (UTC)

Колега кои се тие критериуми што ги исполнила? Те прашав прееска не одговори. Ќутиш. Нема ниту еден. Уште еден ден најмногу им давам на статијава.--Никола Стоіаноски 15:34, 19 август 2009 (UTC)
ПС:Со тебе нема што да се разговара повеќе, не даваш соодветни коментари, туку се вртиш во круг - бугарски, а не енциклопедиски.--Никола Стоіаноски 15:36, 19 август 2009 (UTC)
Ако нашите мислења се ирелевантни тогаш Википедија че ја уредуваа компјутери и ниту јас ниту ти немаше да бидеме тука. Те молам направи статија за Иван Вазов. --Wikimk (разговор) 15:38, 19 август 2009 (UTC)

Предлагачот на „брзото бришење“ и „незначајноста“ треба да објасни на кој од релевантните критериуми се повикува. Критериумите на кои што ти се повика, едноставно не се применливи во дадената ситуација. Ако има некој друг критериум кој во меѓу време си го пронашол, слободно ќе го дискутираме. Но сепак зачудувачки е зошто Иван Вазов нема статија во оваа Википедија, а е по потекло од Егејска Македонија. А има статија за Егејци? Relativefrequency (разговор) 15:43, 19 август 2009 (UTC)

Јас кажав два пати до сега и наведов еден од основните критериуми, а тоа што не сакате или не можете да ги прочитате не ме интересира. Немам намера по сто пати да ти објаснувам, знаеш на кого се објаснува по сто пати. Толку од мене.--Никола Стоіаноски 15:47, 19 август 2009 (UTC)

Не е проблем, за тоа сме тука да ги објасниме работите. Критериумот што го наведуваш не е применлив бидејќи:

  • The criterion does not apply to any article that makes any credible claim of significance or importance even if the claim is not supported by a reliable source.

а статијата очигледно има веродостојни тврдења за значајност кои дури се поддржани од доверливи и проверливи извори. Еден од изворите беше од англиски писател и историчар, но беше избришан.

Нема извори. Фринџ теорис и неверодостојни еднострани извори. Со еден збор сомнителни.--Никола Стоіаноски 16:01, 19 август 2009 (UTC)
Ако затоа што типот бил Егеец нема статија овде, тогаш немој да правиш. :-) Нека остане статијата за Васка! Знаеш на Википедија може да најдеш статии дека Македонци не постојат, ама ај да се вратиме на темата оти Википедија не е форум ;-) ...a? И јас можам така да одбегнувам одговори. Значи за да бидам конструктивен предлагам направи статија и за Чия е тази песен? таму на крајот филмот завршува со Бугари. --Wikimk (разговор) 16:10, 19 август 2009 (UTC)

Еднаш велиш дека нема извори, потоа велиш дека изворите се неверодостојни и еднострани. Но затоа Википедија е отворена енциклопедија и дава еднакви можности на секого да го подобрува квалитетот на статиите. Ако било кој има некакви нови извори за Васка Зојчева, тогаш нивното место им е тука, какви и да се тие, јас сум за компромис и верувам дека ќе се дојде до некакво прифатливо решение. Relativefrequency (разговор) 16:17, 19 август 2009 (UTC)

и јас сум за компромис. во статиајта за Вазов може да има дел постветен на симболиката поврзана со Васка. мислам дека на балканов не му требаат жртви повеќе. затоа сметам дека е многу поучно за сите уредувачи овде да се нашише статија и за филмот Чия е тази песен? за да си знаеме сите во што сѐ уште се давиме на почетоков на веков. --Wikimk (разговор) 16:32, 19 август 2009 (UTC)
Да се напише еден пасус за оваа чупенце во некоја статија, тоа може. Како посебна статија нема шанса да остане.--Никола Стоіаноски 16:35, 19 август 2009 (UTC)
Статијава ќе ја избришам и е префрлена во статијата за тој писателот.--Никола Стоіаноски 17:00, 19 август 2009 (UTC)
Назад на страницата „Васка Зојчева“.