Панде Мазнејков

македонски револуционер

Панде Георгиев Мазнејков — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис

уреди

Панде Мазнејков е роден во или околу 1871 година[1] во градот Струмица, тогаш во Османлиската империја. Во Македонската револуционерна организација се приклучува во 1898 година. Од 1903 година е член на револуционерниот комитет во градот Струмица. Во 1903 година како дел од четата на неговиот брат Коста Мазнејков учествува во судири на планината Смрдеш. Во 1905 година е делегат на струмичкиот конгрес на ВМОРО. Истата година убиството на Иван Тодев во струмичкото село Едрениково предизвикува афера во која Панде е уапсен и осуден на 101 година затвор во Еди-куле. Дел отслужува во Адена-кале. Во јули 1908 година, по Младотурската револуција, е амнестиран. Откако излегува од затвор продолжува со револуционерна дејност. Во 1911 и 1912 година е претседател на револуционерниот комитет во струмичкото градско маало Чифлиг. Во Балканските војни учествува во Македонско-одринското ополчение како дел од втората одделна партизанска чета на Христо Чернопеев.[2] Носител е на два ордени. На 27 февруари 1943 година, како жител на струмичкото село Градошорци, тогаш во Царството Бугарија, поднесува молба за народна пензија, која е одобрена.[3]

Родословие

уреди
 
 
 
 
 
 
 
 
Георги Мазнејков
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Панде Мазнејков
(1871 – по 1943)
 
Коста Мазнејков
(1882 – 1903)
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Христо Мазнејков
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Димитар Мазнејков
(1926 – 2011)
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Христо Мазнејков
(р. 1956)
 
 


Наводи

уреди
  1. Според молбата за народна пензија, на 27 февруари 1943 година е на 72-годишна возраст.
  2. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 164. ISBN 954-9800-52-0.
  3. Пеловски, Филип. Македоно-одрински свидетелства. Регистър на участниците в освободителните борби в Македония, Тракия и Добруджа, получили български народни пенсии през 1943 г. Т. I. Дел II. София, Библиотека Струмски, 2021. ISBN 978-619-92088. с. 47.