Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 1976
Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 1976 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоиле медали. Најуспешна нација на игрите била репрезентацијата на Советскиот Сојуз, која освоила 13 златни од вкупно 27 медали.
Список по земји
уредиСписокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.
Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | СССР (1976) | 13 | 6 | 8 | 27 |
2 | Источна Германија (1976) | 7 | 5 | 7 | 19 |
3 | САД (1976) | 3 | 3 | 4 | 10 |
4 | Норвешка (1976) | 3 | 3 | 1 | 7 |
5 | Западна Германија (1976) | 2 | 5 | 3 | 10 |
6 | Финска (1976) | 2 | 4 | 1 | 7 |
7 | Австрија (1976) | 2 | 2 | 2 | 6 |
8 | Швајцарија (1976) | 1 | 3 | 1 | 5 |
9 | Холандија (1976) | 1 | 2 | 3 | 6 |
10 | Италија (1976) | 1 | 2 | 1 | 4 |
11 | Канада (1976) | 1 | 1 | 1 | 3 |
12 | Велика Британија (1976) | 1 | 0 | 0 | 1 |
13 | Чехословачка (1976) | 0 | 1 | 0 | 1 |
14 | Лихтенштајн (1976) | 0 | 0 | 2 | 2 |
14 | Шведска (1976) | 0 | 0 | 2 | 2 |
16 | Франција (1976) | 0 | 0 | 1 | 1 |
Вкупно | 37 | 37 | 37 | 111 |