Пјетро Паоло Вирдис
Антонио Пјетро Паоло Вирдис (роден на 26 јуни 1957 година) — италијански фудбалски менаџер и поранешен играч, кој играл како напаѓач. Во текот на неговата кариера, тој играл за Нуорезе, пред да заигра во Серија А за Каљари, Јувентус, Удинезе и Милан; кариерата ја завршил во Лече. Познат по своето око за гол, со Јувентус, тој освоил две титули во лигата и еден Куп на Италија; со Милан, тој станал најдобар стрелец во лигата во 1987 година, исто така, ја освоил титулата во лигата и Суперкупот на Италија во 1988 година, и бил дел од победата на клубот во Европскиот куп во 1989 година. На меѓународно ниво, тој ја претставувал Италија на Летните олимписки игри 1988 година, помагајќи му на тимот да го освои четвртото место.
Пјетро Паоло Вирдис | |||
---|---|---|---|
Вирдис во 1975 година | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Антонио Пјетро Паоло Вирдис | ||
Роден на | 26 јуни 1957 | ||
Роден во | Сасари, Италија | ||
Висина | 1.82 m | ||
Позиција | напад | ||
Младинска кариера | |||
1971–1973 | Јувенилија Сасари | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1973–1974 | Нуоресе | 25 | (11) |
1974–1977 | Каљари | 75 | (24) |
1977–1980 | Јувентус | 45 | (8) |
1980–1981 | Каљари | 22 | (5) |
1981–1982 | Јувентус | 30 | (9) |
1982–1984 | Удинезе | 45 | (12) |
1984–1989 | Милан | 135 | (53) |
1989–1991 | Лече | 46 | (8) |
Вкупно | 423 | (130) | |
Репрезентација | |||
1976–1978 | Италија 21 | 8 | (1) |
1987–1988 | Олимписки тим | 15 | (9) |
Тренер на екипи | |||
1998–1999 | Катанија | ||
2001 | Витербезе | ||
2002 | Ночерина |
Клупска кариера
уредиРоден во Сасари, Италија, Вирдис ја започнал својата кариера во својата родна Сардинија со аматерскиот тим Нуоресе од Серија Д во 1973 година, постигнувајќи 11 гола во својата прва сениорска сезона на млада возраст од 16 години. Подоцна му се приклучил на Каљари, правејќи го своето деби во Серија А на 6 октомври 1974 година во лигашки натпревар против Виченца.
Во 1977 година, тој му се приклучил на Јувентус, каде што играл до 1982 година, со исклучок на едногодишниот престој во Каљари во 1980-1981 година. Откако не успеал да најде првотимско место, во 1982 година го напуштил Јувентус и потпишал за Удинезе. [1] Во 1984 година, тој потоа се преселил во Милан, каде што го уживал својот најдобар период на клупско ниво. Тој го направил своето деби во Серија А со клубот во поразот со 2-1 на гостувањето кај Парма на 22 август 1984 година, и играл пет сезони со росонерите, освојувајќи ја титулата најдобар стрелец во Серија А во текот на сезоната 1986-87, со 17 гола; тој, исто така, ја освоил титулата во Серија А 1987-88 и Суперкупот на Италија во 1988 година со клубот, проследен со Европскиот куп 1988-89. Вкупно, тој забележал 186 настапи за Милан, постигнувајќи 76 гола, од кои 53 биле постигнати во Серија А на 135 натпревари. Во 1989 година, на 32-годишна возраст, тој го напуштил Милан за да му се приклучил на Лече, каде што ги поминал последните две сезони како професионален фудбалер пред да се пензионира во 1991 година [2]
Меѓународна кариера
уредиИако никогаш не добил повик за сениорскиот тим, [3] му помогнал на италијанскиот олимписки тим да се квалификува за Сеул 1988 година. На турнирот, тој постигнал три гола во шест натпревари додека Италија стигнала до полуфиналето, губејќи со 2-0 од Западна Германија во финалето за бронзениот медал. Пред тоа, тој се натпреварувал на Европското првенство за фудбалери до 21 години на УЕФА во 1982 година со репрезентацијата на Италија до 21 години.
