Пер Кролдруп
Пер Билесков Кролдруп (роден на 31 Јули 1979 во Фарсе) — дански професионален фудбалер кој во моментов игра за Пескара. Кролдруп одиграл 33 натпревари за данскиот национален фудбалски состав, и тој бил дел од тимот кој настапувал на Евро 2004 и на Светското првенство 2010.
Пер Кролдруп | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 31 јули 1979 | ||
Роден во | Фарсе, Данска | ||
Висина | м | 1,94||
Позиција | централен одбранбен | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Пескара | ||
Број | 3 | ||
Младинска кариера | |||
Б 93 | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1999–2001 | Б 93 | 57 | (8) |
2001-2005 | Удинезе | 91 | (3) |
2005-2006 | Евертон | 2 | (0) |
2006-2012 | Фјорентина | 117 | (3) |
2013- | Пескара | 5 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2012- | Данска | 33 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Клупска кариера
уредиРана кариера
уредиКролдруп ја започнал својата фудбалска кариера во данскиот нисколигаш Алборг Чанг. Тој потоа, продолжил да игра за Б 93 Копенхаген во данската 1-ва дивизија пред да се пресели во Удинезе во Серија А првенството во 2001 година.
Евертон
уредиВо јуни 2005 година, Кролдруп се пресели од Удинезе во англискиот клуб Евертон за сума од 5 милиони £. Пред да одигра некој натпревар за клубот, тој доживеал повреда на препоните и морал да се подложи на операција. Тој го направи своето деби за Евертон во поразот со 0-4 од Астон Вила, што бил неговиот единствен лигашки натпревар за клубот. Неговата кариера во Евертон подоцна била опишана како еден од најлошите трансфери во тимот на Евертон како и во англиската лига. Кролдруп изјавил дека тој наишол на големи тешкотии при адаптирањето на физичките аспекти во англискиот фудбал.
Фјорентина
уредиКролдруп се вратил назад во Италија во 2006 година, и се приклучил на екипата на Фјорентина. По скандалот калчополи, каде што неколку клубови биле на судење за наместени натпревари, Фјорентина во почетокот била испратена во понизок ранг т.е. Серија Б лигата во јули 2006 година. Кролдруп бил меѓу играчите кои сакале да ја напуштат. Меѓутоа, како што Фјорентина направила жалба до Италијанската фудбалска федерација, клубот останал во Серија А и повеќето од нивните играчи, вклучувајќи го и Кролдруп, останале во Фиренца. Тој го направил своето деби во Лигата на шампионите на 12 август 2008 година против Славија Прага во победата од 2-0 победа за Виола.
Пескара
уредиНа 8 март 2013, Кролдруп и се приклучил на екипата на Пескара. Одиграл само 5 натпревари во Серија А и претпел испаѓање од лигата.
Ољаненсе
уредиНа 1 октомври 2013, како слободен играч Кролдруп му се приклучил на Ољаненсе во Португалската прва лига.