Династија Обреновиќи
Обреновиќ (српски: Обреновићи) биле српска владетелска династија во периодот помеѓу 1815-1903, со исклучок на 1842-1858 година. Според едно предание, предците на Обреновиќи се доселиле од Бањани во Брусница во 1700 година, а потекнувале од Копривица.
Династија Обреновиќи | |
---|---|
Претходна династија | Мартиновиќ, Орловиќ |
Земја | Србија |
Прпадност | Срби |
Основана | 1815 |
Основач | Милош Обреновиќ I |
Тековен владетел | изумрени |
Последен владетел | Александар Обреновиќ |
Титули | кнез, крал |
Имот | Србија |
Распад | 1903 |
Нејзин основач бил кнезот Милош Обреновиќ, водач на Второто српско востание, а последен владетел од оваа династија бил Александар Обреновиќ. Во текот на владеењето на династијата Обреновиќи, Србија се стекнала со независност за време на Берлинскиот конгрес, а во март 1882 година било прогласено Кралството Србија.
Освен владетелите, значајни членови на династијата се и нивни сопруги се: кнегињите Љубица и Јулија, кралиците Наталија и Драга, потоа браќата на кнезот Милош - Јован и Јеврем Обреновиќ, како и војводата Милан Обреновиќ. Меѓу познатите членови на оваа династија се вбројува и Велимир Михаило Теодоровиќ, вонбрачен син на кнезот Михаило.
Владетели
уреди- кнез Милош Обреновиќ I, 1815-1839, 1858-1860
- кнез Милан Обреновиќ II, јуни-јули 1839
- кнез Михајло Обреновиќ III, 1839-1842, 1860-1868
- кнез Милан Обреновиќ IV, 1868-1889, како крал владее од 1882 година под името Милан I Обреновиќ
- крал Александар Обреновиќ, 1889-1903
-
Милош Обреновиќ I -
Милан Обреновиќ II -
Михаило Обреновиќ III -
Милан Обреновиќ IV -
Александар I Обреновиќ
Семејно дрво
уредиСемејното дрво на Обреновиќи започнува со Обрен Мартиновиќ (?-1777) и Вишња (?-1817), од фамилијата Урошевиќ или Гојковиќ, тие својот брак го склучиле во 1765 година и имале двајца сина и една ќерка: Јаков, Милан и Стана. Обрен бил од Брусница, а Вишња од Долна Трепча. По смрта на Обрен, Вишња се омажила за Теодор Михајловиќ од Горна Добриња, а со него ги имала синовите Милош (идниот кнез), Јован и Јеврем. Подоцна, Јаков и Милан ја повикале својата мајка во Брусница со децата од својот втор брак. Милош, Јован и Јеврем го прифатиле презимето на своите полубраќа - Обреновиќ, меѓутоа го додале и презимето на својот татко - Тодоровиќ.
Тодор Михајловиќ е закопан во Горна Добриња во црквата св. Петар и Павле која била изградена од кнезот Милош на местото на постара црква [1]. Јаков Обреновиќ со сопругата Ѓурѓија и Милан Обреновиќ со сопругата Стоја, се закопани во црквата св. Никола во Брусница.
- Јаков Обреновиќ (1767-1817). )Оженет со Ѓурѓа (?-1847) [2]
- Самуил Јаковљевиќ (?-1824), архимандрит каленички
- Петар Јаковљевиќ (загинал 1812. - без потомци)
- Ѓорѓе Јаковљевиќ
- Мирјана, омажена за Стевче Михаиловиќ, имале три ќерки
- Ружа
- Димитра (1818-1878), омажена за Трифун Новаковиќ во Брусница [4][5]
- Михаило Новаковиќ (1849-1929)
- Милорад Новаковиќ (1901-1967)
- Милутин Новаковиќ (1925-)
- Милорад Новаковиќ (1901-1967)
- Михаило Новаковиќ (1849-1929)
- Милан Обреновиќ (?-1810), војвода на рудничката нахија. Био оженет со Стоја (?-1813)
- Христифор Обреновиќ (?-1825)
- Стана Обреновиќ, омажена за Сава Николиќ во Добриње.
- Милош Теодоровиќ Обреновиќ (1780-1860), кнез на Србија. Бил оженет со Љубица Вукомановиќ (1788-1843).
- Петрија Обреновиќ (1808-1871), омажена во 1824 година за Теодор Бајиќ од Варадиј.
- Савка (Јелисавета) Обреновиќ (1814-1848), омажена во 1831 година за Јован Николиќ од Рудна (1810-1880).
- Милан Обреновиќ (1819-1839), кнез на Србија
- Михаило Обреновиќ (1823-1868), кнез на Србија. Бил оженет за Јулија Хуњади (1831-1919), грофица.
