Прашка пролет

периодот на ослободување на Чехословачка од 5 јануари до 21 август 1968 година
(Пренасочено од Прашката пролет)

Прашка пролет (чешки: Pražské jaro, словачки: Pražská jar) — периодот на политичка либерализација во Чехословачка во времето на доминацијата на СССР со Источниот блок, по Втората светска војна. Прашката пролет започнала на 5 јануари 1968 г. година со доаѓањето на власт како Прв секретар на Комунистичката партија на ЧССР на реформистот Александар Дубчек, и траела до 21 август истата година кога Советскиот Сојуз и дел од сојузниците од Варшавскиот пакт извршиле инвазија врз Чехословачка и промена на политичкото раководство.

Чехословачки демонстранти со националното знаме пред уништен советски тенк

Реформите кои ги спроведувал Дубчек имале за цел да обезбедат повеќе демократски права за граѓаните и делумна децентрализација на економијата. Меѓу реформите кои биле спроведени биле: поголемата слобода на медиумите, слобода на говорот и слободно движење и патување.

Реформите не биле прифатени од останатите комунистички земји, пред сѐ од СССР. Поради несогласувањето со нив, воените сили од неколку земји предводени од СССР извршиле инвазија врз Чехословачка, ги прекинале реформите и по кратко време воспоставиле нова власт која била целосно лојална на советскиот модел.

Реформи

уреди

Во февруари 1968 г, на 20-годишнината од преземањето на власта во Чехословачка од страна на комунистите, Дубчек одржал говор во кој ги образложил потребите за промени по триумфот на социјализмот. Тој рекол дека е потребно да се „зајакне водечката улога на партијата поефективно“[1] и признал дека, и покрај настојувањето на неговиот претходник Клемент Готвалд за подобри односи со општеството, Партијата пречесто преземала непопуларни одлуки за тривијални прашања. Дубчек објавил дека мисијата на Партијата е да „изгради напредно социјалистичко општество засновано на здрави економски темели&... социјализам кој ќе кореспондира со историските демократски традиции на Чехословачка, во согласност со искуствата на другите комунистички партии...“[1]

Во април 1968 г. Дубчек ја претставил „Акционата програма 1968“ за либерализација, која вклучувала слобода на печатот, слобода на говорот и слобода на движење, со економски акцент на потрошувачките добра и можноста за повеќепартиски систем. Програмата се засновала на гледиштето дека „социјализмот не може да значи само ослободување на работничката класа од нејзините експлоататори, туку мора да обезбеди поисполнет живот на секој човек од било кое буржоаско општество.“[2] Програмата ја ограничила и моќта на тајната полиција.[3] и предвидувала уставен закон за федерализација на ЧССР во две рамноправни држави - Чешка и Словачка.[4] Програмата се осврнувала и на меѓународните односи и предвидувала одржување на добри односи со западните земји, како и соработка со Советскиот Сојуз и другите комунистички земји.[5] Таа предвидувала транзиција во тек од десет години, во која ќе се овозможат демократски избори и нова форма на демократски социјализам кој ќе го замени тековниот систем.[6]

Пишувачите на Програмата биле внимателни да не ги критикуваат акциите на повоениот комунистички режим, туку само истакнувале дека тие акции не се веќе корисни.[7] На пример, го оправдувале повоеното „централистичко управување засновано на директиви како одговор на остатоците на буржоазијата“. „Бидејќи антагонистичките класи веќе се победени во социјализмот“, велела програмата, „овие методи повеќе не се потребни“.[7]

Програмата предвидувала економски реформи за Чехословачката економија да може да се придружи на „светската научно-техничка револуција“ наместо да се потпира на тешката индустрија, производството на суровини и човечки труд од ерата на Сталин.[7] Покрај тоа, работниците требало да бидат наградувани според нивните квалификации и способности, а работните места да се исполнуваат со „способни, образовани социјалистички експертски кадри“ за да бидат конкурентни на капиталистичките економии.[7]

Реакција од Источниот блок

уреди
 
Леонид Брежнев.

Реформите не биле добро примени од Советското раководство на чело со Леонид Брежнев[8][9] , кое се плашело дека тие може да ја ослабнат позицијата на Источниот блок во време на Студената војна. На состанокот во април 1968 г. во Дрезден, тогаш во Источна Германија, водачите на Варшавскиот пакт го критикувале чешкото раководство за планираните реформи, и му сугерирале дека самото споменување на „демократизација“ претставува критика на политиката на останатите.

