Педро Обианг
Педро Мба Обианг Авомо (роден во Алкала де Енарес на 27 март 1992) — шпански фудбалер, со потекло од Екваторска Гвинеја, играч од средниот ред на Вест Хем Јунајтед.
Педро Обианг | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 27 март 1992 | ||
Роден во | Алкала де Енарес, Шпанија | ||
Висина | м | 1,85||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Вест Хем Јунајтед | ||
Број | 14 | ||
Младинска кариера | |||
Атлетико Мадрид | |||
Сампдорија | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2010-2015 | Сампдорија | 128 | (4) |
2015- | Вест Хем Јунајтед | 51 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
2009 | Шпанија 17 | 2 | (0) |
2011 | Шпанија 19 | 3 | (0) |
2011-2012 | Шпанија 20 | 0 | (0) |
2013- | Шпанија 21 | 2 | (0) |
* Ажурирано на: 21 септември 2011 ** Ажурирано на: 6 септември 2011 |
Технички одлики
уредиОбианг е внатрешен играч од средниот ред, со одлични физички предиспозиции, визија во играта и многу квалитетен одземач на топката.[1].
Кариера
уредиРоден во Шпанија од родители по потекло од Ебебијин, Екваторска Гвинеја[2], расте во на младите категории на Атлетико Мадрид.
Сампдорија
уредиВо јули 2008, кога Обианг имал само 16 години го купува Сампдорија за сума од 130.000 €[1][3]. Во следните две сезони игра како стартер за Самп во Алиеви Национали и Примавера првенствата каде се покажал како еден од најдобрите. За сезоната 2010-2011 кога за нов тренер на Сампдорија бил назначен Доменико Ди Карло, тој го повикал Обианг да тренира со првиот тим на Сампдорија на летните претсезонски подготовки на клубот во Моена. На 12 септември 2010, тој го направил и своето деби во Серија А влегувајќи во игра во 57-мата минута на местото на Владимир Коман во натпреварот на гости против Јувентус што завршил 3-3.[4].
Непосредно пред натпреварот тој потпишал пет-годишен договор со тимот на Сампдорија [5] . На 16 декември 2010 го направил своето деби во Лига Европа во натпрецарот Дебрецин-Сампдорија (2-0)[6]. Во следната сезона Обианг со Сампдорија се натпреварува во Серија Б, каде бил во состојба да одигра повеќе натпревари во континуитет во првиот тим, добивајќи ја довербата и на двајцата тренери Атѕори прво, а потоа и од Јакини. Сезоната ја завршил со 29 настапи во првенството и 4 во плеј-офот за промоција, кој бил освоен од страна на Самп.
Следната сезона со доаѓањето на Чиро Ферара како тренер е преместен поназад во средниот ред како отпорен халф[7], позиција која исто така била потврдена и од страна на следниот тренер Делио Роси. На 27 јануари 2013 Обианг го постигнал својот прв гол во кариерата во Серија А во натпреварот во кој Сампдорија ја прегазила Пескара со 6-0. На 6 март 2013 го обновил својот договор со Сампдорија сега со траење до 30 јуни 2017.[8]. Својата прва сезона како стартер во Серија А ја завршил со 34 настапи и 1 гол.
Следната сезона Обианг станува главен плејмејкер на екипата на Сампдорија, но поради лошите резултати на клубот Делио Роси е сменет од тренерската функција и на негово место дошол Синиша Михајловиќ, кој во својата 4-2-3-1 формација одлучил Обианг да го врати на старото место во тимот како отпорен халф.
Вест Хем Јунајтед
уредиНа 10 јуни 2015, Обианг потпишал четири годишен договор со Вест Хем Јунајтед за необјавена трансфер сума.[9]
Надворешни врски
уреди- Сампдорија профил (италијански)
- Педро Обианг soccerway
- Профил на gazzetta.it
- Football Italia
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Алесио Де Ронч (2010). „«Хобито на Педро: го чита Дел Пјеро, го слуша Касано»“. La Gazzetta dello Sport. стр. 9. Посетено на 4 октомври 2010.
- ↑ Il Secolo XIX, уред. (31 октомври 2011). „Обианг, срце во средината“. Архивирано од изворникот на 2012-04-01. Посетено на 2014-01-21.
- ↑ „Форнароли: «Каква двојка се со Касано»“. Corriere dello Sport - Stadio. 2008. Посетено на 3 октомври 2010.[мртва врска]
- ↑ Емоции на Олимпико: Јувентус и Сампдорија завршија 3-3 Sampdoria.it
- ↑ САМП, Гаспарин : "Марилунго и Обианг потпишаа за пет години" Tuttomercatoweb.com
- ↑ Кабат ја замрзна Сампдорија Архивирано на 23 јануари 2011 г. it.uefa.com
- ↑ „«Јас сум човек на желби»“. Архивирано од изворникот на 2014-06-27. Посетено на 2014-01-21.
- ↑ „Едер, Ненад и Педро : добрите момци во иднината на Сампдорија“. Архивирано од изворникот на 2014-01-15. Посетено на 2014-01-21.
- ↑ „Hammers obtain Obiang“. Www.whufc.com. Посетено на 10 June 2015.