Педро Жеромел
Педро Тонон Жеромел (роден на 27 мај 1985) — бразилски фудбалер, играч од одбраната на Гремио и на бразилската репрезентација.
Педро Жеромел | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Педро Тонон Жеромел | ||
Роден на | 21 септември 1985 | ||
Роден во | Саун Пауло, Бразил | ||
Држава | Бразил | ||
Висина | м | 1,90||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Гремио | ||
Број | 3 | ||
Младинска кариера | |||
Португеза | |||
Палмеирас | |||
Шавеш | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2004-2005 | Шавеш | 15 | (0) |
2005-2008 | Виторија Гимараеш | 67 | (1) |
2008-2013 | Келн | 116 | (4) |
2012-2013 | → Мајорка | 38 | (1) |
2014- | Гремио | 169 | (9) |
Репрезентација ‡ | |||
2017- | Бразил | 2 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Клупска кариера
уредиПочетоци, Чавес и Виторија Гимараеш
уредиРоден во Саун Пауло, Жеромел ја започнал својата фудбалска кариера во младинските категории на Португеза во јули 1996 година, на возраст од 10 години, останувајќи таму до јули 1999 година. Неговиот втор младински клуб бил Палмеирас, каде што станал професионалец Б. На 1 јануари 2004 година Педро Жеромел бил ангажиран од страна на португалскиот второлигаш Деспортиво де Чавес, на возраст од 18 години. Меѓутоа, тој останал во младинскиот тим на клубот од Португалија во 2004 година додека не добил шанса конечно да заигра за првиот тим.
Во 2005 година тој добил можност да заигра за првиот тим на Чавес, и станал стартер и еден од најважните играчи на клубот, добивајќи голема озлогласност и покрај својата младост, како резултат на добрите остварувања во натпреварите од Втората лига на Португалија.
На 1 јули 2005 година, тој бил ангажиран од страна на Виторија Гимараеш со што добил можност да се натпреварува во највисоката фудбалска лига на Португалија, Примеира лигата. Веќе во првите години во клубот тој станал стандарден првотимец и во неколку наврати бил сметан за еден од најдобрите одбранбени играчи во Примеира лигата. Тој останал во клубот 3 сезони и во тој период бил еден од најдобрите играчи на својата позиција во Португалија. Во сезоната 2007-2008, во една онлајн анкета бил избран за најдобар играч на Примеира лигата победувајќи ги Лисандро Лопес и Лучо Гонсалес од Порто.
Келн и Мајорка
уредиНа 30 јуни 2008 Жеромел се преселил во Бундеслигата, потпишувајќи четиригодишен договор со ново промовираниот член Келн. Во првата сезона во клубот тој му помогнал на Келн да избори опстанок во Бундслигата играјќи во 32 натпревари на кој постигнал еден гол во победата со 2-1 на домашен терен над Хановер. Тој останал стартер и еден од најдобрите играчи на клубот и во следните три сезони. По одличната прва сезона во летото 2009 година му продолжен договорот со Келн до 2014 година. На 25 јули 2011 година, Жеромел бил избран од главниот тренер Стале Солбакен да биде капитен на клубот, бидејќи тој бил во согласност со Солбакен во центарот на тимот и го отелотворувал целокупниот спортски концепт на Келн. На 17 септември тој заработил повреда на латералниот менискус во победата со 4-1 во дербито против Бајер Леверкузен, поради што морал да биде подложен на операција и бил надвор од акција за седум недели. Тој се вратил во игра за натпреварот против Вердер Бремен на 5 ноември 2011.
На 23 август 2012, Жеромел се преселил на четиригодишен заем во шпанската Мајорка. Својот прв гол за шпанскиот клуб го постигнал во натпреварот против Осасуна за израмнување на 1-1 во 91-вата минута што подоцна било и конечен резултат на тој натпревар. Во првата сезона тој одиграл 30 натпревари и постигнал еден гол во Ла Лига, но на крајот на сезоната екипата од Балеарските Острови испаднала од лигата. Жеромел останал во Мајорка и следната сезона во Сегунда Дивисион, но во декември 2013 решил да го раскине договорот и да се врати во Гремио во својата родна земја.
Гремио
уредиНа 1 јануари 2014 година, Жеромел бил позајмен на Гремио од Порто Алегре.[1][2] На 30 декември 2014 година, Гремио ја искористил опцијата да го откупи договорот на играчот, потпишувајќи со Жеромел до 2019 година.
Репрезентативна кариера
уредиНа 27 август 2016 година, Жеромел бил повикан во бразилската репрезентација за првпат од селекторот Тите, заменувајќи го повредениот Родриго Каио.[3] Својот прв настап за кариоките Жеромел го имал на 25 јануари, кога го одиграл сите 90 минути во пријателскиот натпревар против Колумбија што Бразил го добил со 1-0.[4][5]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиХронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
25-1-2017 | Рио де Жанеиро | Бразил | 1 – 0 | Колумбија | Пријателска | - | ||
23-3-2018 | Москва | Русија | 0 – 3 | Бразил | Пријателска | - | 86' | |
Вкупно | Настапи | 2 | Голови | 0 |
Титули
уредиГремио
уреди- Куп на Бразил (1) : 2016
- Копа Либертадорес (1) : 2017
- Рекопа Судамерикана (1) : 2018
Наводи
уреди- ↑ „Wechsel von Pedro Geromel“. Архивирано од изворникот на 2014-10-25. Посетено на 2018-03-14.
- ↑ „ZAGUEIRO PEDRO GEROMEL É APRESENTADO NO OLÍMPICO“. Архивирано од изворникот на 2013-12-27. Посетено на 2018-03-14.
- ↑ „Rodrigo Caio se lesiona e é cortado da seleção brasileira; Geromel é convocado“ [Rodrigo Caio suffers injury and is cut from Brazil national team; Geromel is called] (португалски). ESPN Brasil. 27 August 2016. Посетено на 27 August 2016.
- ↑ „Com gol de Dudu, Brasil vence Jogo da Amizade contra Colômbia“ [With Dudu goal, Brazil wins Friendship Match against Colombia] (португалски). ESPN Brasil. 25 January 2017. Посетено на 27 April 2017.
- ↑ „A Seleção tem lugar para qual dos convocados para o Jogo da Amizade?“ [Which of the called up for Friendship Match belong in the Seleção?] (португалски). Yahoo! Esportes. 26 January 2017. Посетено на 27 April 2017.