Менаџерска кариера
уредиПо повлекувањето од активниот фудбал, Вирдис се обидел да продолжи со кариерата како менаџер. Во ноември 1998 година тој ја презел својата прва менаџерска улога, станувајќи главен тренер на клубот од Серија Ц1, Атлетико Катанија, [4] сепак, бил отпуштен подоцна во април 1999 година [5]
Тој потоа се вратил на раководството во март 2001 година, прифаќајќи ја понудата од Витербесе од Серија Ц1. [6] Сепак, неговиот мандат траел само два месеци, бидејќи бил отпуштен во мај истата година. [7] Во април 2002 година тој ја прифатил менаџерската улога во Ночерина, водејќи го тимот во последните неколку недели од сезоната. [8]
Подоцна го напуштил фудбалот и отворил ресторан и вински бар во Милано. Сепак, во јули 2008 година тој го изјавил својот интерес да се врати во менаџментот. [9]
Статистика
уредиКлуб | Сезона | лига | ||
---|---|---|---|---|
Лига | Настапи | Голови | ||
Нуоресе | 1973–74 | Серија Д | 25 | 11 |
Каљари | 1974–75 | Серија А | 19 | 0 |
1975–76 | Серија А | 23 | 6 | |
1976–77 | Серија Б | 33 | 18 | |
Вкупно | 75 | 24 | ||
Јувентус | 1977–78 | Серија А | 10 | 1 |
1978–79 | Серија А | 23 | 6 | |
1979–80 | Серија А | 12 | 1 | |
Вкупно | 45 | 8 | ||
Каљари | 1980–81 | Серија А | 22 | 5 |
Јувентус | 1981–82 | Серија А | 30 | 9 |
Удинезе | 1982–83 | Серија А | 16 | 2 |
1983–84 | Серија А | 29 | 10 | |
Вкупно | 45 | 12 | ||
Милан | 1984–85 | Серија А | 28 | 9 |
1985–86 | Серија А | 28 | 6 | |
1986–87 | Серија А | 28 | 17 | |
1987–88 | Серија А | 25 | 11 | |
1988–89 | Серија А | 26 | 10 | |
Вкупно | 135 | 53 | ||
Лече | 1989–90 | Серија А | 25 | 4 |
1990–91 | Серија А | 21 | 4 | |
Вкупно | 46 | 8 | ||
Вкупно кариера | 423 | 130 |
Почести
уредиЈувентус [1]
- Серија А: 1977–78, 1981–82
- Копа Италија: 1978–79
- Серија А: 1987–88
- Суперкуп на Италија: 1988 година
- Европски куп: 1988–89
Индивидуални
- Најдобар стрелец во Серија А : 1986–87 [10]
- Куќата на славните на Милан [2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Stefano Bedeschi (26 June 2013). „Gli eroi in bianconero: Pietro Paolo VIRDIS“ (италијански). Tutto Juve. Посетено на 6 February 2016.
- ↑ 2,0 2,1 „A.C. Milan Hall of Fame: Pietro Paolo Virdis“. acmilan.com. Посетено на 1 April 2015.
- ↑ „Dieci italiani più uno che avrebbero meritato la nazionale“ (италијански). La Repubblica. Посетено на 26 February 2017.
- ↑ „Virdis allenatore dell'Atletico Catania“. Il Corriere della Sera (италијански). 28 November 1998. Посетено на 10 June 2009.
- ↑ „L' Atletico Catania esonera Virdis“. corriere.it (италијански). 13 April 1999. Посетено на 10 June 2009.
- ↑ „Viterbese-Virdis, presentazione polemica“ (италијански). La Gazzetta dello Sport. 14 March 2001. Посетено на 10 June 2009.
- ↑ „La Viterbese ha licenziato Virdis“ (италијански). Corriere della Sera. 15 May 2001. Посетено на 10 June 2009.
- ↑ „Arezzo: promosso Pellicano' la Nocerina sceglie Virdis“ (италијански). La Gazzetta dello Sport. 19 April 2002. Посетено на 10 June 2009.
- ↑ „Anche Virdis ricade in tentazione: "Voglio fare l' allenatore"“ (италијански). Corriere della Sera. 12 July 2008. Посетено на 10 June 2009.
- ↑ Roberto Di Maggio; Igor Kramarsic; Alberto Novello (11 June 2015). „Italy - Serie A Top Scorers“. RSSSF. Посетено на 2 December 2015.