Второ српско востание

Второто српско востание претставува востание кое било дигнато од страна на Србите против Османлиското Царство во 1815 година. На чело на востаниците застанал Милош Обреновиќ [1]. За разлика од Првото српско востание, ова востание довело до српска автономија во рамките на Османлиското Царство и воспоставување на Кнежевството Србија кое имало своја влада, со овој чин биле удрени темелите на модерна Србија.

Второ српско востание

Знаме од Второто српско востание
Датум 24 април 1815 - 26 јули 1817
Место Србија
Исход Формирање на автономно кнежевство Србија
Завојувани страни
Српски востаници Османлиско Царство Отоманско Царство
Команданти и водачи
Османлиско Царство Сулејман Паша Скопјанецот

Заднина

уреди
 
Милош Обреновиќ

По задушувањето на Првото српско востание т.н Српско прашање не било решено. Везирот Хусрид Паша прогласил амнестија за сите српски востаници. Еден месец подоцна именувал дванаесет оберкнеза во дванаесет нахии на Белградскиот пашалок. На османлиската власт се предале некои од водачите на Првото српско востание, меѓу нив имало војводи и кнезови: Глигорије Радоичиќ, Милош Обреновиќ, Лазар Мутап, Арсеније Лома, Милич Дринчиќ, Павле Пљакиќ и Станоје Главаш.

Во Белград била воспоставена власта на Сулејман Паша Скопјанецот, а главната сила на редовната османлиска армија го напуштила Белградскиот пашалок. Меѓутоа, состојбата била сложена со голем број на нерешени прашања, вклучително и најважното прашање - администрацијата. Србите сè уште биле вооружени и биле побројни од преостанатите османлиски сили. Првото српско востание оставило горчливо чувство меѓу христијаните и муслиманите, а на двете страни постоеле услови за појава инциденти, судири и злосторства.

Во почетокот српските првенци, меѓу кои бил и Милош Обреновиќ се обиделе да соработуваат со обновената османлиска власт. Кога во 1814 година избувнало т.н Хаџи-Проданова буна, Милош Обреновиќ се понудил да ја задуши под услов на учесниците во оваа локална буна да им се даде амнестија. Меѓутоа, Сулејман Паша Скопјанецот издал наредба за егзекутирање на некои од бунтовниците, а овој чин меѓу српското население предизвикал страв од можна масовна одмазда врз нив од страна на Османлиите. Убиствата извршени врз некои од учесниците од Хаџи-Продановата буна биле повод за започнување на нова борба на Србите против османлиската власт.

Востание

уреди

Таковско собрание

уреди
 
Споменик во чест на Второто српско востание во Таково

На 11 април 1815 година бил одржан голем народен собир [2], а меѓу нив биле и сите српски првенци од рудничката нахија и околните села. Народниот собир бил искористен како маска за разговорите на меѓу српските првенци за политичките односи со Османлиите. Отука, на 24 април се одржала средба на која било решено да се дигне ново востание против Османлиското Царство, а за водач бил избран Милош Обреновиќ. На оваа средба учествувале:

Милош Обреновиќ, Лазар Мутап од Пислоница, Никола Луњевиц од Луњевица, Милич Дринчиќ, Тодор Беља, Добрица Весковиќ од Теочин, Перица Н. Буљугбашијата од Миоковец, Дамјан Матовиќ-Крџа од Лочевец, Марко и Никола, браќата Ракиќ од Рудник, Милован Ломиќ од Драгоља, Васил Милојевиќ, Милич Брајовиќ и Лазар Васиљевиќ од Брезна, Радован Жижовиќ од Леушиќ, Тодор Јеремиќ и Благоје Н. од Прањан, Иван Шалавардиќ од Грабовица, Петар Гркот од Невада, Јован Лазиќ од Сврачковец, Танаско Михаиловиќ и Васо Поповиќ од Бершиќ, Прста Јанко Витомировиќ, Радојица Пауновиќ и Милован Топаловиќ од Таково, Јован Поњавиќ од Брусница, Никола Терзија од Синошевиќ, Милисав Корушчиќ од Рујчиќ, Радован Бајиќ од Браиќ, Марко Радосављевиќ од Клатичево, Сима Баралија од Шарана, Аксентије и Виќетније Чалуковиќ од Љеваје, Павле Штуле и Петар Штуле од Озрем, Марко Драшкиќ од Полома, Мали Радојиќ од Мојсиња, Петар Мали и Иван Петровиќ од Станчиќ и други. По донесувањето на одлуката за кревање на востание, Милош одржал говор во кој истакнал:
Слушнете браќа... машко и женско, кои и да сте што сте пристигнале денес. А оној кој денес не е овде, тој сигурно ќе слушне од вас, и секој добро да го разбере и запамти ова што денес ќе го проговорам за вас... и тоа дека на мене, сега, овде ми ветувате и веднаш ми давате полна власт и слободна воља да можам да заповедувам со секој од вас и да можам да го казнам секој кој нема да сака да ме послуша...

