Суверени територии на Шпанија

Суверени територии (шпански: plazas de soberanía, букв. „суверени места“) — територии на Шпанија во Северна Африка, расеани низ средоземниот брег близу Мароко. Називот се однесува на фактот што овие територии се составел дел од Шпанија уште од нејзиниот настанок како државна целина (1492–1556), за разлика од африканските територии стекнати во XIX и XX век.

Карта на суверените територии заедно со Сеута, Мелиља и островот Алборан.

Во минатото се правела разлика помеѓу „главни“ и „споредни“ суверени територии. Првите ги офпаќале градовите Сеута и Мелиља, а вторите ги подразбирале малите островски енклави долж крајбрежјето. Денес поимот се однесува само на вториот случај, а двата града имаат посебен статус.

Историја

уреди
 
Поглед на Пењон де Алусемас од воздух, околу 1925 г.

За време на реконквистата и освојувањето на Гренада во 1492 г. војските на Кастиљското и Португалското Кралство освоиле низа пристанишни места на северноафриканскиот брег за трговски цели и заштита од берберското пиратство.

Во 1415 г. Португалците ја освоиле Сеута. Во 1481 г. е издадена папската була „За вечниот крал“ (Æterni regis) со која на Португалија ѝ се доделува сета земја јужно од Канарските Острови. Шпанските владенија во Африка се свеле на Санта Крус де ла Мар Пекења (1476–1524), Мелиља (освоена од Педро де Естопињан во 1497 г.), Виља Сиснерос (основана во 1502 г. во денешна Западна Сахара), Масалкибир (1505), Пењон де Велес де ла Гомера (1508), Оран (1509–1790), Алжир (1510–1529), Буџа (1510–1554), Триполи (1511–1551) и Тунис (1535–1569). Подоцна Португалија се осамостоила од Шпанија, предавајќи ѝ ја Сеута на Шпанија во 1668 г.[1]

Во 1848 г. шпанската војска ги освоила Чафаринските Острови. Кон крајот на XIX век се случила т.н. „поделба на Африка“ кога европските држави завладеале со највеќето од африканскиот континент. Со Фескиот договор од 30 март 1912 г. најголемиот дел од Мароко станал протекторат на Франција, додека пак на Шпанија ѝ припаднала улогата на заштитник на северните делови, наречени Шпанско Мароко.[2]

Со признавањето на независноста на Мароко во 1956 г. Шпанците не ги повратиле овие ситни територии бидејќи истите биле во нивно владение уште пред воспоставувањето на протекторатот.

На 11 јули 2002 г. мароканската влада поставила шестчлена жандармерија на островот Перехил, што поттикнало значајно негодување во Шпанија, проследено од операција на шпанските специјалните единици со поддршка на морнарицата и воздухопловството. Шесте марокански кадети не пружиле никаков отпор и веднаш се предале, по што биле отстранети од островот, кој денес останува напуштен.[3]

Физичка географија

уреди
 
Поглед на Пењон де Велес де ла Гомера од мароканскиот брег.

Историски постојат три суверени територии на Шпанија:

Територија Шпански назив Местоположба Површина
(ха)
Алусемски Острови Islas Alhucemas 35°12′54″N 3°53′47″W / 35.21500° СГШ; 3.89639° ЗГД / 35.21500; -3.89639 4,6
 Мар Isla de Mar 35°13′3.65″N 3°54′2.69″W / 35.2176806° СГШ; 3.9007472° ЗГД / 35.2176806; -3.9007472 1,4
 Пењон де Алусемас Peñón de Alhucemas 35°12′48″N 3°53′21″W / 35.21333° СГШ; 3.88917° ЗГД / 35.21333; -3.88917 1,5
 Тјера Isla de Tierra 35°12′55.83″N 3°54′8.10″W / 35.2155083° СГШ; 3.9022500° ЗГД / 35.2155083; -3.9022500 1,7
Пењон де Велес де ла Гомера Peñón de Vélez de la Gomera 35°10′21.29″N 4°18′2.89″W / 35.1725806° СГШ; 4.3008028° ЗГД / 35.1725806; -4.3008028 1,9
Чафарински Острови Islas Chafarinas 35°11′N 2°26′W / 35.183° СГШ; 2.433° ЗГД / 35.183; -2.433 52,5
 Изабела II Isla de Isabel II 35°10′55.77″N 2°25′46.90″W / 35.1821583° СГШ; 2.4296944° ЗГД / 35.1821583; -2.4296944 15,3
 Конгресен Остров Isla del Congreso 35°10′43.90″N 2°26′28.31″W / 35.1788611° СГШ; 2.4411972° ЗГД / 35.1788611; -2.4411972 25,6
 Кралев Остров Isla del Rey 35°10′51.72″N 2°25′24.96″W / 35.1810333° СГШ; 2.4236000° ЗГД / 35.1810333; -2.4236000 11,6

Други острови

уреди

Освен трите групи, суверените територии опфаќаат и уште два острова:

  • Перехил (Isla de Perejil) — мало ненаселено островче близу Сеута кое важи за дел од градската општина, а не самостојна територија.[4]
  • Алборан (Isla de Alborán) — друг мал остров во западното Средоземје, околу 50 км од африканскиот брег и 90 км од континентална Шпанија; управно ѝ припаѓа општината Алмерија од истоимената покраина во Андалусија.

Политичка географија

уреди

Суверените територии се состојат од повеќе островчиња и еден полуостров врзан за мароканското копно (Пењон де Велес де ла Гомера), кој бил остров сè до силната бура од 1934 г. која направила песочен премин до копното. На нив се сместени воени гарнизони под непосредна управа на шпанската влада.

Оспорување

уреди

Мароко го оспорува правото на Шпанија на териториите, како и на автономните градови Сеута и Мелиља. Стручњаците по меѓународно право го сметаат ова повикување за неосновано поради фактот што островите биле дел од Шпанија долго пред настанокот на Мароко.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. da Silva, Rui A. M. „Treaties Galore“. Olivença - Portugal Livre.
  2. „Treaty Between France and Spain Regarding Morocco“. The American Journal of International Law. 7 (2): 81–99. April 1913. doi:10.2307/2212275. JSTOR 2212275.
  3. Ceberia Belaza, Monica; Ignacio Cembrero and Miguel González (17 September 2012). „The last remains of the empire“. El Pais in English. Madrid. Посетено на 24 September 2012.
  4. Tremlett, Giles (13 July 2002). „Moroccans seize Parsley Island and leave a bitter taste in Spanish mouths“. The Guardian. London. Посетено на 19 May 2014.

Надворешни врски

уреди