Авионска несреќа на Палер Македонија
На 5 март 1993 се урна авионот на македонската авиокомпанија - Палер МК, од типот фокер 100, веднаш по полетувањето од Скопскиот аеродром. Се урнал на 400 м. од пистата.
Авионот Фокер 100 две недели пред несреќата | |
Сумирани податоци за несреќата | |
---|---|
Датум | 5 март 1993 |
Место | близу Скопје, Македонија |
Патници | 92 |
Екипаж | 5 |
Жртви | 83 |
Повредени (нефатално) | 14 |
Преживеани | 14 |
Тип на авионот | Фокер 100 |
Оператор | Палер Македонија |
Регистрација | PH-KXL |
Полетал од | Аеродром Скопје, Скопје, Македонија |
Дестинација | Аеродром Цирих, Цирих, Швајцарија |
Вкупно 83 луѓе, од кои 79 патници и 4 членови на екипажот загинале, додека 14 луѓе преживеале. Во времето на несреќата, таа била најфаталната авионска несреќа во Македонија. Неколку месеци подоцна се случила уште една авионска несреќа, со поголем смртен исход, кога Јаковлев Јак-42 се урна близу Охрид.