Валентина Стевановска
Валентина Каранфилова-Стевановска (родена на 30 април 1969) е македонска скулпторка, најпозната по своите уметнички дела за проектот Скопје 2014. Таа е авторка на неколку значајни споменици и дела во главниот град на Македонија, вклучувајќи ги Фонтаната на Александар Македонски, Порта Македонија и Фонтаната на Филип II Македонски. Стевановска исто така учествувала на бројни домашни и меѓународни изложби и освоила повеќе награди.[1][2]
Валентина Стевановска | |
---|---|
![]() | |
Роден(а) | 30 април 1969 Скопје, СР Македонија, Југославија |
Националност | Македонка |
Образование | Интернационален Универзитет во Нови Пазар (Докторат по Ликовни Уметности) |
Познат(а) по | Скулптура, Дрвена Резба |
Значајни дела | Фонтана на Александар Македонски, Порта Македонија |
Биографија
уредиСтевановска дипломирала на одделот за скулптура на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во 2004 година. Во 2008 година ги завршила своите магистерски студии на истиот факултет. Во 2017 година докторирала во областа на ликовните уметности на Интернационалениот Универзитет во Нови Пазар во Србија. Валентина е професорка на Факултетот за ликовни уметности во Скопје од 2010 година. Исто така е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 2004 година.[3][4]
Фонтана на Александар Македонски
уредиФонтаната на Александар Македонски е висока 30 метри што ја прави највисоката фонтанa во светот, која се состои од споменик на коњаник кој што е изработен од бронза. Таа се наоѓа во центарот на Плоштад Македонија во Скопје и беше откриена на 8 септември 2011 година, на 20-ата годишнина од референдумот за независност на Македонија од Југославија. Целата уметничка композиција се состои од: статуа на коњаник со Александар III Македонски со висина од 14,5 метри, 8 статуи на лавови во природна големина, 8 воини од македонската фаланга, мозаик и 3 високи релјефи кои ги прикажуваат најголемите битки што ги извојувал Александар Македонски. Сите статуи на фонтаната биле излеани во бронза од страна на уметничката леарница „Фернандо Маринели“ во Фиренца, Италија.[5][6][7]
Листа на уметнички дела
уреди- Споменик на Филип II Македонски (2011), Општина Гази Баба, Скопје, Македонија[8]
- Фонтана на Македонската Фаланга (2011), Општина Гази Баба, Скопје, Македонија
- Споменик „Заљубени“, павилјон (2011), Плоштад Македонија, Скопје, Македонија
- Фонтана на Александар Македонски (2011), Плоштад Македонија, Скопје, Македонија[9]
- Порта Македонија (2012), Скопје, Македонија
- Фонтана на Филип II Македонски (2012), Плоштад Филип II, Скопје, Македонија
- Фонтана на Македонските Мајки (2012), Плоштад Филип II, Скопје, Македонија
- Две Фонтани со Флора и Фауна (2012), Плоштад Филип II, Скопје, Македонија
- Четири скулптури на зградата на Министарството за надворешни работи (2012), Скопје, Македонија
- Седум човекови фигури на мостот на цивилизациите (2013), Скопје, Македонија[10]
- Споменик на Авдолеон (Крал на Пајонија, 315 - 275/4 п.н.е.)
- Споменик на Јулија Тертила (угледна граѓанка и добродетелка на Хераклеја Линкестис, 2 век н.е.)
- Споменик на Будиј (Будиос) (присутник на Првиот вселенски собор и епископ на Стоби, прва половина на IV век)
- Споменик на Аврелиј Кратет Птолемеев (лихнидски интелектуалец, III век.)
- Споменик на Тит Флавиј Орест (угледен граѓанин и првосвештеник на Хераклеја Линкестис, II-III век.)
- Споменик на Публиј Септиј Николај (угледен граѓанин на Стоби, III век.)
