Параклис „Св. Ѓорѓи“ - Беловодица
параклис во близина на селото Беловодица
Свети Ѓорѓи — параклис во близина на селото Беловодица. Сместен е непосредно покрај магистралниот пат Прилеп-Градско, на местото каде што се исклучува патот кој води кон селото.[1]
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на параклисот | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Плетварско-беловодичка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°21′45.1″N 21°41′45.6″E / 41.362528° СГШ; 21.696000° ИГД |
Место | Беловодица |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Георги |
Осветување | 9 декември 1999 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиПараклисот бил изграден по иницијатива на семејството Гулески од Прилеп, што е наведено во посветата насликана на еден од внатрешните ѕидови. Тој бил осветен на 9 декември 1999 година од страна на протереј-ставрофорот Петре Ристески со благослов на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.[1]
Архитектура
уредиПараклисот има правоаголна основа, изграден е од камени тули и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста е живописана, а меѓу фреските се издвојуваат оние на Исус, Свети Ѓорѓи, Богородица со Исус и Света Петка.
Галерија
уреди-
Јужната страна на параклисот
-
Внатрешноста со живописот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Параклис „Свети Георгиј“, село Беловодица“. OldPrilep. 2 октомври 2016.
Надворешни врски
уреди- Параклис „Св. Ѓорѓи“ - Беловодица на Ризницата ?