Кент Карлсон
Кент Карлсон (3 јануари 1968) е поранешен тенисер од Шведска. Како искусен тенисер на земјен терен.. Тој ги освоил сите девет титули на АТП турнирите во поединечна конкуренција на земјени терени, вклучувајќи го и Мастерсот во Хамбург во 1988 година. Карлсон во септември 1988 година станал светски рекет бр.6 во поединечна конкуренција.
Играчка кариера
уредиЈуниори
уредиКарлсон бил успешен јуниор освојувајќи го Купот Кале Анка, кој е шведски јуниорски турнир до 11 години, двапати до 13 години и исто така двапати до 15 годишна возраст. Тој сè уште го држи рекордот за најмногу освоени титули и тоа 4 пред Томас Енквист и Томас Јохансон кои го освоиле 3 пати. Карлсон исто така бил трикратен европски шампион помеѓу 1981- 1983 година.[1] Во 1983 година го освоил Orange Bowl над Емилио Санчес и ја освоил титулата во поединечна конкуренција на Ролан Гарос во 1984 година, без загубен сет, победувајќи го Марк Крацман во финалето.[2]
Професинална кариера и турнири
уредиКарлсон го одиграл својот прв професионален натпревар во 1983 година, губејќи од Хајнц Гинтхард во Женева. 1984 година била неговата прва цела година на турнирите и истата година во 3то коло на Ролан Гарос загубил од Андрес Гомес, кој го поразил и на натпреварите на Ролан Гарос во 1985 и 1986 година.[3] Карлсон ја освоил својата прва титула без загубен сет во Ној - Улм победувајќи го Раул Вивер.[4]
По поразот од Матс Виландер во Барселона во октомври 1984 година, Карлсон го одиграл својот прв нареден турнир во април 1985 година во Бари, каде што загубил од Емилио Санчес. Тој играл во мешани двојки од АТП серијата. Карлсон го одиграл своето прво финале на АТП турнирот во Хилверсум, губејќи од Рики Остертун во 5 сета, откако имал водство од 2 спрема 0, а подоцна го освоил и својот прв турнир во Месина победувајќи го Роналд Агенор.
Почнувајќи од сезоната 1986 во април, Карлсон ја освоил својата прва титула на АТП во Бари победувајќи го Хорасио де ла Пења. Тој одиграл две финалиња од кои првото во Мадрид, губејќи од Јоаким Нистром, а второто во Бордо, губејќи од Паоло Кане. Карлсон го забележал својот еден и единствен настап на УС Опен губејќи од Павел Сложил во 3 сета, а потоа ја освоил својата втора титула во кариерата во Барселона и дебитирал во Дејвис купот за својата држава против Чехословачка, каде го победил Милослав Мечир со 6–0, 6–2, 6-4, возвраќајќи му на Мечир за поразот во полуфиналето во Хамбург.
Во 1987 година, Карлсон се пензионирал од својата кариера во мечот против Мечир на Индијан Велс со повреда на коленото која го измачувала во текот на неговата кариера и го ограничувала во неговите настапи, по што морал главно да игра на земјени терени. На тврда подлога одиграл само 13 натпревари.Тој на тениските терени се вратил и освоил две титули, двете против Емилио Санчес во финалето, најпрвин во Ница, а подоцна и во Болоња. На турнирот во Болоња, Карлсон загубил само 10 гејма од кои 5 во првиот натпревар. Тоа претставува рекорд за освоен турнир со најмалку изгубени гејмови во меѓународна тениска серија.[5] Карлсон рекол дека ова е неговиот најдобар турнир во кариерата. Покрај двете титули, Карлсон одиграл и две финалиња во Бостон и Индијанаполис, кои се играле на специфична зелена земјена подлога. И двата натпревари ги загубил од сонародникот Матс Виландер. Карлсон ги добил двата натпревари во поединечна конкуренција за Шведска против Франција во четвртфиналето на Дејвис купот во градот Фрежус, победувајќи ги Тиери Туласне со 6–1, 3–6, 6–1, 6–2 и Анри Леконте со 7–5, 6–2, 7–5. Тој повторно имал уште една тешка операција во август откако се повлекол од настанот во Сент Винсент.
1988 година била најдобрата година за Карлсон кој се вратил од операцијата на коленото во април.Тој ја освоил својата прва титула во таа календарска година и тоа во Мадрид, победувајќи над Фернандо Луна без загубен сет. Подоцна го освоил Германскиот опен без загубен сет, победувајќи го Анри Леконте во финалето, користејќи го својот најсилен удар кон противничките две страни, особено форхенд страната.[6] Потоа следел полуфиналниот настап на Мастерсот во Рим, губејќи од Иван Лендл. Карлсон загубил од Јонас Свенсон во 5 сета на Ролан Гарос во четвртото коло. Тој освоил уште 3 титули по турнирот во Вимблдон, и тоа во Кицбиел победувајќи го Емилио Санчес, во Сент Винсент каде го победил Тиери Шампион и секако неговата последна титула во кариерата во Барселона, победувајќи го Томас Мустер. Во Дејвис купот Карлсон го победил Тиери Туласне во неизвесен натпревар во градот Бастад. Карлсон подоцна бил финалист во Женева, губејќи од Маријан Вајда и во градот Палермо, каде загубил од Матс Виландер.
По успешната 1988 година, Карлсон имал и понатаму проблеми со колената, но собрал сили и успеал да стигне до финалето на турнирот во Атина губејќи од Роналд Агенор, а својот последен професионален натпревар го одиграл во Кицбиел губејќи од Кристијан Сачеану. Потоа, по уште една операција на коленото, Карлсон го објавил своето пензионирање во мај 1990 година.
По тениската кариера
уредиКарлсон бил критичен кон медиумите кои навеле дека неговиот татко Ларс-Горан премногу силно го туркал низ неговата кариера, а тој им одговорил дека сите успеси се должат на неговата напорна работа и исцрпувачки тренинзи и дека долго тренирал и никогаш немало да загуби натпревар поради физичката подготвеност, а би изгубил натпревар единствено ако неговиот противник е подобар и ако е поподготвен тој ден од него.
За време на неговите рани години играјќи тенис, Карлсон патувал со групен превоз и се прехранувал во рестораните на тениските сали за да заштеди пари. Тој е критичен кон многу денешни играчи за кои верува дека премногу трошат и се многу разгалени.
По повлекувањето од професионалните турнири, Карлсон ги тренирал тенисерите Магнус Норман, Томас Јохансон, Никлас Крон и Аки Рахунен. По неговиот престој во Монако, Карлсон се вратил во својата Шведска и станал тренер на коњи за трки со техниката кас.Тој овој интерес го развил како тинејџер и за него било природно да го практикува тоа како нов предизвик во неговата спортска кариера[7] и рекол дека, има големо задоволство што тренира коњи и дека тоа го исполнувало од првиот ден.[7]
Финалиња во кариерата
уредиПоединечна конкуренција: 17 (9 пати титула или шампион и 8 пати финалист или второпласиран)
уредиЛегенда (поединечно) |
Грен слем (0–0) |
Мастерс куп во тенис (0–0) |
Мастерс серии на АТП (1–0) |
Серија на АТП првенството (3–0) |
АТП турнеја (5–8) |
Резултат | победа- пораз | Дата | Турнир | Подлога | Противници | Резултати |
---|---|---|---|---|---|---|
Пораз | 0–1 | јули
1985 |
Хилверсум, Холандија | Земја | Рики Остертун | 6–4, 6–4, 2–6, 4–6, 3–6 |
Победа | 1–1 | април
1986 |
Бари, Италија | Земја | Хорасио де ла Пења | 7–5, 6–7, 7–5 |
Пораз | 1–2 | април
1986 |
Мадрид, Шпанија | Земја | Јоаким Нистром | 1–6, 1–6 |
Пораз | 1–3 | јули
1986 |
Бордо, Франција | Земја | Паоло Кане | 4–6, 6–1, 5–7 |
Победа | 2–3 | септември 1986 | Барселона, Шпанија | Земја | Андреас Маурер | 6–2, 6–2, 6–0 |
Победа | 3–3 | април 1987 | Ница, Франција | Земја | Емилио Санчес | 7–6(9–7), 6–3 |
Победа | 4–3 | јуни
1987 |
Болоња, Италија | Земја | Емилио Санчес | 6–2, 6–1 |
Пораз | 4–4 | јули
1987 |
Бостон, САД | Земја | Матс Виландер | 6–7(5–7), 1–6 |
Пораз | 4–5 | јули
1987 |
Индијанаполис, САД | Земја | Матс Виландер | 5–7, 3–6 |
Победа | 5–5 | април
1988 |
Мадрид, Шпанија | Земја | Фернандо Луна | 6–2, 6–1 |
Победа | 6–5 | април
1988 |
Хамбург, Германија | Земја | Анри Леконт | 6–2, 6–1, 6–4 |
Победа | 7–5 | август
1988 |
Кицбухел, Австрија | Земја | Емилио Санчес | 6–1, 6–1, 4–6, 4–6, 6–3 |
Победа | 8–5 | август
1988 |
Сент Винсент, Италија | Земја | Тиери Шампион | 6–0, 6–2 |
Победа | 9–5 | септември
1988 |
Барселона, Шпанија | Земја | Томас Мустер | 6–3, 6–3, 3–6, 6–1 |
Пораз | 9–6 | септември1988 | Женева, Швајцарија | Земја | Марјан Вајда | 4–6, 4–6 |
Пораз | 9–7 | септември 1988 | Палермо, Италија | Земја | Матс Виландер | 1–6, 6–3, 4–6 |
Пораз | 9–8 | април
1989 |
Атина, Грција | Земја | Роланд Агенор | 3–6, 4–6 |
Наводи
уреди- ↑ „Kent Carlsson profile“. ATP. 19 June 2009.
- ↑ „Kent Carlsson Junior Record“. ITF. 19 June 2009. Архивирано од изворникот на 2021-09-24. Посетено на 2021-11-22.
- ↑ „Head to Head Record Kent Carlsson vs. Andrés Gómez“. ATP. 19 June 2009.
- ↑ „1985 Player Activity“. ATP. 19 June 2009.
- ↑ „1987 Player Activity“. ATP. 19 June 2009.
- ↑ „Kent Carlsson vs. henri Leconte“. Youtube. 19 June 2009.
- ↑ 7,0 7,1 Source
Надворешни врски
уреди- Кент Карлсон Профил на мрежното место на АТП (англиски)
- Кент Карлсон на официјалното мрежно место на Дејвис купот