Реја (месечина)

месечина на Сатурн

Реја — втора најголема месечина на Сатурн и деветта најголема месечина во Сончевиот Систем. Позната е и по името Сатурн V.

Реја снимена од Касини

Огромната постара област со кратери покрива големи делови на Реја. На прв поглед пределите личат на оние на Месечината, иако површината на Реја се состои од сјаен мраз. Постојат докази за обновување на површината, но, сепак, недоволно, како што се очекува за толку голема месечина. Реја е втора најголема месечина на Сатурн, но другите помали месечини, како нејзините внатрешни соседи Диона и Тетида, покажуваат поголем процент на обновување на површината. Се сметало дека Реја замрзнала и се изладила рано во нејзината историја. Тогаш мразот повеќе личел на цврсти карпи. На пример, кратерите на Реја се зачувани во нејзината ледена кора. Кратерите на другите ледени месечини, како Калиста на Јупитер, се распаднале во меката ледена кора. Реја е 17. најоддалечена месечина од Сатурн и прва што се наоѓа зад системот од прстени.

Потекло на поимот

уреди

Наречена е според името на титанката Реја, мајка на Зевс во старогрчката митологија.

Користена литература

уреди
  • Андоновска, Ема и Шувака-Хоџиќ, Лавинија (2008). „Вселена“. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-9989-2721-8-9.

Надворешни врски

уреди