Во хералдиката, позадината на штитот се нарекува поле. Тоа се состои од една или повеќе бои (бои или метали) или пак крзна.

Во крајно ретки случаи полето е предел (глетка), како на грбот на училиштето Брандваг.[1] Многу хералди ги сметаат пејзажните полиња за нехералдички и неупотребливи, бидејќи не можат доследно да се цртаат од блазон.

Грбот на грофот чезаре Фани [2] Архивирано на 5 јануари 2009 г. има мошне сличен изглед, каде полето е опишано како „небо природно“.

Грбот на Инверареј (Шкотска) и окружиот управен орган имаат поле со „морски бранови“.

За повеќе информации за штитот, погледајте Варијации на штитот.

Белешки

уреди