Петер Лундгрен
Питер Лундгрен (шведски: Peter Lundgren; 29 јануари 1965 - 22 август 2024) — поранешен шведски професионален тенисер во машка конкуренција и тениски тренер. Тој повеќе сакaл да игра во затворен простор (сала) и на тврда подлога и трева, а помалку на земја.
Играчка кариера
уредиЛундгрен бил еден од втората генерација шведски играчи заедно со истакнатите Матс Виландер, Стефан Едберг, Јоаким Нистрем, Андерс Јарид, Хенрик Сундстром, Ханс Симонсон и Кент Карлсон што претставувале наследници на големиот Бјорн Борг.Тој го напуштил градот Сундсвал како 18 годишно момче и се преселил да живее во Стокхолм,[1] каде ја продолжил својата тениска кариера.
Во 1984 година Лундгрен ја завршил годината рангиран на 265 место.[2] На крајот од сезоната во 1985 година Лундгрен скокнал за 234 места на АТП листата за да заврши на 31то место. Во тој период тој ја освоил својата прва титула во Келн и тоа како квалификант победувајќи ги Војтек Фибак, Горан Прпиќ, Џереми Бејтс и Тим Вилкисон, а во финалето го победил Рамеш Кришнан.[3] По освојувањето на титулата, тој бил поздравен како „новиот Бјорн Борг“, во однос на неговиот талент и долгата коса која му давала налик на легендата на светскиот тенис Борг и поради фактот што тој тренирал и со самиот Бјорн.[4] Најдобриот пласман на Лундгрен бил на 25то место на светската ранг листа, но во тоа време тој бил само 7-ми најдобар швеѓанец зад Матс Виландер, Стефан Едберг, Андерс Јарид, Јоаким Нистрем, Хенрик Сундстром и Јан Гунарсон.
Шведска во тој период била светска сила во тенисот.
Тоа бил златниот период на шведскиот тенис за кое Лундгрен рекол „Имавме во тој период дури 14 играчи во топ 100 играчи на светот“. (не заборавајте за големината на шведското население, тоа го прави уште подобро ова достигнување)“.[5] Лундгрен иако успеал да оствари некои големи победи особено оние над: Иван Лендл, Матс Виландер, Мајкл Чанг, Џим Куриер, Томас Мустер и Пит Сампрас, не можел да постигне континуитет и самиот рекол дека „Бев понекогаш горе, а понекогаш долу. Понекогаш можев да ја изгубам мотивацијата, и одеднаш да бидам тениски прегазен од играчи со многу пониско рангирање од мене.“
Тој го одиграл својот последен натпревар на турнир против Карол Кучера во Данска на Копенхаген опен и се пензионирал на 30-годишна возраст, а потоа заминал да работи во тренерските води.
Починал во на 22 август 2024 г.[6]
Тренерска кариера
уредиЛундгрен најпрво се прославил како тренер кога го внел Марсело Риос во топ 10 играчи на светот, но набрзо се разделиле. Лундгрен изјавил дека на Риос понатаму повеќе му требало психолог отколку тренер. Веднаш потоа се разделиле и завршила нивната соработка. Подоцна, тој работел за Швајцарската тениска федерација помагајќи им на тениските јуниори на оваа земја. Лундгрен набрзо го заменил Питер Картер кој бил тренер на Роџер Федерер. Тие (се мисли на Роџер и Лундгрен) соработувале заедно од 2000 година до крајот на 2003 година кога и се разделиле.
Лундгрен набрзо го презел со тренирање русинот Марат Сафин и го водел низ првенството на Австралија опен во 2005 година и со него работел до август 2006 година. Во септември 2006 година, било објавено дека тој ќе му помага на британскиот Дејвис куп тим во следните две години.
Тој добил отказ од британскиот тим во јуни 2007 година.[7] Во 2008 година, Лундгрен некое време не работел како тренер, бидејќи неговиот татко бил многу болен. Подоцна тој изразил желба повторно да се врати на работа со британскиот тениски тим.[8] Во текот на 2008 година започнал да го тренира кипарскиот тенисер Маркос Багдатис, а пак во февруари 2009 година, Лундгрен започнал да го тренира Григор Димитров од Бугарија. Подоцна му бил прв тренер на швајцарецот Станислас Вавринка. Во септември 2011 година, Лундгрен и Вавринка се разделиле. Лундгрен оттогаш продолжил да предава Вихт - и да биде таканаречен виртуелен тениски тренер во Хјустон, Тексас,САД. Во март 2014 година, Питер Лундгрен започнал да ја тренира Даниела Хантучова.
