Освалд Евери

(Пренасочено од Освалд Евори)

Освалд Теодор Евери (англиски: Oswald Theodore Avery; 21 октомври 18772 февруари 1955) бил американски молекуларен биолог, имунолог и лекар. Значителен дел од кариерата на Освалд Евери е сврзана со болницата на Универзитетот Рокфелер во Њујорк. Евери е познат како еден од соавторите на експериментот на Евери, Меклаод и Меккарти, кој во 1944 година, заедно со Колин Меклаод и Маклин Маккарти покажал дека самата ДНК е носител на генетската информација.

Освалд Евори во 1937 година.

Нобеловецот Арне Тизелиус во 2003 година изјавил дека Евери е еден од најдостојните научници кои не добиле Нобелова награда за своите истражувања.[1]

По Освалд Евери е именуван еден кратер на Месечината.

Животопис

уреди

Евери е роден на 21 октомври 1877 година во Халифакс (Канада).

Учел во New York Male Grammar School, потоа во Colgate Academy, а подоцна и во Colgate University. Евери избрал медицинска кариера во Колеџот на лекари и хирурзи на Колумбискиот универзитет во Њујорк, и добил медицински степер во 1904 година.

на 1 август 1918 година добил државјанство на САД. Од 1923 до 1948 година работел во Институтот Рокфелер.[2] Умира од рак на панкреасот во 1955 година.[3]

Наводи

уреди
  1. Judson, Horace (2003-10-20). „No Nobel Prize for Whining“. New York Times. Посетено на 2007-08-03. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  2. Barry, John M. (2004). The Great Influenza: The Epic Story of the Greatest Plague in History. Viking Penguin. ISBN 0-670-89473-7.
  3. Lehrer, Steven. Explorers of the Body. 2nd edition. iuniverse 2000 p63

Надворешни врски

уреди