Борби

уреди

Вооружените борби против Османлиите траеле околу 4 месеци. Високата Порта против востаниците испратиле две војски, една од територијата на Царството, а друга од самиот Белградски пашалок. Востаниците го опседнале Чачак и во текот на четириесет дена го држеле под опсада. Милош Обреновиќ, опасадата ја доверил на својот брат Јован Обреновиќ, Милич Дриниќ и Јован Добрач, а со својата војска се упатил кон север и кај Палеж се судрил со Османлиите, во битката која се разврзала, востаниците постигнале победа и заплениле два османлиски топа.

По Битката кај Палеж, востаниците воспоставиле контакт со српската емиграција во Австроунгарија, а Во Србија се вратиле војводите Петар Николајевиќ Молер, Павле Цукиќ, Стојан Чупиќ, Сима Катиќ и Сима Ненадовиќ. По Битката кај Палеж, Мило со своите сили се упатил кон Валево, кое било држано под осада од страна на Павле Цукиќ. По пристигнувањето на Милош Обреновиќ, Валево било освоено. По падот на Валево, опсадата врз Чачак продолжила, а Османлиите извршиле напад врз востаниците кај Љубиќ, меѓутоа биле одбиени по што востаниците ја преминале Западна Морава и подигнале ровови на брегот.

По поразот кај Љубиќ, Високата порта испратила казнени единици од Ниш и Босна кон јужната и западната граница на Белградскиот пашалок, каде што востаничките сили биле концентрирани. Босанската војска била поразена кај Дубља, а Нишката војска претрпела пораз кај Љубиќ.

Крај

уреди
 
Србија по Второто српско востание

Борбите помеѓу двете страни го немале интензитетот како оној од Првото српско востание, меѓународната состојба била поволна за востаниците, походот на Наполеон Бонапарт доживеал неуспех, а постоела и можност од руска интервенција врз основа на членот 8 од Букурешкиот договор. Во Цариград, руските дипломатски претставници ја потикнувале Високата Порта да го спроведе членот 8. Портата решила да започне политика на смирување, по што Сулејман Паша Скопјанецот бил отстранет од функцијата белградски паша.

Веднаш потоа започнале преговори помеѓу српските претставниции везирот на Румелија, Маршали Али Паша. Во ноември 1815 година бил постигнат усмен договор, кој подоцна бил потврден со ферман од османлискиот султан. Во текот на преговорите, Милош Обреновиќ ги побарал и ги добил слични услови, оние што Високата Порта била подготвена да му ги гарантира на Караѓорѓе Петровиќ во текот на Првото српско востание.

Милош Обреновиќ бил признат како врховен водач на Србија. Во Белград требало да се формира национален кабинет составен од 12 угледни Срби, кои би имал функција на највисок суд во областа. Било предвидено собирањето на даноците и решавањето на локалните прашања да им се доверат на српските првенци. На Јаничарите им било забрането да поседуваат земја. На Србите им било дозволено да поседуваат оружје, им биле гарантирани трговски привилегии и целосна амнестија. Со одредбите од договорот, Србија била воспоставена како полуавтономна држава што тено била поврзана со Османлиското Царство.

Епилог

уреди

Со ферманот од 1830 година, османлиската централна власт на српското кнежевство му дало целосно автономен статус. Милош Обреновиќ бил признат за наследен кнез кој требало да владее заедно со собрание. Данокот требало да биде фиксен, а ниту еден муслиман не смеел да живее во Кнежевството Србија освен османлиските војници во шесте утврдувања што останале под контрола на Османлиите. Сите други муслимани требало да ги продадат своите имоти и да заминат. Прашањето за шесте окрузи било решено во 1833 година.

Извори

уреди
  1. Guy Gauthier, Les Aigles at les Lions, Histoire des monarchies balkaniques, Éditions France-Empire, 1996
  2. „Сабор у Такови и почетак устанка“. Архивирано од изворникот на 2010-02-17. Посетено на 2012-11-05.