Александар Томов
Александар Томов (1944, Софија, Бугарија) - бугарски писател, поет, драматург и сценарист.
Животопис
уредиТомов е роден во Софија, во 1944 година. Во родниот град дипломирал бугарска филологија, а потоа работел како уредник во Радио Софија и како сценарист во Бугарската кинематографија.[1]
Творештво
уредиНајважни дела на Томов се: „Улицата кон предградието“, „Кварт на надежта“, „Света Ана“, „Сеќавање“, „Корупција“, „Ветерница“, „Луминисцентни балади“, „Птичја елегија“ итн. Најголем успех постигнал со романот „Корупција“ и со збирката „Птичја елегија“. Во неговиот опус доминира темата на предградието - преку јунаците на периферијата тој ги разработува проблемите на современиот човек.[1]