Микаел Пернфорс
Микаел Пернфорс (роден на 16 јули 1963 година) е поранешен професионален тенисер од Шведска. Тој стигнал до финалето во поединечна конкуренција за мажи на Отвореното првенство на Франција во 1986 година и го освоил Мастерсот во Канада во 1993 година во градот Монтреал.
Кариера
уредиПернфорс е роден во Малме, Шведска.
Пернфорс играл тенис повеќе со ударот со бекхенд и тоа го правел со двете раце, исто како неговите сонародници Бјорн Борг и Матс Виландер, но тој ја немал нивната конзистентност и се потпирал на игра полна со разновидност. Таквата игра ја правела задоволна публиката.Често користел слободен пад на топчето, а омилен му бил ударот топ спин.
Пред да стане професионален играч, Пернфорс играл тенис две години на колеџот на заедницата Семинол, а потоа играл за Универзитетот во Џорџија во Соединетите Американски Држави и станал првиот играч по Денис Ралстон, од пред две децении, што освоил НЦЦА(Национално колегиумско атлетско здружение) титули во поединечна конкуренција во 1984 и 1985 година.
Во 1986 година, Пернфорс стигнал до своето прво (и единствено) Гренд слем финале во поединечна конкуренција на Отвореното првенство на Франција. Тој ги победил Оливие Делаитре, Стефан Едберг, Роберт Сегусо, Мартин Жаите, Борис Бекер во четвртфиналето и Анри Леконте во полуфиналето. Во финалето тој загубил од тогашниот светски рекет број 1 Иван Лендл со 6:3, 6:2, 6:4 во сетови.
Пернфорс играл за Шведска во финалето на Дејвис купот во 1986 година. Тој победил во еден поединечен натпревар против Пол Мекнеми, а во другиот загубил од Пет Кеш во пет сета - откако ги освоил првите два.Таа година Австралија ја победила Шведска со 3:2. Следната година на Вимблдон тој повторно изгубил водство од два сета, овој пат од Џими Конорс и тоа со резултат од: 1:6, 1:6, 7:5, 6:4, 6:2 откако бил во водство со 6:1, 6:1, 4;1 во третиот сет, а потоа и во водство со 3–0 во четвртиот сет.[1]
Во 1988 година, Пернфорс ја освоил својата прва титула во поединечна конкуренција на највисоко ниво во Лос Анџелес, победувајќи го Андре Агаси во финалето. Неговата втора титула дошла само еден месец подоцна во Скотсдејл во Аризона.
Во четвртото коло на Австралија опен во 1990 година, Пернфорс се соочил со Џон Мекинро. За време на мечот Џон Мекинро бил првиот играч кој бил дисквалификуван според новиот Кодекс на однесување што неодамна бил воведен во тенисот. Мекинро очигледно не знаел дека според новите правила три прекршувања според новиот кодекс ќе значи автоматска дисквалификација, наместо како што било претходно со четири грешки. Пернфорс го добил натпреварот откако Мекинро ги сторил следните прекршоци: се обидел да заплаши линиска судијка, скрши сопствен рекет, а потоа вербално го нападнал главниот судија.
Повредите ги ограничиле настапите на Пернфорс на турнирите во првите неколку години од 1990те години. Тој се вратил на моќен начин во 1993 година за да ја освои најзначајната титула во неговата кариера на Канадскиот опен (дел од тениската Мастерс серија), каде што го победил Тод Мартин во финалето со 2:6, 6:2, 7:5. Неколку недели подоцна тој го победил Матс Виландер во пет сета во второто коло на САД опен, со резултат: 7:6, 3:6, 1:6, 7:6, 6:4.
Пернфорс бил добитник на наградата за играч кој имал најдобар напредок на АТП турнирите во 1986 година, и наградата за играч на годината во 1993 година која му припаѓа на тенисер кој успеал да се врати во тениската игра по пауза.
Пернфорс се повлекол од професионалите турнири во 1996 година по кариерата во која освоил три титули во поединечна конкуренција на највисоко ниво и една титула на игра во двојки. Неговото највисоко рангирање во кариерата во поединечна конкуренција му била светскиот рекет број 10 во 1986 година. Неговата финасиска заработка во кариерата изнесувала 1.363.793 американски долари. Покрај неговите победи над Бекер, Агаси, Мекинро и Мартин, Пернфорс има победи и над Матс Виландер, Пит Сампрас, Стефан Едберг, Џим Куриер, Томас Мустер, Серџи Бругуера и Мајкл Штих.