- Споменик на Дионизиј (прв епископ на Лихнид, 343 година 4 век.)[11]
- Две скулптури на лавови на влезот од Македонскиот народен театар (2013), Скопје, Македонија
- Споменик на Христо Татарчев (2013), Скопје, Македонија[12]
- Споменик на Борис Сарафов (2013), Скопје, Македонија
- Релеф на тимпанот на Археолошкиот музеј на Македонија (2014), Скопје, Македонија
- Споменик на Александар III Македонски (2014), ОУ „Александар Македонски“ - Аеродром, Скопје, Македонија
- Споменик на Никола Петров Русински (2014), Скопје, Македонија
- Споменик на Света Лидија (2014), Плоштад Богородица, Скопје, Македонија[13]
- Четири скулптури на зградата на Агенцијата за електронски комуникации (2014), Скопје, Македонија
- Скулптури на тимпанонот на зградата на Владата на Македонија (2015), Скопје, Македонија
- Дрвена резбана врата на влезот од зградата на Владата на Македонија (2015), Скопје, Македонија
- Споменик на холокаустот на евреите во Македонија (2015), Скопје, Македонија
- Споменик на Свети Илија со две придружни скулптури и релјефи за фасадата на зградата на ЕЛЕМ (2015), Скопје, Македонија
- Релјефи на Палатата Панко Брашнаров (Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги) (2015), Скопје, Македонија
- Десет скулптури на зградата на Министарството за транспорт и комуникации (2015), Скопје, Македонија
- Единаесет релјефи на зградата на Факултетот за драмски уметности (2016), Скопје, Македонија
- Споменик на децата бегалци од Егејска Македонија (2016), Скопје, Македонија[3]
- Фонтана на Мајка Тереза со придружни скулптури (завршено, но не е поставено), Плоштад Македонија, Скопје, Македонија[14]
- Шестнаесет скулптури и релјефи за фасадата на зградата на ПУИК (завршено, но не е поставено), Скопје, Македонија
Уметничка галерија
уреди-
Фонтана на Александар Македонски (2011), Скопје
-
Скулптури на воини на Фонтаната на Александар Македонски (2011), Скопје
-
Коњаник на Филип II Македонски (2011), Автокоманда, Скопје
-
Порта Македонија (2012), Скопје
-
Споменик на Филип II со придружни фигури и фонтана (2012), Скопје
-
Фонтана на Македонските Мајки (2012), Скопје
-
Фонтана Флора (2012), Скопје
-
Споменик „Заљубени“, павилјон (2012), Скопје
-
Христо Татарчев (2013), Скопје
-
Борис Сарафов (2013), Скопје
-
Скулптури на тимпанонот на зградата на Владата на Македонија (2015), Скопје
-
Никола Петров Русински (2014), Скопје
-
Споменик на холокаустот на евреите во Македонија (2015), Скопје
Изложби
уредиПоединечни изложби
уреди- 2008 - „60-та годишнина на гонењето на децата-бегалци од Егејска Македонија“, Изложбена сала во „Борис Трајковски“, Скопје, Македонија
- 2008 - Културно-информативен центар, Скопје, Македонија
- 2015 - Културно-информативен центар, Скопје, Македонија
- 2015 - Културен центар, Бихаќ, Босна и Херцеговина
- 2015 - Уметничка сала, Велес, Македонија
- 2015 - Дом на културата, Делчево, Македонија
- 2015 - Галерија „Роман Петровиќ“, Сараево, Босна и Херцеговина
- 2015 - Дом на културата, Кочани, Македонија
- 2016 - Музеј во Пријепоље, Пријепоље, Србија
- 2016 - Галерија „Спирала“, Прибој, Србија
- 2016 - Галерија „Борко Лазески“, Прилеп, Македонија
- 2017 - Уметничка сала, Велес, Македонија[3]
- 2017 - Галерија на Интернационалниот Универзитет, Нови Пазар, Србија
- 2018 - Изложба „Балкански уметници“, Едирне, Турција
- 2019 - „Ausstellung“, Галерија Keller, Цирих, Швајцарија[15]
- 2022 - Галерија „Препород“, Сараево, Босна и Херцеговина
- 2023 - Галерија „Дом на културата“, Зеница, Босна и Херцеговина
Групни изложби
уреди- 2004 - „Мојата порака“, Музеј на градот Скопје, Скопје, Македонија
- 2004 - „Здружение на ликовни уметници на Македонија“, Музеј на градот Скопје, Скопје, Македонија
- 2005 - „Строго забрането“, Музеј на градот Скопје, Скопје, Македонија
