Венец (хералдика)
Во хералдиката, венецот претставува усукана текстилна лента обвиткана околу горниот дел на шлемот и челенката која има задача да го држи плаштот.
Како и плаштот (заштитото платно врз витешкиот шлем), венецот се јавува во две бои, најчесто истите кои се на плаштот. Торзото се правело од две усукани ленти, со бои на главниот метал и главната боја на штитот.
Некои сметаат дека венецот го симболизира шамичето кое витезот го добивал од својата љубена за спомен пред да замине во војна. Потоа тој го обвиткувал околу основата на челенката, за да го прикрие местото каде таа е прикачена за шлемот.
Венецот се блазонира како дел од челенката, т.е. „На венец со бои x и y…“. На пример, веенцот на грбот на Канада се блазонира: „На венец со сребрена и црвена боја, расчекорен златен лав-стражар“.
Венецот се среќава и како украс врз хералдичко животно, или во облик на круна, или како венец околу шијата.