- Велимир Михаило Теодоровиќ (1849-1898), вонбрачен син на Михаило со Марија Бергхаус.
- Тодор Обреновиќ (умрел како дете)
- Марија Обреновиќ (умрела како дете)
- Габријела Обреновиќ (умрела како дете)
- Јован Теодоровиќ Обреновиќ (1787-1850), гувернер на рудничкиот и пожечкиот дистрикт. Бил оженет со Круна Михаиловиќ (?-1835), подоцна со Ана Јоксиќ (1818-1880).
- Обрен Обреновиќ (1818-1826)
- Јелисавета (Савка) Обреновиќ (1828-1834)
- Анастасија Обреновиќ (1839-1933), во 1858 година се омажила за Теодора Алексиќ (1825-1891)
- Ермила Обреновиќ (1844-1918), во 1860 година се омажила за Никола Чупиќ, подцна во 1867 година се омажила за Тихомир Тешу Николиќ (1832-1886)
- Јеврем Теодоровиќ Обреновиќ (1790-1856), обор-кнез на шабачката нахија. Бил оженет со Томанија Богичевиќ (1796-1881).
- Милош Јеврема Обреновиќ (1829-1861). Бил оженет со Елена Марија Катарџи (?-1879).
- Милан Обреновиќ (1854-1901), кнез и крал на Србија. Бил оженет со Наталија Кешко (1859-1941).
- Александар Обреновиќ (1876-1903), крал на Србија. Бил оженет за Драга Луњевица (1867-1903).
- Сергеј Обреновиќ (1878-1878)
- Ѓорѓе Обреновиќ (1889-?), вонбрачен син на кралот Милан и Артемиза Христиќ.[6]
- Стефан Обреновиќ
- Панта Обреновиќ (?-2002), основач и претседател на „Фонадцијата Обреновиќ“ во Париз.[7]
- Стефан Обреновиќ
- Томанија Обреновиќ (1852)
- Милан Обреновиќ (1854-1901), кнез и крал на Србија. Бил оженет со Наталија Кешко (1859-1941).
- Јелена (Јелка) Обреновиќ (1818-?), омажена во 1834 година за Константин Хадиј
- Симка Обреновиќ (1818-1837), омажена во 1834 година за Јанаќ Германи
- Анка Обреновиќ (1821-1868), омажена во 1842 година за Александар Константиновиќ
- Катерина Обреновиќ (1826-1848)
- Стана Обреновиќ (1828-1842)
- Милош Јеврема Обреновиќ (1829-1861). Бил оженет со Елена Марија Катарџи (?-1879).
Династијата Обреновиќи денес официјално нема машки потомци. Меѓутоа, постојат потомци на Јаков Обреновиќ по машка линија, тие во 1851 година го промениле своето презиме во Јаковлевиќ поради динстичкиот судир со Караѓорѓевиќите. Пред општинскиот суд во Горњи Милановац, Србољуб и Слободан Јаковлевиќ докажале дека се директни потомци по прва машка линија на Јаков Обреновиќ, братот на основачот на династијата [1].
Извори
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Милорад Бошњак, Слободан Јаковљевић: Обреновићи, сакривена историја, ЛИО, Горњи Милановац 2006, ISBN 86-83697-33-9
- ↑ „www.glas-javnosti.co.yu“. Arhiva.glas-javnosti.rs. Архивирано од изворникот на 2009-10-18. Посетено на 5 декември 2010.
- ↑ Milorad BOŠNJAK. „Nasleđe umesto krune | Aktuelno | Novosti“. Novosti.rs. Архивирано од изворникот на 2009-02-22. Посетено на 5 декември 2010.
- ↑ V. Ilić. „Sa krunom pred Miloša | Aktuelno | Novosti“. Novosti.rs. Посетено на 5 декември 2010.[мртва врска]
- ↑ „Pregled štampe - Seljak postao princ - Internet, Radio i TV stanica; najnovije vesti iz Srbije“. B92. Посетено на 5 декември 2010.
- ↑ „Obrenovic family“. Genealogy.euweb.cz. Посетено на 5 декември 2010.
- ↑ „Наслеђе уместо круне („Вечерње новости", 11. јануар 2003.)“. Архивирано од изворникот на 2009-02-22. Посетено на 2012-05-11.
Надворешни врски
уреди„Династија Обреновиќи“ на Ризницата ? |
- Историјска библиотека: Намерни заборав. Случај Обреновића
- Обреновићи, Видео материјал[мртва врска]
- Династија Обреновић, Знање.орг
- Обреновићи, Знање. орг
- Проглас о венчању Краља Александра Обреновића Архивирано на 14 февруари 2010 г.
- Обреновићи, Виртуелни маузолеј
- Обреновићи (тема на форуму)
- Обреновићи и њихов родослов[мртва врска]
- Прича о Обреновићима