- 2006 - „Здружение на ликовни уметници на Македонија“, Музеј на градот Скопје, Скопје, Македонија
- 2009 - „Мала форма“, Културно-информативен центар, Скопје, Македонија
- 2010 - „Загоричански средби“, Мала станица, Скопје, Македонија
- 2012 - Првата изложба во Порта Македонија во рамките на настанот „Бела ноќ“, Скопје, Македонија
- 2012 - Првиот самит „Македонија 2025“, Охрид, Македонија
- 2013 - ДЛУМ „Експериментален цртање“, Скопје, Македонија
- 2013 - ДЛУМ „Минијатура“, Скопје, Македонија
- 2014 - Меѓународна изложба „Мост“, Културно-информативен центар, Скопје, Македонија
- 2014 - Уметничка галерија, Велес, Македонија
- 2014 - Дом на културата, Кавадарци, Македонија
- 2014 - Дом на културата, Неготино, Македонија
- 2015 - Годишна изложба, „Здружение на ликовни уметници на Македонија“, Мала станица, Скопје, Македонија
- 2015 - Изложба за децата од центарот „ДУГА“, Бихаќ, Босна и Херцеговина[3]
- 2017 - Турско-македонска изложба „Уметнички изрази“, Музеј во Битола, Битола, Македонија
- 2017 - „Das Labyrinth der Freiheit“, H. ART / DAVOS / Лавиринт на слободата, Давос, Швајцарија[16]
- 2018 - Комплексот на Музејот за здравство на султан Баезид II, Универзитетот Тракја, Едирне, Турција
- 2018 - Факултетот за уметности, Универзитетот Тракја, Едирне, Турција
- 2018 - Споменик „Europa Srodkowo – Wschodnia 1918-2018“, Национален музеј во Варшава, Варшава, Полска[17]
- 2018 - VIII Меѓународен симпозиум за керамика, Кочаели, Турција
- 2021 - Галерија MC, Њујорк, САД
- 2023 - Меѓународна уметничка колонија Почитељ, Мостар, Босна и Херцеговина
Наводи
уреди- ↑ „The makeover that's divided a nation“. online database. BBC News. 30 август 2014. Посетено на 3 јануари 2024.
- ↑ „Valentina Stevanovska“. online database. Fonderia Marinelli. 2008. Посетено на 7 јануари 2024.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Sociološki aspekti skulpture u kontekstu urbane vizuelizacije, p.268“. online database. International University of Novi Pazar. 2017. Посетено на 3 јануари 2024.
- ↑ Stevanovska, Valentina / Факултетот за уметности // Repository of UKIM , Ss. Cyril and Methodius University во Скопје
- ↑ „in Skopje: "Warrior on a horse" and other monuments“. online database. Manel Clemente. 2018. Посетено на 7 јануари 2024.
- ↑ „ALEXANDER THE GREAT, SKOPJE“. online database. Fonderia Marinelli. 2008. Посетено на 7 јануари 2024.
- ↑ Wojownik na koniu; Jakub Malinowski. Estetyka tymczasowości albo malarstwo czasu rzeczywistego Архивирано на 15 лютого 2019., Познан, 2016; с. 33 / Проектот изработила македонската скулпторка Валентина Стевановска
- ↑ „Philip II of Macedonia“. online database. Equestrian Statues. 2010. Посетено на 7 јануари 2024.
- ↑ „Alexander the Great“. online database. Equestrian Statues. 2011. Посетено на 7 јануари 2024.
- ↑ „Скулптури на мост Око“. skopje2014.prizma.birn.eu.com. Архивирано од изворникот на 9 јануари 2024. Посетено на 9 јануари 2024.
- ↑ „Кои се скулптурите на мостот "Око"?“. online database. COOLTURA. 9 април 2013. Посетено на 9 јануари 2024.
- ↑ „Христо Татарчев :: Скопје 2014 под лупа“. skopje2014.prizma.birn.eu.com. Посетено на 9 јануари 2024.
- ↑ „Валентина Стевановска бесплатно изработила два од новите споменици!“. online database. Фокус. 9 септември 2014. Посетено на 7 јануари 2024.
- ↑ „Тераса со фонтана и ангели - се гради споменикот на Мајка Тереза (фото)“. online database. Skopje Info. 22 август 2016. Посетено на 3 јануари 2024.
- ↑ „Ab 13. Juni 2019“. online database. Keller Galerie. 11 мај 2019. Посетено на 7 јануари 2024.
- ↑ Valentina Stevanovska, 17-22 July 2017 Архивирано на 8 август 2020 г. // youtube, Bildhauersymposium Sculpture Symposium Davos
- ↑ „POMNIK. Europa Środkowo-Wschodnia 1918-2018“. online database. Krolikarnia. 16 декември 2018. Посетено на 7 јануари 2024.