Партија за демократски просперитет

Партијата за демократски просперитет (ПДП) (албански: Partia për prosperitet demokratik) — политичка партија на етничките Албанци во Република Македонија. Основана е на 15 април 1990.

Партија за демократски просперитет
ВодачАбдулади Вејсели
Основана15 април 1990
Распуштена2017
ИдеологијаЗаштита на правата на Албанците
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Резултати од парламентарни избори

уреди
Година на избори Водач Број на гласови % на гласови Број на мандати +/– Влада
1990 Абдулади Вејсели
17 / 120
Техничка влада
1994 Абдулади Вејсели
10 / 120
7 СДСМ-ПДП
1998 Абдулади Вејсели
10 / 120
0 Опозиција
2002 Абдулади Вејсели 26,853 2.25
2 / 120
8 СДСМ-ДУИ-ПДП
2006 Абдулади Вејсели ДУИ
3 / 120
1 Влада
2008 Абдулади Вејсели 7,213 0.73
0 / 120
3
2011 Абдулади Вејсели 277 0.02
0 / 123
0 Опозиција
2014 Абдулади Вејсели 385 0.03
0 / 123
0 Опозиција
2016 Абдулади Вејсели 1.143 0.10
0 / 120
0

Историја

уреди

Од 1992 до 1998 ПДП е дел од коалиционите влади предводени од СДСМ. По парламентарните избори од 1998 година, ПДП преминува во опозиција и оттогаш поддршката за ПДП почнува драстично да опаѓа. Некогашната најсилна партија кај етничките Албанци во Република Македонија, на парламентарните избори во 2002 година освоила само 2,3% од гласовите и само два мандати во Собранието.[1] На парламентарните избори 2006 година настапила во коалиција со Демократската унија за интеграција и освоила три мандати.[2] По изборите ПДП била во опозиција, но во мај 2007 година партиското раководство одлучило да ја прифати понудата на тогашниот новоизбран премиер Никола Груевски да влезе во владината коалиција, добивајќи го министерството за локална самоуправа. На следните парламентарни избори, партијата настапила самостојно и ги загубила трите пратенички места.

Партијата подоцна настапила самостојно на парламентарните избори во 2011, 2014 и 2016 притоа не освојувајќи ниеден мандат.[3][4][5] Претседател на ПДП е Абдулади Вејсели, а негови претходници биле: Невзат Халили, Абдурахман Алити и Имер Имери. Партијата згаснала во 2017, а членството преминало во Беса и Алијанса за Албанците.[6]

Претседателски избори

уреди

Партијата имала еден кандидат за претседател на Македонија, тогашниот водач на партијата, Мухамед Халили кој на претседателските избори во 1999 година освоил 45.731 гласови или 4,4% од вкупниот број на гласови. Халили не успеал да се квалификува во вториот круг од изборите.

Наводи

уреди