Палеохор (грчки: Σταυρός, Ставрос, до 1957. година Παλαιοχώριον, Палеохорион) — село во Грција, општина Гребен, област Западна Македонија со 52 жители (2011).

Палеохор
Σταυρός
Палеохор is located in Грција
Палеохор
Палеохор
Местоположба во областа
Палеохор во рамките на Гребен (општина)
Палеохор
Местоположба на Палеохор во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 40°0′N 21°19′E / 40.000° СГШ; 21.317° ИГД / 40.000; 21.317
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Општ. единицаТеодорос Зјакас
Надм. вис.&10000000000000760000000760 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно52
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Југозападно од Гребен и помалку од 4 километри југозападно од Мавран, на надморска височина од 738 метри е сместено малото село Палеохор.[2]

Историја

уреди

Во минатото неговото население било мешано. Васил К’нчов го спомнува со 76 Грци муслимани и 100 Грци христијани. Во пописот од 1913 година е евидентирано со 104, а во 1920 со 130 жители. Изгледа дека муслиманското од поодамна го напуштило селото, а во него не биле доселени бегалски семејства. Така селото останало со чисто грчко население. Како такво е евидентирано во пописот од 1928 година со 138 жители. Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.[2]

Пописи

уреди
  • 1940 - 172 жители
  • 1951 - 116 жители
  • 1961 - 140 жители
  • 1971 - 114 жители
  • 1981 - 104 жители
  • 1991 - 70 жители

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Христов Симовски 1998, стр. 125.

Извори

уреди
  • Христов Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје.