Локма
Локма (или локумадес, или медени крофнички) — печива направени од потквасено тесто кое се пржи целосно потопено во масло, а потоа се потопува во сируп или мед. Понекогаш се поросува со цимет или други состојки. Јадењето е опишано уште во 13 век од ал-Багдади како лукмат ал-кади (арапски: لقمة القاضي ), а се преведува како „залак на судијата“.[1][2][3]
Други имиња | лукма, локумадес, медени крофнички, |
---|---|
Вид | Пржени крофни |
Дел од оброкот | десерт |
Главни состојки | Потквасено тесто, масло; шербет или мед |
Варијанти | залабја, аваме, бртлак, буњуело |
Историја
уредиРецептот за Лукмат ал-Кади, датира од раниот среден век и од Абасидскиот Калифат од 13 век, и се споменува во неколку книги за готвење од тоа време. Тестото се пржи во масло и потоа се потопува во мед или шербет со розова вода. Се споменува и во Илјада и една ноќ, во приказната Амалот и трите багдадски дами.[1][3] Ибн Батута (арапски патописец и истражувач) го опишува ова јадење како Лукајмат ал-Кади, а го вкусил на вечера во Мултан, за време на неговите патувања во средновековна Индија, при што домаќините го нарекувале ал-Хашими.[3]
Подготовка
уредиТестото прво се потквасува и му се додаваат другите состојки (една кафена лажичка шеќер, една кафена лажица мед, половина кафена лажица сол), и се остава да скисне и да се крене околу половина час. Откако тестото ќе стаса, се формираат мали топчиња кои се пржат во загреано масло. Испржените локми се ставаат на плех и се преливаат со шербет. Може да се прелијат и со мед, шеќер во прав, цимет или мелени ореви. Се служат по неколку часа, откако ќе го впијат шербетот.[4]
Традиционално, тестото се потквасувало со квасец, но денешните варијации понекогаш користат прашок за печиво.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Davidson, Alan (21 August 2014). The Oxford Companion to Food. Oxford University Press. стр. 424–425. ISBN 9780191040726 – преку Google Books.
- ↑ Charles Perry, A Baghdad Cookery Book, 2006. ISBN 1-903018-42-0
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Salloum, Habeeb (25 June 2013). Sweet Delights from a Thousand and One Nights: The Story of Traditional Arab Sweets. I.B.Tauris. стр. 49–52. ISBN 9780857733412 – преку Google Books.
- ↑ „Оригинален рецепт за локумадес“. reporter.mk. 27.02.2019. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Kalla, Joudie (17 September 2019). Palestine on a Plate: Memories from My Mother's Kitchen. White Lion Publishing. ISBN 978-0-7112-4528-0 – преку Google Books.