Палеохори (Урумлак)
Палеохори (грчки: Παλαιοχώρι, книжевно: Παλαιοχώριον, Палеохорион; буквално Старо Село) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Палеохори Παλαιοχώρι | |
---|---|
Координати: 40°38′N 22°29′E / 40.633° СГШ; 22.483° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Гида |
Надм. вис. | 9 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Денес, селото претставува дел од селото Љановер.
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на четири километри источно од градот Гида и два километри западно од селото Љановер, на надморска височина од само 9 метри.[1]
Сместено е во областа Урумлак, на јужниот брег на некогашното Ениџевардарско Езеро.
Историја
уредиСелото уште од порано време било населено со грчко население.[1]
По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Палеохори претставувало мешана населба со 18 бегалски семејства со вкупно 75 жители.[2]
Со указ од 5 декември 1946 година, Палеохори била одвоено од општината Гида и заедно со Љановер ја создало самостојната општина Љановер. Селото повеќе не се појавувало како самостојна населба од 1961 година и е припоено кон Љановер.[3]
Стопанство
уредиНаселението произведувало многу памук, шеќерна репка и други земјоделски производи.[1]
Население
уредиВо 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Палихор живееле 370 Грци христијани.[1][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Палихор (Palihor) живееле 300 Грци и работело грчко училиште.[5]
Со пописот од 1913 година било забележано со 252, а во 1920 година со 260 жители. Во 1928 година имало 349 жители, меѓу кои 18 бегалски семејства со вкупно 75 жители. Во 1940 година биле попишани 645, а во 1951 година 767 жители. Во подоцнежните пописи селото повеќе не се споменува, бидејќи се сметало како дел од соседното село Љановер, во чиј состав биле пресметани и жителите од ова село.[1]
Самоуправа и политика
уредиДенес, претставува дел од селото Љановер.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 22–23.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Страница на поранешната општина Плати“. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 2016-03-10.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 141.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 220-221.