Абдурахман Алити
Абдурахман Алити (албански: Abdurahman Aliti, Желино, Тетовско, 1945 - Тетово, 27 јуни 2013) — македонски политичар, пратеник, правник и амбасадор на Македонија во Република Бугарија[1].
Животопис
уредиАлити е роден во тетовското село Желино во 1945 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1969 година. Се вработил во Градскиот совет и подолго време останал на работа во Собранието на Општината во Тетово (1969 - 1988). Како претседател на Комитетот за здравство и социјална политика, поради залагање за поголеми политички права на Албанците во СРМ, бил отпуштен од работа. Бил водач на ПДП[2] во времето кога беше водечка партија на Албанците во Македонија. На првите демократски парламентарни избори беше избран за член на Парламентот во 1991 година[3]. Како пратеник на ПДП од вторите парламентарни избори (1994), заедно со Тито Петковски од СДСМ и Киро Поповски од СП, бил избран за заменик-претседател во Парламентот. По долго и тешко боледување, починал во Тетово на 27 јуни 2013 година.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Абдурахман Алити нов амбасадор на РМ во Бугарија“. А1. 30 јуни 2005. Посетено на 2009-10-30.
- ↑ „ЦЕНТРАЛНО СОБРАНИЕ НА ПАРТИЈАТА ЗА ДЕМОКРАТСКИ ПРОСПЕРИТЕТ Абдурахман Алити нов водач на ПДП“. Дневник. 18 март 2006. Посетено на 2009-10-30.
- ↑ „АБДУРАХМАН АЛИТИ“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-10-30.
- ↑ „Почина Абдурахман Алити (Утрински Весник)“. Архивирано од изворникот на 2013-06-29. Посетено на 2013-06-27.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |