Скапоцен метал (или драгоцен метал) е редок метален хемиски елемент со висока економска вредност.

Златна грутка.

Хемиски, скапоцените метали се помалку реактивни од повеќето други елементи, имаат висок сјај и поголеми точки на топење отколку другите метали. Историски, скапоцените метали биле важни како валути, но сега се сметаат главно како инвестиции и индустриски артикли. Златото, среброто, платината и паладиумот имаат валутен код ISO 4217.

Најпознати скапоцени метали се златото и среброто. Додека и двата имаат индустриска употреба, тие се подобро познати по нивната употреба во уметноста, накитот и ковањето на монети. Други скапоцени метали се металите од платинската група: рутениум, родиум, паладиум, осмиум, иридиум и платина, од кои со платината се тргува најмногу. Плутониумот и ураниумот можат исто така што се вбројат во групата на скапоцените метали.

Побарувачката на скапоцените метали е предизвикана не само од нивната практична употреба, туку исто така и од нивната улога како инвестиции и артикли од вредност. Паладиумот од 14 јули 2006 е проценет на $324 USD од унца, односно малку под половината од цената на златото ($665 USD/унца), а платината е проценета двојно повеќе од златото - $1,247 USD/унца. Среброто во суштина е поевтино од овие метали ($11.47 USD/унца), сега на 1/49 од цената на златото, но често е традиционално сметано за скапоцен метал поради својата улога во ковањето и накитот.

Поврзано

уреди