По повлекувањето од турнирите, Пернфорс е редовен учесник на натпреварите во сениорска конкуренција.[1]
Големи финалиња
уредиГренд слем финалиња
уредиПоединечна конкуренција 1 (0–1)
уредиИсход | Година | Првенство | Подлога | Противник | Резултат |
Пораз | 1986 година | Франција опен | Земја | Иван Лендл | 3–6, 2–6, 4–6 |
Финале на Мастерс серијата
уредиПоединечна конкуренција1 (1–0)
уредиРезултат | Година | Турнир | Површина | Противник | Резултат |
Победа | 1993 година | Канада (Монтреал) | Тврда | Тод Мартин | 2–6, 6–2, 7–5 |
Финалиња во кариерата
уредиПоединечна конкуренција: 5 (3 титули, 2 второпласиран)
уредиЛегенда |
Гренд слем (0-1) |
Мастерс куп во тенис (0-0) |
Мастерс серија на АТП (1-0) |
АТП турнеја (2-1) |
Резултат | бр. | Датум | Турнир | Подлога | Противниците | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Пораз | 1. | мај 1986 година | Франција опен, Париз, Франција | Земја | Иван Лендл | 3–6, 2–6, 4–6 |
Пораз | 2. | февруари 1988 година | Мемфис, САД | Тврда (i) | Андре Агаси | 4–6, 4–6, 5–7 |
Победа | 1. | септември 1988 година | Лос Анџелес, САД | Тврда | Андре Агаси | 6–2, 7–5 |
Победа | 2. | октомври 1988 година | Скотсдејл, САД | Тврда | Глен Лајендекер | 6–2, 6–4 |
Победа | 3. | јули 1993 година | Монтреал, Канада | Тврда | Тод Мартин | 2–6, 6–2, 7–5 |
Двојки (парови): 3 (1–2)
уредиЛегенда (Двојки) |
---|
Грен слем титула (0-0) |
Мастерс куп во тенис (0-0) |
Мастерс серија на АТП (0-0) |
АТП турнеја (1-2) |
Резултат | Бр. | Датум | Турнир | Површина | Партнер | Противници | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|---|
пораз | 1. | јули 1987 година | Штутгарт, Германија | Земја | Магнус Тајдман | Рик Лич Тим Павсат |
3–6, 4–6 |
Пораз | 2. | февруари 1988 година | Мемфис, САД | Тврда(i) | Питер Лундгрен | Кевин Курен Дејвид Пејт |
2–6, 2–6 |
Победа | 1. | мај 1989 година | Чарлстон, САД | Земја | Тобијас Свантесон | Агустин Морено Хаиме Изага |
6–4, 4–6, 7–5 |
Временска рамка за изведба на поединечна конкуренција
уредиТурнир | 1984 | 1985 | 1986 | 1987 | 1988 | 1989 | 1990 | 1991 | 1992 | 1993 | 1994 | SR | Победа/пораз |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Гренд слем турнири | |||||||||||||
Австралија опен | апстиненција | апстиненција | Не е одигран | апстиненција | апстиненција | 3 коло | четврт финале | апстиненција | апстиненција | апстиненција | 1 коло | 0 / 3 | 6–3 |
Франција опен | апстиненција | апстиненција | финале | 1 коло | 1 коло | 1 коло | апстиненција | апстиненција | апстиненција | апстиненција | 1 коло | 0 / 5 | 6–5 |
Вимблдон | апстиненција | апстиненција | 4 кол0 | 4 коло | апстиненција | 2 коло | апстиненција | апстиненција | апстиненција | апстиненција | апстиненција | 0 / 3 | 7–3 |
САД опен | 1 коло | 1 коло | 2 коло | 1 коло | 3 коло | 4 коло | 1 коло | 1 коло | 1 коло | 2 коло | апстиненција | 0 / 10 | 7–10 |
Победи - порази | 0–1 | 0–1 | 10–3 | 3–3 | 2–2 | 6–4 | 4–2 | 0–1 | 0–1 | 1–1 | 0–2 | 0 / 21 | 26–21 |
АТП Мастерс серија | |||||||||||||
Индијан Велс | Турнирите пред 1990 година
не биле од серијата на Мастерс |
апстиненција | апстиненција | апстиненција | апстиненција | апстиненција | 0 / 0 | 0–0 | |||||
Мајами | 1 коло | апстиненција | апстиненција | 3 коло | апстиненција | 0 / 2 | 2–2 | ||||||
Монте Карло | апстиненција | апстиненција | апстиненција | апстиненција | апстиненција | 0 / 0 | 0–0 | ||||||
Рим | апстиненција | апстиненција | апстиненција | апстиненција | апстиненција | 0 / 0 | 0–0 | ||||||
Хамбург | апстиненција | апстиненција | апстиненција | апстиненција | апстиненција | 0 / 0 | 0–0 | ||||||
Канада | апстиненција | апстиненција | апстиненција | победа | апстиненција | 1 / 1 | 6–0 | ||||||
Синсинати | апстиненција | 2 коло | апстиненција | 1 коло | апстиненција | 0 / 2 | 1–2 | ||||||
Стокхолм | апстиненција | апстиненција | апстиненција | 2 коло | апстиненција | 0 / 1 | 1–1 | ||||||
Париз | апстиненција | апстиненција | апстиненција | апстиненција | апстиненција | 0 / 0 | 0–0 | ||||||
Победа- пораз | 0–1 | 1–1 | 0–0 | 9–3 | 0–0 | 1 / 6 | 10–5 | ||||||
Рангирање | 434 | 165 | 12 | 33 | 19 | 48 | 175 | 240 | 234 | 29 | 940 |
Наводи
уреди- ↑ „Tennishjältarnas liv efter karriären“ (шведски). Expressen. 12 July 2014. Посетено на 5 February 2021.
Надворешни врски
уреди- Микаел Пернфорс Профил на мрежното место на АТП (англиски)
- Микаел Пернфорс на официјалното мрежно место на Дејвис купот