Двоен астероид
Двоен астероид (бинарен астероид) — систем од два астероида кои кружат околу заедничко тежиште. Двојната природа на 243 Ида е откриена кога вселенското летало „Галилео“ поминало крај астероидот во 1993 г. Оттогаш откриени се бројни двојни астероиди и неколку тројни астероиди.[1]
Месениот сооднос на двете составници (наречени главна и споредна) е важна особина. Највеќето двојни астероиди имаат голем масен сооднос, т.е. релативно мала месечина која кружи околу главната составница. Системите со мала астероидна месечина (наречена и „придружник“) се 87 Силвија, 107 Камилија, 45 Евгенија, 121 Хермиона, 130 Електра, 22 Калиопа, 283 Ема, 379 Хуена, 243 Ида и 4337 Аресибо (по надолен редослед на главната составница). Некои двојни системи имаат составници со речиси еднакви маси. Такви се 90 Антиопа, 2006 VW139, 2017 YE5 и 69230 Хермес, со просечни пречници на составниците од 86, 1,8, 0,9 и 0,8 км.
Опис
уредиПостојат неколку теории за настанокот на двојноастероидни системи. Многу системи имаат значајна макропорозност (внатрешност налик на збировит отпад). Месечините кои кружат околу големи главнопојасни астероиди како 22 Калиопа, 45 Евгенија и 87 Силвија може да настанале со пореметување на матичното тело со удар или отцепување предизвикано од кос удар. Заднептунските двојки можеби се образувале при настанокот на Сончевиот Систем со заемен зафат или трителесно замодејство. Близуземските астероиди, кои кружат во внатрешниот дел на Сончевиот Систем, најверојатно настанале со завртување и ослободување на маса,[2] веројатно како последица од ЈОРП-ефектот. Бројчените симулации укажуваат дека астероидниот екватор исфрла материјал кога сончевата енергија ќе заврти збировит астероид доволно брзо под дејство на ЈОРП-ефектот.[3] Овој процес исто така ги соголува половите на астероидот, изложувајќи нов материјал.[3][4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Margot, Jean-Luc; Pravec, Petr; Taylor, Patrick; Carry, Benoît; Jacobson, Seth (2015). „Asteroid Systems: Binaries, Triples, and Pairs“. Во Michel, Patrick; DeMeo, Francesca E.; Bottke, William F. (уред.). Asteroids IV. стр. 355. arXiv:1504.00034. Bibcode:2015aste.book..355M. doi:10.2458/azu_uapress_9780816532131-ch019. ISBN 9780816532131.
- ↑ Margot, Jean-Luc; и др. (2002). „Binary Asteroids in the Near-Earth Object Population“. Science. 296 (5572): 1445–1448. Bibcode:2002Sci...296.1445M. doi:10.1126/science.1072094. PMID 11951001. S2CID 8768432.
- ↑ 3,0 3,1 Walsh, Kevin J.; Richardson, DC; Michel, P (јуни 2008). „Rotational breakup as the origin of small binary asteroids“. Nature. 454 (7201): 188–191. Bibcode:2008Natur.454..188W. doi:10.1038/nature07078. PMID 18615078.
- ↑ Study Puts Solar Spin on Asteroids, their Moons & Earth Impacts Newswise, посет. 14 јули 2008 г.
Надворешни врски
уреди- Двоен астероид на Ризницата ?
- Двојни и повеќекратни астероиди (англиски)