На 3 август 1968 г. претставници од СССР, Источна Германија, Полска, Унгарија, Бугарија и Чехословачка се сретнале во Братислава и потпишале декларација која ги обврзувала на верност кон марксизмот-ленинизмот и пролетерскиот интернационализам, и објавиле непомирлива војна против буржоаската идеологија и сите антисоцијалистички сили.[10] Советскиот Сојуз ја изразил својата намера да интервенира во било која земја од Варшавскиот пакт, ако таа се обиде да воспостави „буржоаски“ (повеќепартиски) систем. По конференцијата во Братислава, советските трупи ја напуштиле Чехословачка, но останале на нејзините граници.[11]

Сосема ненадејно, без некој особен повод, СССР заедно со Унгарија, Полска и Бугарија, извршиле инвазија на ЧССР на 20 август 1968 г. Тие испратиле стотици илјади војници и илјадници тенкови за да ја окупираат земјата. Инвазијата била молскавична: почнала и завршила во текот на ноќта помеѓу 20 и 21 август 1968 г. без отпор од војската на Чехословачка[12].

Во текот на инвазијата, 72 Чеси и Словаци загинале, 266 биле тешко повредени, a уште 436 полесно повредени.[13][14] Александар Дубчек го повикал народот да не се спротивставува.[14]

Советите ја оправдале акцијата со „доктрината на Брежнев“ која велела дека СССР има право да интервенира ако некоја земја од Источниот блок почнува да се движи кон капитализам.[15]

Дубчек и раководството на партијата биле повикани на преговори во Москва, каде што бил потпишан тнр. Московски протокол со кој се предвидувало потиснување на опозицијата, враќање на цензурата и разрешување на одредени реформисти.[16] Во април следната година Дубчек бил сменет од челната позиција на Комунистичката партија на ЧССР од Густав Хусак. Исто така, и сите прореформски политичари во Комунистичката партија на Чехословачка постепено биле сменети.

Последици

уреди
 
Милан Кундера: Неподнослива леснотија на постоењето

Спонтаниот граѓански протест и отпор кон инвазијата бил голем. Еден студент, Јан Палах, дури и се самозапалил на Вацлавскиот плоштад во Прага и загинал во знак на протест против укинувањето на слободата на говорот.[17] Илјадници луѓе ја напуштиле Чехословачка: 70.000 веднаш, а уште 300.000 потоа емигрирале од земјата.[18]

По инвазијата, Чехословачка влегла во период на „нормализација“. Политичките водачи настојувале да го следат советскиот систем и модел на вредности. Чехословачка останала окупирана до 1990. година кога странските воени сили, претежно од СССР, се повлекле.

Прашката пролет силно влијаела на односите во Источниот блок: Албанија се повлекла од Варшавскиот пакт, а водачот на Романија, Николае Чаушеску, остро ја критикувал советската постапка.[19] Покрај тоа, СССР развил и таканаречена „доктрина на Брежнев“, која оправдувала интервенција на други земји од Варшавскиот договор во земја од истиот договор, ако социјализмот во таа земја е загрозен.

Прашката пролет останува овековечена во музиката и литературата преку делата на Карел Крил и на Милан КундераНеподнослива леснотија на постоењето“.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Navrátil (2006), pp 52–54
  2. Ello (1968), pp 32, 54
  3. Von Geldern, James; Siegelbaum, Lewis. „The Soviet-led Intervention in Czechoslovakia“. Soviethistory.org. Посетено на 2008-03-07.
  4. Hochman, Dubček (1993)
  5. Dubček, Alexander; Kramer, Mark; Moss, Joy; Tosek, Ruth (translation) (1968-04-10). „Akční program Komunistické strany Československa“. Action Program (чешки). Rudé právo. стр. 1–6. Архивирано од изворникот на 2008-05-06. Посетено на 2008-02-21.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  6. Judt (2005), p 441
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Ello (1968), pp 7–8, 129–30, 9, 131
  8. „Document #81: Transcript of Leonid Brezhnev's Telephone Conversation with Alexander Dubček, 13 август 1968“. The Prague Spring '68. The Prague Spring Foundation. 1998. Посетено на 2008-01-23.
  9. Navrátil (2006), pp 172–181
  10. Navrátil (2006), pp 326–329
  11. Navrátil (2006), pp 326–327
  12. „Soviet Invasion of Czechoslovakia“. Military. GlobalSecurity.org. 2005-04-27. Посетено на 2007-01-19.
  13. „Springtime for Prague“. Prague Life. Lifeboat Limited. Посетено на 2006-04-30.
  14. 14,0 14,1 Williams (1997), p 158
  15. Grenville (2005), p 780
  16. Jaromír Navratíl, et al, eds. “The Prague Spring 1968: A National Security Archive Documents Reader,” (Budapest: Central European University Press, 1998).
  17. „Jan Palach“. Radio Prague. Посетено на 2008-02-19.
  18. Čulík, Jan. „Den, kdy tanky zlikvidovaly české sny Pražského jara“. Britské Listy. Посетено на 2008-01-23.
  19. Curtis, Glenn E. „The Warsaw Pact“. Federal Research Division of the Library of Congress. Архивирано од изворникот на 2008-02-26. Посетено на 2008-02-19.

Литература

уреди
  • Aspaturian, Vernon; Valenta, Jiri; Burke, David P. (1980-04-01). Eurocommunism Between East and West. Indiana Univ Pr. ISBN 0253202485.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • Chafetz, Glenn (1993-04-30). Gorbachev, Reform, and the Brezhnev Doctrine: Soviet Policy Toward Eastern Europe, 1985–1990. Praeger Publishers. ISBN 0275944840.
  • Christopher, Andrew; Mitrokhin, Vasili (2005). The World Was Going Our Way: The KGB and the Battle for the Third World. Basic Books. ISBN 0465003117.
  • Cook, Bernard (2001-01-10). Europe Since 1945: An Encyclopedia. Routledge. ISBN 0815313365.
  • Despalatović, Elinor. Neighbors at War: Anthropological Perspectives on Yugoslav Ethnicity. Penn State Press. ISBN 0271019794.
  • Dubček, Alexander; Hochman, Jiří (1993-01-01). Hope Dies Last: The Autobiography of Alexander Dubcek. Kodansha International. ISBN 1568360002.
  • Ello (ed.), Paul (April 1968). Control Committee of the Communist Party of Czechoslovakia, "Action Plan of the Communist Party of Czechoslovakia (Prague, April 1968)" in Dubcek’s Blueprint for Freedom: His original documents leading to the invasion of Czechoslovakia. William Kimber & Co. 1968
  • Fowkes, Ben (2000-08-29). Eastern Europe 1945–1969: From Stalinism to Stagnation. Longman. ISBN 0582326931.
  • Franck, Thomas M. (1985). Nation Against Nation: What Happened to the U.N. Dream and What the U.S. Can Do About It. Oxford University Press. ISBN 0-19-503587-9.
  • Goertz, Gary (1995-01-27). Contexts of International Politics. Cambridge University Press. ISBN 0521469724.
  • Gorbachev, Mikhail; Mlynař, Zdeněk (2003-10-08). Conversations with Gorbachev: On Perestroika, the Prague Spring, and the Crossroads of Socialism. Columbia University Press. ISBN 0231118651.
  • Gorbanevskaya, Natalia (1972). Red Square at Noon. Holt, Rinehart and Winston. ISBN 0030859905.
  • Grenville, J.A.S. (2005-08-04). A History Of The World From the 20th To The 21st Century. Routledge. ISBN 0415289556.
  • Judt, Tony (2005-10-05). Postwar: A History of Europe Since 1945. Penguin Press. ISBN 1594200653.
  • Jutikkala, Eino; Pirinen, Kauko (2001). Suomen historia (History of Finland). ISBN 80-7106-406-8.
  • Kundera, Milan (1999). The Unbearable Lightness of Being. HarperCollins. ISBN 0060932139.
  • Kusin, Vladimir (2002-07-18). The Intellectual Origins of the Prague Spring: The Development of Reformist Ideas in Czechoslovakia 1956–1967. Cambridge University Press. ISBN 0521526523.
  • Margolius-Kovály, Heda (1986). Under a Cruel Star: A life in Prague 1941–1968. New York: Holmes & Meier. ISBN 0-8419-1377-3.
  • Morrison, Scott; Cherry, Don (2006-11-26). Hockey Night in Canada: By The Numbers: From 00 to 99. Key Porter Books. ISBN 1552639843.
  • Navazelskis, Ina (1990-08-01). Alexander Dubcek. Chelsea House Publications; Library Binding edition. ISBN 1555468314.
  • Navrátil, Jaromír (2006-04-01). The Prague Spring 1968: A National Security Archive Document Reader (National Security Archive Cold War Readers). Central European University Press. ISBN 9637326677.
  • Ouimet, Matthew (2003). The Rise and Fall of the Brezhnev Doctrine in Soviet Foreign Policy. University of North Carolina Press, Chapel Hill and London.
  • Skilling, Gordon H. (1976). Czechoslovakia’s Interrupted Revolution. Princeton: Princeton University Press.
  • Suvorov, Viktor (1983). The Liberators. London, Hamilton: New English Library, Sevenoaks. ISBN 0450055469.
  • Williams, Kieran (1997). The Prague Spring and its Aftermath: Czechoslovak Politics, 1968–1970. Cambridge University Press. ISBN 0521588030.

Надворешни врски

уреди