Прво трновско востание

Првото трновско востание избувнало во 1598 година во близина на Трновград. Востанието претставува едно од првите организирани воени дејства на Бугарите против Османлиското Царство, при нивното освојување на Балканот.

Прво трновско востание
Датум 1598
Место блиску Трново, Бугарија
Исход Османлиска победа
Завојувани страни
Бугарски востаници Османлиско Царство
Команданти и водачи
Шишман III, Тодор Балина непознато
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
непознато непознато

Позадина уреди

Во 1592 година започнала Австриско-турската војна, кој завршила во 1606 година. Хабсбуршка Австрија се обидела да создаде широка антиосманлиска христијанска коалиција во која ги вклучила вазалните османлиски територии: Влашка, Молдавија и Трансилванија. Во текот на есента 1594 година, сојузничките сили на чело со кнезот на Влашка, Михаил Битазул ги нападнале османлиските тврдини по текот на реката Дунав. Тие успеале да ги заземат регионските села кај Плевен и Никопол во денешна Северна Бугарија. По ова, сојузничките сили се упатиле кон југ и стигнале до Едрене. Во меѓувреме избувнале и други востанија. Во 1595 година околу 2.000 ајдутски чети ја нападнале Софија, а во 1596 година ајдутството се проширило и во регионот на Софија и Ниш. Од страна на австриските и папските агенти биле привлечени голем број на трговци од регионот на Трново, чија цел била да се организира востание против власта на Османлиите.

Подготовка и текот на востанието уреди

Територијата каде било организирано востанието била разделена на неколку региони: Тодор Балина бил задолжен за регионот од Никопол до Стара Планина, Петар Џорџиќ за Варна, Шумен и Пловдив а браќата Соркочевичи за Трново и Русе. Организаторите на востанието силно сметале за поддршката на Сигисмунд Батори и Рудолф II од Австрија. Австрија им обеќала на востаниците сила од 4.000 пешадија и 2.000 коњаница. Почетокот на востанието го дал походот на влашките воски на чело со Михаил Битазул во Северна Бугарија.

По ова, Бугарите го дигнале востанието. Биле соберени околу 12.000 востаници[1]. Шишман III од Бугарија бил прогласен за новиот цар на Бугарија. Востаничките акции многу бргу се распространиле во околните региони на Бугарија, но Османлиите успеале крваво да ги задушат. Водачите на востанието по ова побегнале во Влашка. Заедно со нив побегнале и уште 50.000 Бугари.

Како причини за неуспех се смета неисполнувањето на договорот на Австрија, која требала да пушти воена помош на востаниците.

Наводи уреди

  1. „First Tarnovo Uprising“ (бугарски). Rodovo nasledstvo. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2006-09-09.