Појадок на трева (Моне, Москва)
Појадок на трева (француски: Le Déjeuner sur l'herbe ) – слика масло на платно од Клод Моне насликана во 1866-1867 година, помала верзија на малку порано насликано дело кое сега се наоѓа во музејот Орсе. Денес се наоѓа во музејот Пушкин во Москва.
Појадок на трева | |
Творец | Клод Моне |
---|---|
Место | Музеј Пушкин |
Историја
уредиПојадок на трева прво било изложена во уметничката галерија Луј Латуш и своевремено било во колекцијата на оперскиот певец Жан-Батист Фор. Била изложена на изложбата на делата на Моне во 1900 година во галеријата Диран-Риел[1], а Александр Беноа ја опишал како „можеби најбрилијантно дело на Моне“ и „едно од најубавите дела на целиот 20 век“ кога го видел на Светската изложба[2]. Сергеј Шукин ја купил сликата од самиот Моне во ноември 1904 година за 30.000 франка преку трговецот со уметнички дела Пол Касирер, тринаесетто дело што го купил од Моне. Неговата колекција била запленета од советската држава во мај 1918 година. Првично сликата била во Државниот музеј на нова западна уметно и потоа од 1948 година се наоѓа во нејзиниот сегашен дом.
Наводи
уреди- ↑ „Chronologie“.
- ↑ „"Мир искусства"“ (PDF). February 20, 1900 – преку Wikimedia Commons.