Пирошка, позната и како 'Ирина' (1088 - 13 август 1134), била унгарска принцеза од родот на Арпадите и византиска царица, сопруга на царот Јован II Комнин.

Ирена Унгарска
Византиска царица
Мандат1104 – 15 август 1118
(заедно со Ана Комнина)
На престол15 август 1118 – 13 август 1134
Роден(а)1088
Esztergom
Починал(а)13 август 1134(1134-08-13) (aged 46)
СопружникЈован II Комнин
ДецаАлексиј Комнин

Марија Комнина
Андроник Комнин
Ана Комнина
Исак
Теодора Комнина
Евдокија Комнина

Мануил I Комнин
ДинастијаАрпади
ТаткоЛасло I
МајкаАделаида Швабска

Пирошка е родена во 1088 година во унгарскиот град Естергом. Таа била ќерка на унгарскиот крал Ласло I и Аделаида Швабска, а по мајчина линија била внука на германскиот антикрал Рудолф Рајнфилд и Аделхајд Савојска. Мајката на Пирошка починала во 1090 година, а кралот Ласло I на 2 јули 1095, по што унгарската круна била наследена од внукот на Пирошка, кралот Калман.

Обидувајќи се да ги подобри односите со византискиот цар Алексиј I Комнин, Калман започнал преговори за склучување на брак меѓу Пирошка и Јован II Комнин, најстариот син на царот Алексиј I Комнин, кој веќе бил и негов соцар . Преговорите меѓу Византија и Унгарија завршиле успешно и во 1104 година Пирошка пристигнала во Цариград, каде го прифатила православието и името Ирина, по кое била венчана за Јован II Комнин.

Пирошка на Јован II му родила осум деца:

  1. Алексиј Комнин (февруари 1106; † летото 1142), соцар од 1122 до 1142
  2. Марија Комнина (февруари 1106; † 1143/55; близначка на Алексиј), се омажила за Јован Рогериј Даласин, во 1143 претендент за престолот, во 1152 дук на Струмица
  3. Андроник Комнин († 1142)
  4. Ана Комнина (* 1100), се омажила за Јован Контостефан († 1139)
  5. Исак (* 1115; † 1154/74), "Севастократор"
  6. Теодора Комнина (* 1116; † како вдовица и калуѓерка 12 мај 1157), се омажила за Мануел Анемас († 1146/47)
  7. Евдокија Комнина (* 1119), се омажила за Теодор Ватациј, генерал и дук на Киликија
  8. Мануил I Комнин (15 август 1118; † 24 септември 1180), византиски цар (1143 - 1180)

Пирошка ималамала улога во политичкиот живот на Византија. Царицата целосно била посветена на своите деца. Умира на 13 август 1134 година.

Надворешни врски

уреди
Пирошка Арпад
Роден(а): 1088 Починал(а): 1134
Претходник
Ирина Дукина
Византиски царици
1118–1134
Наследник
Берта Зулцбашка
Царица-мајка
1122 – 13 август 1133
Наследник
МАрија Антиохиска