Марија Комнина (ќерка на Јован II Комнин)

Марија Комнина Порфирогенита (декември 1106 / јануари 1107 - 1144/1145) била византиска принцеза - најголема ќерка на царот Јован II Комнин.

Марија Комнина
Роден(а)декември 1106 / јануари 1107
Валовишта
Починал(а)1144/1145
СопружникЈован Рогериј Даласин
ДецаАндроник Комнин

Алексиј Комнин
Ана Комнина

Теодора Комнина
ДинастијаКомнини
ТаткоЈован II Комнин
МајкаИрина

Марија Комнина била најголемата ќерка на царот Јован II Комнин и неговата сопруга Ирина. Таа е родена во Валовишта (Βαλαβίστα), тема Македонија, во декември 1106-јануари 1107 година. Во Алексијада на Ана Комнина се истакнува дека во Балабиста е роден најголемиот од синовите на василевса Јован - багренородниот, заедно со сестра близначка. Тоа се случило додека татко им се враќал од Солун, каде учествувал во церемонијата посветена на Свети Димитар, по еден воен поход на Балканот, датирана кон крајот на 1106 или почетокот на 1107 година. Од оваа порака станува јасно дека Марија била сестра близначка на првородениот син на царот - Алексиј. Бидејќи е родена во управувањето на нејзиниот татко, насекаде во изворите Марија е нарекувана Порфирогенита.

Јован Кинама споменува дека Марија Комнина Порфирогенита била мажена за Јован Рогериј Даласин - далечен роднина на Комните од норманско потекло. Ова се случило околу 1135-1136 година, по кое царот да му ја доделил на својот зет титулата Кесарија.

По смртта на царот Јован II Комнин, сопругот на Марија организирал заговор за заземањето на власта. Лојална на својот брат, Марија го издала заговорот што станало причина сопругот да биде уапсен и испратен на главниот град. Подоцна тој бил рехабилитиран и му било дозволено да се врати во Цариград.

Јован Кинама зборува за тешката болест на Марија Комнина Порфирогенита од која таа починала непосредно пред првиот поход на цар Мануил I против султанот Масуд I, датиран околу 1144-1145.

Марија Комнина и Јован Рогериј Даласин имале четири деца:

  • Андроник Комнин;
  • Алексиј Комнин;
  • Ана Комнина;
  • Теодора Комнина;

Литература

уреди
  • Cawley, Charles (14 февруари 2011). „Byzantium, Nobility: Chapter 29. Rallis [Raoul]“. Medieval Lands: Byzantium 395-1057. Foundation for Medieval Genealogy. Посетено на 3 февруари 2013.
  • Stiernon, Lucien. „Notes de titulature et de prosopographie byzantines. A propos de trois membres de la famille Rogerios (XIIe siècle)“. Revue des études byzantines, tome 22, 1964. pp. 184-198. Посетено на 4.февруари.2013. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)