Подмесечина (потсателит или месечина на месечина) — месечина која кружи околу друга месечина.[3]

Уметнички приказ на месечината Кеплер-1625б I што кружи околу вонсончевата планета Кеплер-1625б . Се верува дека Кеплер-1625б I има своја подмесечина.[1][2]

Со емпириско истражување на природните сателити во Сончевиот Систем, се дошло до заклучок дека e можно подмесечините да бидат елементи во планетарните системи. Во Сончевиот Систем, џиновските планети имаат големи број природни сателити. Откриените вонсончеви планети најчесто се џиновски планети; и барем една (Кеплер-162бb) може да има многу голема егзомесечина, наречена Кеплер-1625б I, за која се смета дека има подмесечина.[4][5] Но, досега освен вештачките сателити привремено лансирани во орбитата на Месечината, не е забележана ниту една подмесечина Сончевиот Систем или пошироко. Најчесто, плимните ефекти на планетите би го направиле ваквиот систем нестабилен.

Можни подмесечини

уреди

Реја

уреди
 
Уметнички приказ на прстените околу Реја - месечината на Сатурн

Откривањето на потенцијален [6] систем од прстени околу природниот сателит на Сатурн - Реа придонесле за пресметки кои покажале дека сателитите кои кружат околу Реја имаат стабилни орбити. Исто така, се претпоставува дека прстените се тенки,[7] феномен кој се поврзува со пастирските месечини. Но, со снимките направени од вселенското летало Касини не се откриле подмесечини или прстени на Реја.[8]

Јапет

уреди

Исто така, се тврди деја сателитот на Сатурн Јапет порано имал подмесечина. Ова е една од неколкуте предложени хипотези за да се објасни необичниот екваторијален гребен на Јапет.[9]

Вештачки потсателити

уреди

Во минатото

уреди

Многу вселенски летала кружеле околу Месечината, вклучувајќи ги и леталата со екипаж од програмата Аполо. До 2021, нема вештачки сателити што кружат околу други месечини. Во 1988 година, Советскиот Сојуз се обиде да постави две роботски сонди во квазиорбитата на месечината на Марс - Фобос, но обидот бил неуспешен.[10]

Во сегашноста

уреди

Месечевиот извидувачки обиколувач (LRO), лансиран на 18 јуни 2009 е роботско вселенско летало на НАСА што сѐ уште кружи околу Месечината во ексцентрична поларна орбита. Собраните податоци од ова летало се наведува дека се битни за планирање на идните човечки и роботски мисии на НАСА на Месечината. Со програмата за мапирање се определуваат безбедни места за слетување, лоцирање на потенцијални ресурси на Месечината, определување на нивото на зрачење и се демонстрираат новите достигнувања во технологијата.

Планирани вештачки сателити на месечини во иднина

уреди

Во тек е развој на меѓупланетарното вселенско летало - Истражувач на ледените месечини на Јупитер (JUICE) кое треба да влезе во орбитата на Ганимед во 2032 година, со што ќе стане првото вселенско летало што кружи околу месечина на друга планета во Сончевиот Систем (различна од Земјата).

Исто така, во 2024 година треба да започне со изградба вселенската станица Месечева Порта (поддржана од повеќе агенции)[11] која првенствено ќе служи како поддршка на подоцнежните мисии на НАСА од програмата Артемис за истражување на месечината. Месечевата Порта во иднина може да даде поддршка и за идните мисии на Марс и на оддалечените астероиди.

Вселенското летало CAPSTONE е планирано да биде лансирано до крајот на 2021 и треба да ја тестира и потврди орбиталната стабилност за Месечевата Порта.[12]

Планирано е и лансирање на Месечева Батерија - нискобуџетен КјубСат (анг: CubeSat) орбитер за истражување, лоцирање и проценка на количината и составот на воден мраз на Месечината за негова експлоатација во иднина од страна на роботи или луѓе од поларната орбита.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Forgan, Duncan (4 October 2018). „The habitable zone for Earthlike exomoons orbiting Kepler-1625b“. arXiv:1810.02712v1 [astro-ph.EP].
  2. (3 октомври 2018). "Astronomers Find First Evidence of Possible Moon Outside Our Solar System". Соопштение за печат.
  3. „Where is Earth's submoon?“. phys.org (англиски). Посетено на 2020-10-13.
  4. Drake, Nadia (3 October 2018). „Weird giant may be the first known alien moon - Evidence is mounting that a world the size of Neptune could be orbiting a giant planet far, far away“. National Geographic Society. Посетено на 11 October 2018.
  5. „Hubble finds compelling evidence for a moon outside the Solar System“. Hubble Space Telescope. 3 October 2018. Архивирано од изворникот на 2019-08-03. Посетено на 11 October 2018.
  6. „The Dust Halo of Saturn's Largest Icy Moon, Rhea“. Science. 319 (5868): 1380–1384. 7 March 2008. Bibcode:2008Sci...319.1380J. doi:10.1126/science.1151524. PMID 18323452. Посетено на 12 October 2018.CS1-одржување: display-автори (link)
  7. Hecht, Jeff (6 March 2008). „Saturn satellite reveals first moon rings“. New Scientist. Посетено на 12 October 2018.
  8. Tiscareno, Matthew S.; Burns, Joseph A.; Cuzzi, Jeffrey N.; Hedman, Matthew M. (July 2010). „Cassini imaging search rules out rings around Rhea“. Geophysical Research Letters. 37 (14): L14205. arXiv:1008.1764. Bibcode:2010GeoRL..3714205T. doi:10.1029/2010GL043663. Архивирано од изворникот на 2010-08-10.
  9. Fitzpatrick, Tony (13 December 2010). „How Iapetus, Saturn's outermost moon, got its ridge“. the Source. Washington University in St. Louis. Архивирано од изворникот на 2016-01-06. Посетено на 12 October 2018.
  10. Edwin V. Bell II (11 April 2016). „Phobos Project Information“. NASA Space Science Data Coordinated Archive. NASA. Посетено на 2018-10-15.
  11. „Кина и Русија ќе градат заедничка месечева станица - Порта“. Посетено на 2021-11-19.
  12. „Rocket Lab ќе лансира сателит на НАСА на Месечината“. Кајгана. Посетено на 2021-11-19.