Орово
Орово или Рахово (грчки: Πυξός, Пиксос, до 1928 г. Ράχωβα, Рахова или Όροβο, Орово[2]) — поранешно село во крајниот северозападен дел на Егејска Македонија, во реонот на Општина Преспа. До 1949 г. било населено исклучиво со Македонци.[3] Сместено е на 1080 метри надморска височина близу до самата граница со Албанија (Мала Преспа).
Орово Πυξός | |
---|---|
Местоположба во областа Dimos Prespon - Florina prefecture, Greece - political map - municipality level.svg | |
Координати: 40°45′N 21°00′E / 40.750° СГШ; 21.000° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Надм. вис. | 1.080 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | раселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Рег. таб. | ΡΑ |
Историја и население
уредиСелото Орово било чисто македонска населба, своевремено со статус на самостојна општина според царската наредба 259/21 од 19.12.1918 година[3]. Според К’нчов селото броело 172 жители, а Милоевиќ го спомнува со 40 македонски куќи.[3] Во 1913 година имало 363 жители,, во 1920 - 373, во 1928 година 431 жител, а во 1940 489 жители[3]. Поради сиромаштијата, во селото постоела традиција за одење во прекуокеанските земји. По Граѓанската војна, селото е целосно раселено и уништено. Неколку семејства кои останале по нормализирањето на состојбата биле принудени да се населат во други села,бидејќи грчките власти не дозволиле селото повторно да се обнови, а со царска наредба од 8.5.1957 тоа е избришано од евиденцција и неговиот атар е приклучен кон општината Граждано[3]. Денес е останата само селската црква „Свети Никола“. Денес некогашните жители на Орово и нивните потомци се населени во Скопје, Битола, битолското село Кравари, Тетово, Гостивар, Полска, Австралија, Америка, Канада итн. Пред извесно време неколкумина поранешни жители на Орово издале монографија посветена на селото.
Топоними
уредиОва е список на позначајните топоними во Орово и околината:[4]
А — Алико, Арблаците, Арвејнчето, Аргироа Падина, Аргироата Локва, Аџиска Гора
Б — Бајоата Нива, Бакаројца, Бакојца, Бандеата Лова, Бандеата Племна, Баршо Дол, Бачилиштето, Бели Племни, Белојната, Берјаупи, Бозо, Бојкото Бачило, Болојте, Босното Јаболко, Брајчики Осој, Брескојците, Буко Грабро, Бурел
В — Вeликои Главје, Ваковската Нива, Валканои Нивје, Варницата, Василоа Глаа, Веждата, Велешарак, Велјана, Виненските Кории, Висерои Нивје, Висока Глаа, Високиот Цер, Водејнчарскиот Пат, Волчеа Дупка, Врток
Г — Габрицата, Габро, Гладна Нива, Гламбоки Дол, Глувца, Гојдарскиот Мириз, Голе, Голем Камен, Голема Киска, Големата Глаа, Голиот Рид, Горницата, Грабо, Градо, Градската Осојка, Грлеста, Гумништа
Д — Дамбра, Дивјачката, Димановското Нивче, Дојојца, Долгиот Присој, Донеото Трло, Допеата Нива, Дошкоата Глаа, Драчој Ормање, Дрвојнца, Дрено, Дрео Камен, Дробицките Трла, Друмо, Дулата
Е — Едно Грло, Есенкоа Круша
З — Задореа, Замачкалиштата, Зандано, Заноџината, Зеленикото Нивче, Злата Зелејнка, Зли Дол
И — Изгореното Дапче, Илија
Ј — Јазовците, Јанкоа Падина, Јано Чезме, Јаоро
К — Каќо Главче, Калуѓер, Камеждијата Глаа, Караманоа Падина, Ќералите, Клајнче, Клепалата, Колибите, Коно Калко, Копиљчето, Коријата, Кочоото Нивче, Крајмарица, Кремчиј Падинчиња, Купската Падина, Куптурот, Кутле Шатор, Кутлина
Л — Лаќетоата Локва, Ламброите Трла, Лендичето, Лештиштето, Ливада, Ливачето, Лозјата, Локвата, Локви, Ломо
Љ — Љамеата Нива
М — Маклинчето, Мала Преслоп, Малата Корија, Манаскојца, Манаскојчина Река, Манте Дол, Мариците, Маркоа Ливада, Марчеата Нива, Мацоа Падина, Маџароите Нивчиња, Мејдајнца, Мијалои Нивје, Мираж, Митревиот Гроб, Мишо Гумно, Мостето, Мусојца, Мучоа Глаа
Н — Нељкоите Нивје, Ничои Нивје, Ноачеата Племна
О — Овчеа Ливада, Онислос, Опалена Глаа, Орејте, Орешката, Орла Присо, Осојката
П — Падината, Палчишта, Пашоа Присојка, Петровска Племна, Писон Камен, Плоскачите, Плочата, Плочите, Плошта, Полењата, Полје, Попо Главче, Порти, Постоља, Преслопта, Присојката, Прличко Главче, Продајнца, Прожана
Р — Рабаџијата, Радои Нивје, Рамник, Раскрсницата, Ратски Присој, Ратските Нивје, Реки, Рибарските Патишта, Ропои Круши
С — Савеото Локве, Саракин, Света Петка, Свети Атанас, Свети Петар, Селиштето, Синоро, Синчко Нивје, Скала, Скалето, Слепата Долица, Сливата, Средниот Рид, Стамацец, Старата Пешта, Старата Странга, Старата Чезма, Стерјоите Крушиња, Стотеска, Студена Вода
Т — Танасоа Присојка, Темелковиот Рид, Трите Дрење, Трна, Туршеи Гумна
У — Удињето, Урван Камен, Урида
Ф — Филипица, Финџалите
Ц — Цангарица, Царицата, Церот, Црвејнте Горници, Црвејнцата
Ч — Чакаркото Главче, Чекалото, Чембриците, Черешната, Чоло
Ш — Шагман, Шипски Пат, Широка Нива
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Петка“ од XIX век
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021 г. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 167. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,0 4,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 417–418. ISBN 978-9989-2117-6-8.