Ојмјакон

село во Русија

Ојмјакон (руски: Оймякон, јакутски: Өймөкөөн) — село во Јакутија, Русија. Се наоѓа на левиот брег на реката Индигирка. Името на селото означува „вода што не замрзнува“ и потекнува од тоа што крај него има топол извор.

Ојмјакон
Оймякон
Село
Други транскр.
 • јакутскиӨймөкөөн
Шума во близина на Ојмјакон
Шума во близина на Ојмјакон
ДржаваРусија
Федерален субјектЈакутија
РеонОјмјаконски реон
Надм. вис.&10000000000000745000000745 м
Население
 • проц. од (2011)500
Час. појас[1] (UTC+10)
Поштенски бр.[2]678752
Повик. број.+7 41154

Географија

уреди

Селото се наоѓа во источниот дел на Јакутија и брои 500 жители (2011). Ојмјакон се наоѓа блиску до поларникот и времетраењето на денот варира од 3 часа преку декември до 21 часа во текот на краткото сибирско лето, кога ноќите се „бели“ и е светло речиси преку целото деноноќие. Селото се наоѓа на околу 750 м надморска висина.

Клима

уреди

Ојмјакон е најстуденото населено место на Земјата и затоа го носи името „Северен Пол на студот“. Најниската измерена температура изнесува -68°С во метеоролошката станица Томтор во 1933 г. Според неофицијални извори, температурата во селото паднала и до -82 °C во 1916 г. Другиот претендент за најниска измерена температура е јакутскиот град Верхојанск, којшто се наоѓа зад поларникот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Об исчислении времени“. Официальный интернет-портал правовой информации. 3 јуни 2011. Посетено на 19 January 2019.
  2. Почта России. Информационно-вычислительный центр ОАСУ РПО. (Russian Post). Поиск объектов почтовой связи (Postal Objects Search) (на руски)

Надворешни врски

уреди