Овие статии се дел од
темата oброци
Општопознати оброци...
ПојадокПојчек (Бранч)Mал ручек
ЧајРучекВечера
Останати оброци...
Втор појадок
Илевенсез
Тифин
Десерт
Ужина
Поврзано...

Кујна | Кујни


Тифин (tiffin) e збор во индискиот јазик и британскоанглиски дијалект што значи лесен оброк кој се јаде денски. Зборот добил на популарност во Британска Индија, и доаѓа од поимот tiffing, кој е староанглиски или сленг збор за „потпивнување“ или „сркнување“.

Во денешна Индија, зборот се употребува за лесни мали ручеци кои жените им ги спремаат на мажите по работа, и ги праќаат по т.н. дабавали кои користат комплексен систем за достава на илјадници тифин-кутии до нивните одредишта. Овие се пакуваат во лимени кутии, као исто така понекогаш се нарекуваат tiffins или tiffin-boxes. Често истиот се состои од ориз во една кутија, дал во втора, и други нешта во трета и четврта. Во кутиите исто така може да се стават и лебови, како наан, зеленчуков кари-леб и на крајот, сладок леб.

Во поранешните британски колонии, наредените порцелански или метални округли послужавници со рачки се нарекуваат тифин-носачи, кои снабдувачите на мало ги користат за достава до домовите.

Некои луѓе шолјата чај ја нарекуваат „шоља тифин“.