Грен слем финалиња
уредиДвојки: 1 (1 пораз)
уредиРезултат | Година | Првенство | Површина | Партнер | Противниците | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Загуба | 1988 година | Австралија опен | Тврда | Џереми Бејтс | Рик Лич Џим Пју |
3–6, 2–6, 3–6 |
Финалиња во кариерата
уредиПоединечна конкуренција (3 победи и 3 порази)
уредиЛегенда (поединечно) |
Грен слем (0–0) |
Мастерс куп во тенис (0–0) |
Мастерс серии на АТП (0–0) |
Серија на АТП првенството (0–1) |
АТП турнеја (3–2) |
Резултат | Победи/Порази | Датум | Турнир | Површина | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Победи | 1–0 | Октомври 1985 година | Келн, Западна Германија | Тврда (i) | Рамеш Кришнан | 6–3, 6–2 |
Победи | 2–0 | август 1987 година | Рај Брук, САД | Тврда | Џон Рос | 6–7, 7–5, 6–3 |
Победи | 3–0 | Октомври 1987 година | Сан Франциско, САД | Тепих - синтелон | Џим Пју | 6–1, 7–5 |
Порази | 3–1 | ноември 1988 година | Стокхолм, Шведска | Тврда(i) | Борис Бекер | 4–6, 1–6, 1–6 |
Порази | 3–2 | јули 1989 година | Њупорт, САД | Трева | Џим Пју | 4–6, 6–4, 2–6 |
Порази | 3–3 | август 1990 година | Индијанаполис, САД | Тврда | Борис Бекер | 3–6, 4–6 |
Двојки (3 победи и 7 порази)
уредиРезултат | Победа /Пораз | Датум | Турнир | Површина | Партнер | Противниците | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Пораз | 0–1 | Октомври 1985 година | Келн, Германија | Тврда (i) | Јан Гунарсон | Алекс Антонич Мајкл Шаперс |
4–6, 5–7 |
Пораз | 0–2 | април 1986 година | Келн, Германија | Тврда (i) | Јан Гунарсон | Кели Евернден Чип Хупер |
4–6, 7–6, 3–6 |
Победи | 1–2 | Октомври 1986 година | Тел Авив, Израел | Тврда | Џон Летс | Кристо Стајн Дани Висер |
6–3, 3–6, 6–3 |
Пораз | 1–3 | Јануари 1988 година | Австралија опен | Тврда | Џереми Бејтс | Рик Лич Џим Пју |
3–6, 2–6, 3–6 |
Пораз | 1–4 | февруари 1988 година | Мемфис, САД | Тврда (i) | Микаел Пернфорс | Кевин Курен Дејвид Пејт |
2–6, 2–6 |
Победи | 2–4 | јули 1988 година | Њупорт, САД | Трева | Кели Џонс | Скот Дејвис Ден Голди |
6–3, 7–6 |
Пораз | 2–5 | Октомври 1988 година | Базел, Швајцарија | Тврда (i) | Џереми Бејтс | Јакоб Хласек Томаш Шмид |
3–6, 1–6 |
Пораз | 2–6 | јули 1990 година | Торонто, Канада | Тврда | Бродерик Дајк | Пол Анаконе Дејвид Витон |
1–6, 6–7 |
Пораз | 2–7 | август 1990 година | Лос Анџелес,САД | Тврда | Пол Векеса | Скот Дејвис Дејвид Пејт |
6–3, 1–6, 3–6 |
Победи | 3–6 | Октомври 1990 година | Сиднеј затворен, Австралија | Тврда (i) | Бродерик Дајк | Стефан Едберг Иван Лендл |
6–2, 6–4 |
Наводи
уреди- ↑ „Historik“ (шведски). Sundsvall TK. 29 May 2008. Архивирано од изворникот на 30 September 2008.
- ↑ „Peter Lundgren – rankings history“. Association of Tennis Professionals (ATP).
- ↑ „Cologne Victory“. ITF. 29 May 2008. Архивирано од изворникот на 2011-06-05. Посетено на 2021-11-26.
- ↑ „I Paris ska Grand Slam-samlingen bli komplett“ (шведски). Aftonbladet. 29 May 2008.
- ↑ „Peter Lundgren Profile“. Tennisfest Sweden. 29 May 2008. Архивирано од изворникот на 4 March 2016.
- ↑ Sport, S. V. T. (2024-08-23). „Tennis: Tennisprofilen Peter Lundgren har dött“. SVT Sport (шведски). Посетено на 2024-08-23.
- ↑ „GB coach given a leave of absence“. BBC. 29 May 2008.
- ↑ „Lundgren wants quick return“. Eurosport. 29 May 2008.
Надворешни врски
уреди- Петер Лундгрен Профил на мрежното место на АТП (англиски)
- Петер Лундгрен на официјалното мрежно место на Дејвис купот