Пчелин восок

хемиско соединение

Пчелин восок — нуспроизвод на пчелите работнички кои го произведуваат со лачење од восочните жлезди за да направат саќе. Овие восочни жлезди се трансформирани хипердермални клетки на хитинозната обвивка и се наоѓаат по четири пара на централната страна на телото. Надворешната страна е покриена со мазна проѕирна кутикула (т.н. огледала).

Восочно саќе

За да лачат восок на пчелите им е потребен мед и поленов прав. Восокот се ослободува од восочните жлезди во вид на тенок секрет и во контакт со воздухот се стврднува во вид на мали и проѕирни плочки. Пчелите градат саќе џвакајќи ги восочните плочки и мешајќи ги со плунка, па ги доградуваат во основи во облик на шестаголни ќелии.

Својства на восокот

уреди

Бојата на восокот е бела преку жолта до жолтокафеава, што зависи од обоените материи кои од поленовите зрна преминуваат во восокот. Восокот е тврд, малку жилав, непроѕирен, има пријатен мирис, а со гмечење станува пластичен, не се раствора во вода, но лесно се раствора во етер, бензин, хлороформ и сл. Една силна пчелна колонија може да произведе најмногу 5-7 кг восок во текот на годината.

Се топи на температура од 62 до 72 °C.[1]

Хемиски состав

уреди

Во хемиска смисла, восокот припаѓа на класата на едноставни липиди. Неговата структура е слична на структурата на маснотиите. Во состав на пчелниот восок влегуваат: 70-75% естри, 11-17% јаглеводороди, 12-15% органски масни киселини, 0,1-2,5% вода, како и повисоки алкохоли, каротиноиди, ароматични и минерални материи и специјални примеси како полен и прополис.[2][3] Специфичната тежина на восокот на температура од +15 °C е 0,956 - 0,969, лесно се топи на температура од 56-64 °C и мириса на мед од растенијата од кои е собран, а со подолго стоење мирисот исчезнува.

Восокот во минатото

уреди

Во старо време, восокот се користел во медицината за правење мелеми и восочни бои. Старогрчкиот историчар Херодот оставил информации за балсамирање на трупови со восок. На Првиот вселенски црковен собор во 325 година во Никеја било донесено правило свеќи да се прават од чист восок за верските обреди со цел „да се принесат жртви паленици на живиот Бог како благодарност за сите совршени дарови што сме ги добиле од него“ (пред тоа, наместо една свеќи, биле горени, телиња, овци, гулаби, итн.).

Старите Грци и Римјани ги премачкувале плочите со восок и на нив пишувале со помош на зашилени предмети. Со восок ги осветлувале нивните домови, балсамирале трупови и го користеле во медицината за подготовка на разни мелеми, а го користеле и за правење восочни бои.[4]

Пчелин восок се користи во народната медицина речиси исто колку и медот. Познато е дека во старо време, особено кај старите Словени, не се тргнувало на пат без малку мед и восок. Исто така, се вели дека луѓето ги преживеале војните џвакајќи парче восок со денови.[5]

Примена на восокот

уреди
 
Восочни свеќи и други предмети.

Восокот денес нашироко се користи во фармацевтската индустрија при производство на; фластери, масти и мелеми, а во медицината се користи во мулажирање при што е дел од основниот формиран и изливен материјал во различни случаи на хируршката пракса.

Восокот се смета за универзална суровина бидејќи може да се користи за околу 2000 различни намени. Но, во пракса најмногу се користи за изработка на восочни сатни основи, со цел да се забрза и насочи изградбата на саќе, како и при производство на свеќи.[6]

Се користи во лечење на синуси, поленска кивавица, астма, фарингитис, ларингитис, чир на желудникот,[7] лечење на рани, бронхитис, алергии,[8] ревматизам, отоци, исчашувања, чистење на забен камен.[9]

Восокот се користи и при леење злато и златни прачки за обложување на калапи во кои се истура стопеното злато. Тоа се прави за да нема „лепење“ на златото на калапот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Стојковић, Љубинка. „Energija pčelinjeg voska u službi zdravlja: Prirodni antibiotik protiv virusa i gljivica! prije 2 godine“. bhpcelar.ba. Архивирано од изворникот на 2022-05-31. Посетено на 18 јануари 2021.
  2. „SASTAV I GLAVNA SVOJSTVA PČELINJEG VOSKA“. dijetamesecevemene. Посетено на 18 јануари 2021.
  3. Јевтић, Проф. др Десимир. „ПЧЕЛИЊИ ВОСАК“. drustvopcelarabgd.com. Архивирано од изворникот на 2016-10-05. Посетено на 18 јануари 2021.
  4. „Pčelinji vosak“. tehnologijahrane.com. Посетено на 18 јануари 2021.
  5. „Vosak u narodnoj medicini“. suprs.info. Архивирано од изворникот на 2022-02-11. Посетено на 18 јануари 2021.
  6. „Vosak - Pčelinji proizvod sa 1000 namena“. pcelinjacistankovic.com. Посетено на 18 јануари 2021.
  7. „Pčelinji vosak“. apiterapija.rs. Посетено на 18 јануари 2021.
  8. „MELEM ZA SVE BOLJKE: Pčelinjim voskom izlečite rane i sinuse“. republika.rs. Посетено на 18 јануари 2021.
  9. „Pčelinji vosak – upotreba, prednosti, iskustva i cena“. zdraviljudi.com. Посетено на 18 јануари 2021.

Литература

уреди
  • Мр Пантелија Пантелић, „Азбука пчеларства“, Београд 2001.

Надворешни врски

уреди