Ѕвегорски манастир

манастир во селото Ѕвегор

Ѕвегорски манастирманастир во областа Пијанец, во источниот дел на Македонија. Манастирот се наоѓа на западните падини на планината Влаина, по течението на реката Ѕвегор, покрај магистралниот пат кој води кон границата со Бугарија.

Ѕвегорски манастир
Манастирскиот конак
Информации
Целосно имеЅвегорски манастир
Други имињаМанастир „Св. Илија“
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан1991
Посветен наСвети Илија
ЕпархијаБрегалничка
ЦрквиЦрква „Св. Илија“
Личности
Место
Местово близина на Ѕвегор, Општина Делчево Македонија Македонија
Координати41°58′36.5″N 22°49′18″E / 41.976806° СГШ; 22.82167° ИГД / 41.976806; 22.82167
Видливи остатоцицрква, конак, параклис
Отворен за јавностада
Други информации(Ѕвегорска парохија)

Историја

уреди

Манастирот е изграден во 1991 година, кога била завршена и осветена манастирската црква.[1]

Градби

уреди

Во склоп на манастирот влегуваат црква, параклис и конак. Во дворот на манастирот има долга празнична маса, фонтана, како и камен крст. Конакот е изграден од камен и е на два ката, од кои на вториот има голема тераса. На неговиот преден ѕид има мозаик на кој е прикажана картата на Обединета Македонија. Параклисот е сместен на височинка над манастирот, а во него има слика на Свети Георги и молитва.

Црква „Св. Илија“

уреди

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 2 август 1990 година, а истата била изградена следната година и осветена на 15 септември 1991 година од страна на тогашниот Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Храмот не е зографисан.[1]

Галерија

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди