Полуостровска Шпанија
Полуостровска Шпанија се однесува на оној дел од шпанската територија сместена во рамките на Пиринејскиот Полуостров,[1] со што се исклучуваат другите делови на Шпанија: Канарските Острови, Балеарските Острови, Сеута, Мелиља и голем број островчиња и карпи кај брегот на Мароко познати заедно како места на суверенитет (plazas de soberanía). Во Шпанија е претежно познато едноставно како „la Península“ (Полуостровот). Има копнени граници со Франција и Андора на север; Португалија на запад; и британската територија Гибралтар на југ.
Многу жители на Полуостровска Шпанија имаат намера да го спојат тој регион со Шпанија како целина, непочитувајќи ги останатите територии споменати погоре.[2]
Одлики
уредиПолуостровска Шпанија е со површина од 492.175 км² во површина[3] - и според населението - 43.731.572.[4] Содржи 15 од автономните заедници во Шпанија.
Зафаќајќи го средишниот дел на Шпанија, таа поседува многу поголеми ресурси и подобри внатрешни и надворешни комуникации отколку другите делови на земјата. За да се поправи оваа нерамнотежа, шпанските жители надвор од полуостровот добиваат државна субвенција за превоз до и од полуостровот.[5]
Ова се општините со најголемо население:
Поврзано
уреди- Јужна Баскија, дел од историската Баскија која се наоѓа во Полуостровска Шпанија
- Полуостровци, жители од шпанските колонии, родени во Полуостровска Шпанија
Наводи
уреди- ↑ List of publications, Google
- ↑ VV.AA (2009), De las naciones a las redes (En: From nations to networks). Barcelona: El cobre. pp. 38. ISBN 978-84-96501-56-0.
- ↑ INE (National Statistical Institute) Annual Statistical Report 2006, Part 1: physical and environmental context
- ↑ INE, 1 јануари 2013
- ↑ El PP "garantiza" la subvención al transporte extrapeninsular pero tumba el blindaje de las ayudas, RTVE, 19 февруари 2013